Бизнис совети 101: Твој водич за перфектно успешен бизнис

Креирај бизнис кој ќе обезбеди долгорочна успешност во иднина

Бизнис 101: Помош за вашите проблеми

Бизнис совети 101 е листа на знаења, совети и водичи за сите аспекти на вашиот бизнис. Едноставно се на едно место од започнување, планирање па се до успешно водење на вашиот бизнис. Проблеми постојат и секогаш ќе постојат во секој аспект на вашиот бизнис. Но, сепак проблемите се знак дека вашиот бизнис е жив, дека вашиот бизнис се подобрува и дека вашиот бизнис се развива. Но, проблемите може да бидат и фрустрирачки, при што можете да дојдете до состојба на нивно игнорирање со што директно ќе му наштетите на вашиот бизнис.

Целта на бизнис совети 101 е да ги лоцира најчестите проблеми и да ве води низ процесот на решавање и надминување

Пронајдете го делот во кој се наоѓа вашиот бизнис или пак во кој сметате дека сте слаби и следете ги упатствата од насловите кои се наведени во тој дел. На ваков начин избегнете ги фрустрирачките ситуациикои може да ви ги наметне вашиот сопствен бизнис. Нема промашување.

Бизнис совети 101: Започнување – идеи

Бизнис 101: идеи Секој бизнис започнува со силна бизнис идеја. Немаш бизнис идеја, немаш ни иден бизнис. Слаба бизнис идеја, слаб иден бизнис. Бизнис идеја без потенцијална енергија, иден бизнис без потенцијална енергија.

  • Секоја бизнис идеја започнува од тебе – претприемачот. Мора да започнете од самите себеси. Можете ли? Имате ли знаење? Имате ли доволна едукација? Имате ли доволно пасија? Имате ли доволно пари за започнување на бизнис или соодветната бизнис идеја? Едно самооценување ќе ви каже дали сте или не сте за претприемничка кариера. Сепак, со сила убавина не бидува.
  • Секоја идеја треба да решава одреден проблем. За да некој купува нешто од тебе со тоа нешто треба да се задоволи одредена потреба, да се реши некаков проблем што таа личност го има. Инаку зошто некој би купувал нешто? Кога размислуваме за бизнис и бизнис идеја потребно е да размислиме дали производот и/или услугата што ќе ги нуди тој бизнис ќе задоволи некоја потреба на идни потенцијални потрошувачи и како ќе ја задоволи таа потреба.
  • Освен да постои проблем кој ќе биде решен со бизнис идејата, мора да постои и желба за решавање. Зошто да решавате проблеми за кои не постои желба за решвање? Доколку пазарот гладува за решение кое твојот бизнис ќе го понуди постои голема веројатност за успех на твојот бизнис со таквата бизнис идеја.
  • Но, потенцијалот на бизнис идејата се зголемува и доколку постојат мали шанси тој проблем да биде решен со постоечките понуди на пазарот. Ова е навистина важен елемент за успехот на идејата и се однесува на конкуренција на пазарот за истиот проблем. Доколку на пазарот не постои голема конкуренција за тој проблем тогаш шансите за успехот на нашиот бизнис се навистина поголеми.

Ова се основните премиси на кои треба да се базира твојата бизнис идеја. Доколку вашата идеја го помине тестот на горните 4 елементи можете да размислувате за започнување на вашиот претприемнички пат. Дополнителни ресурси кои можат да ти помогнат во овој процес, а се дел од овој бизнис совети 101 прирачник се:

  1. Бизнис идеја преку одговор на 50 прашања
  2. Со научни методи до бизнис идеја
  3. Зголемување на креативност преку 6 совети
  4. 40 Совети да бреинстормирате идеи-  дел 1
  5. 40 Совети да бреистормирате идеи – дел 2
  6. Биснис идеи и нулта хипотеза
  7. Идеи не се еднакви на можности
  8. Обликување на идеи со помош на MindMap
  9. Вклучете ја конкурентската предност уште во фазата на развој на идејата
И секако за крај на овој дел од бизнис совети 101 најдобрата книга за бизнис идеи – Making Ideas Happen.

Бизнис совети 101: Планирање

Бизнис 101: Планирање Сега веќе имаш бизнис идеја спремна за започнување. Потребна ти е една траекторија, еден патоказ низ кој ќе се движиш и кој едноставно ќе те враќа на вистинскиот пат доколку забегаш налево или надесно или пак недај боже наназад.

