post

Баланс помеѓу работата и приватниот живот

Баланс помеѓу работата и приватниот живот

Баланс помеѓу работата и приватниот живот

Секој бизнис бара повеќе работа се додека не стане независен во одреден степен од претприемачот. Балансот помеѓу работата и приватниот живот е нешто во што страдаат премногу претприемачи. Премногу време еден претприемач троши на планирање, генерирање на идеи, маркетинг, продажба, истражување и развој, финансии… Но, каде е тука еден претприемач? Која е неговата компензација за овие напори? Претприемачот има живот и пред и по започнување на бизнисот. Живее со неговото семејство. Го има неговото најголемо богатство – семејството и секако децата.

Најчесто поставуваните прашања кои доаѓаат во умот скоро на секој претприемач се за балансот помеѓу работата и приватниот живот. Тие се прашуваат себеси:

  • Како да го балансираат животот со работата?
  • Како да го балансираат домашниот живот со работата?
  • Како да се постигне баланс помежу работата и приватниот живот?
  • Како да ја балансираат работата со личниот живот?

Што претставува балнас на работата и приватниот живот?

Што е поважно бизнисот или семејството? Многу тешко прашање за еден претприемач.

Во наједноставна форма балансирање на работата и животот претставува менаџирање на работните или неработните аспекти или бизниси и небизнис аспекти на животот на еден претприемач. Како и да е, претприемачот работи за да обезбеди подобар живот за себе и своето семејство. Доколку треба да го дефинирам балансот помеѓу работата и приватниот живот би го кажал следново:

Баланс помеѓу работата иприватниот живот е концепт кој имплементира менаџирање на бизнис и не бизнис живот за да се постигнат оптималните работни часови кои ќе обезбедат за мене и моето семејство да имаме прекрасен живот надвор од бизнисот.

Понекогаш постои присутност на погрешен концепт помеѓу претприемачите кој вели дека тие мора да работат повеќе доколку сакаат да заработат повеќе. Во постот насловен како Повеќе работа, не значи повеќе завршена работа презентирав 4 важни фактори кои имаат влијание на продуктивноста. Доколку повеќе работни часови не е еднакво на повеќе завршена работа, тогаш повеќе работни часови исто така не е еднакво на поголема заработка.

Менаџирање на балансот на работата и животот

Менаџирање на балансот на работата и животот е нешто што може да го елиминира стресот и да го подобри севкупниот живот на еден претприемач. Ова значи дека вие како претприемач ќе мора да го менаџирате Вашето време, да ги планирате Вашите активности, да ги разберете приоритетите, знаете што ве задоволува…

  • Планирајте ги Вашите дневни, неделни, месечни и годишни бизнис и не бизнис активности. Вашиот план мора да се базира на бизнис и лични цели истовремено.
  • Контролирајте ги Вашите ветувања и постигнувања во однос на се што сте испланирале за бизнис и личен живот.
  • Организирајте ги бизнис и личните активности. Доколку не сте организиран претприемач нема да можете да постигнете квалитетен баланс помеѓу работата и животот.
  • Мотивирајте се себеси, Вашето семејство и Вашите вработени за да ја завршите работата која секој од Вас мора да ја заврши.

Неколку совети за постигнување на баланс

  1. Поделете го вашето вкупно време на време за работа и време за самите вас и вашето семејство.
  2. Креирајте листа на врвни приоритети.
  3. Не се замарајте со активности однизок приоритет.
  4. Користете тајмер и аларм кој ќе ве потсети да запрете со работата за денес.
  5. Користете ист планре на работни и неработни активности. Нека левата страна биде за работни активности, а десната страна за неработни активности.
  6. Направете распоред за следната недела. Можете да ги одговорите 10-те прашања кои треба да се прашате себеси пред започнување на следната недела.
  7. Делегирајте се што може да биде завршено од страна на другите.
  8. Ветувајте го само она што можете да го испорачате и за семејството и за Вашите клеинти/потрошувачи.
  9. Јасно дефинирајте што се очекува од Вас за Вашата компанија и Вашето семејство.
  10. Започнете да го слушате Вашето тело тоа најдобро знае што можете а што не.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Морам да кажам дека, иако со добри намери, текстот е малку „избеган“ на само една страна.
    Имено, приватниот живот на луѓето (а и претприемачите се луѓе, нели :)) не се состои само од поминување време со семејството.
    Каде се тука културните активности, времето потребно за проширување на знаењата, спортски-физички активности, забава …? Ми се чини малку преконзервативно да се гледа на семејството како на единствената фокусна точка на претприемачите. Животот е краток, дел од него мораме да трошиме и на самите себе. Ова не е себичност, ова е модерно живеење.
    Од друга страна, како што поминува времето, семејството по „природен пат“ се раздвојува — децата растат, си го наоѓаат сопствениот пат и контактите со родителите се сѐ поретки.
    Јас имам среќа да имам син кој е на прагот на полнолетноста и на прагот да „одлета“ од дома. Имам среќа да имам сопруга која има потполно разбирање за моето работење „до сабајле“ — сме постигнале некаква рамнотежа и хармонија.

    Исто така, не се согласувам со сите препораки, особено што некои од нив и не се многу применливи во нашите услови. Имено, 90% од македонските претпријатија се мали компании, а 90% од нив се микро-компании. Тоа значи најмногу тројца вработени.
    Тука нема многу место за „делегирање“, планирање и одбивање на купувачи. Особено во оваа состојба на „перманентна криза“, која трае веќе 20 години.
    Мојата компанија е стара скоро 22 години, и сеуште не смеам да си дозволам да одбијам купувач (или тоа се случува многу ретко). Пазарот е мал, купувачи со пари уште помалку, кризата постојана.
    Тоа, за жал, честопати значи „крадење“ од слободното време, па и времето за семејството. Сакале или не, тоа е реалноста кај повеќето македонски претприемачи. Се прашувам дали не е слично и во поголемиот дел од модерниот свет.

    И, за крај, (знам дека оддолжив), мојата работа за мене претставува врвен начин и можност да ги изразам своите способности, креативност и компетентност. Тоа ме исполнува и ми дава сила да продолжам.
    Не се откажувам така лесно од работењето!

    Сепак, ти благодарам на можноста и поттикот да размислувам на оваа тема.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Должината не е важна кога е интересна тема.

      Би сакал да се дообјаснам самиот себеси. Имено кога зборувам за приватен живот не мислам само на семејниот, туку и на личниот и на социјалниот живот на еден човек. Така да логично е дека ни се потребни и културни и спортски активности, и кафеана, и читање на книги… Сепак тоа ќе ни го каже нашето тело. Што е тоа што му е потребно.

      Кога станува збор за делегирање, една од основните елементи е да постои барем уште еден вработен. Сепак и во теоријата за менаџментот се вели дека менаџер е тој кој работи со луѓе и мора да има барем еден „подреден“ за да биде менаџер. А менаџер треба да делегира, а планирањето му е една од функциите на менаџментот. Дали треба да не им веруваме на нашите вработени па затоа да не делегираме некои активности? Ако е така, потребно е да си го преиспитаме системот за слеекција на вработени иако можеби тоа сме самите ние.

      Инаку и јас сум еден од оние кои работата ме исполнува без разлика што работам. Исполнувањето ми е завршената работа. Но, се чини дека грешам. Има поважни работи во животот.

Trackbacks

  1. […] инерција која може да го направи Вашиот претприемнички живот доста […]

Speak Your Mind

*