  • Започни со твојата визија или каде сакаш твојата компанија да биде по одреден временски период. Мора да знаеш каде сакаш да стигнеш уште пред да започнеш да го одиш патот за да стигнеш некаде. Најлошо е кога започнуваш да се движиш онака безцелно, што е случај со многу претприемачи, но не и вас кои го читате бизнис совети 101 прирачникот.
  • За да стигнеш таму каде што сакаш ќе мораш да постигнеш повеќе цели кои треба да ги дефинираш на самата траекторија на твојот пат. Едноставно одговори на прашањето што треба да постигнеш и до кога за да ја поддржиш визијата на твојата компанија.
  • За да ги постигнеш целите потребни ти се стратегии. Како ќе ги постигнуваш целите кои ќе водат до исполнување на визијата на твојата компанија? Кои тактики ќе ги користиш? Одговорот на овие прашања ќе ја дефинира твојата стратегија за нареден период.
  • За да се применува стратегијата мора да ги определиш основните претпоставки на кои ќе се базира твоето патување. Овие претпоставки се предвидување на понуда и побарувачка, продажбата, трошоците, финансиските калкулации… Врз основа на овие предвидувања ќе се базираат и идните активности за подршка на имплементација на твојата стратегија.
  • Листа на активности кои треба да се имплементираат. И секако треба да знаете што треба да направите, кога треба да направите и како треба да го направите. Едноставно сите калкулации, претпоставки, визијата, целите и стратегијата ги преточувате во листа со активности.

Ова е основата за тоа како треба да се движи процесот на планирање во твојот бизнис. Како дополнителни ресурси кои можат да ти помогнат во овој процес, а се дел од овој бизнис совети 101 прирачник се:

  1. 10 елементи на добар бизнис план
  2. Секогаш имајте SMART цели
  3. 30 работи кои можете да ги направите во однос на вашиот бизнис план
  4. Предвидување на продажбата
  5. Бизнис план грешки кои не знаете дека ги правите
  6. Бизнис план – следење на имплементација
  7. BCG матрица за раст наспроти учество на пазарот
  8. Бизнис цели и обврзување за остварување
  9. Топ 10 грешки кои еден претприемач ги прави при подготовка на бизнис план
  10. Опасности во стилот планирај го твојот бизнис план

И секако самата изработка на бизнис план и насловите кои го сочинуваат:

  1. Насловна Страна
  2. Содржина и Резиме
  3. Општо за Компанијата
  4. Производи и/или Услуги
  5. Дефинирање и редефинирање на бизнис моделот
  6. Анализа на пазарот и индустријата
  7. SWOT Анализа
  8. Ризик и менаџирање со ризикот
  9. Онлајн Стратегија
  10. План за социјални медиуми
  11. Маркетинг Стратегија и Имплементација
  12. Продажна Стратегија и Имплементација
  13. Менаџмент
  14. Финансии
  15. Анекси

Бизнис совети 101: Маркетинг

Бизнис 101: Маркетинг Маркетинг бизнис функција која обезбедува да бидете најдени, да бидете ценети, да имаат луѓето доверба во вас и вашиот бизнис. Во бизнис планот веќе имате опфатено истражување на пазарот и дефинирање на маркетинг стратегија и имплементација, сега мора да продолжите понатаму.

  • Мора да имате маркетинг план кој ќе ја отсликува вашата маркетинг стратегија. Знам дека планот е нешто здодевно, но верувајте дека само со конкретен и добро осмислен план твојот маркетинг буџет нема да биде потрошен залудно.
  • Не држете се за традиционалниот маркетинг базиран на притисок. Се повеќе во иднина притисокот ќе предизвикува контраефект кон вашиот бренд.
  • Научете се да слушате и изградете систем на слушање на вашите потрошувачи, потенцијални потрошувачи, конкуренти и сите оние кои на некој начин ќе имаат влијание врз вашиот бизнис. Денес е поважно да слушате за да знаете што се случува како и да се вклучите во самата конверзација и секако да одговорите на сите напади. Слушањето е нова бизнис функција во вашата компанија.
  • Биди аналитичен, систематичен и отворен за комуникација, маркетингот е комуникација. Мора да ја користиш твојата аналитичност и базирајќи се на системите во твојот бизнис да ги отвориш челичните огромни порти кои го прават твојот бизнис затворен.

Дополнителни ресурси кои можат да ти помогнат во твоите маркетинг напори,  а се дел од овој бизнис совети 101 прирачник се:

  1. Маркетинг план за 2011
  2. Подобар маркетинг план – 5 прашања и една табела
  3. Маркетинг план во 7 едноставни реченици
  4. План за промоција преку одговор на 40 прашања
  5. Успешна маркетинг кампања во 10 чекори
  6. Дали вашата бизнис веб страна е обична брошура
  7. Дали вашата бизнис веб страна е обична брошура – заборавено поглавје
  8. Влезен или inbound маркетинг
  9. Маркетинг за бизнис на нискофреквентна локација
  10. Прикажување на корисноста наместо карактеристики
  11. RFM формула за сегментација на потрошувачи
  12. 6 принципи на влијание – видео
  13. Што можеме да научиме од Amazon за бизнис
  14. Дали онлајн стратегија претставува бизнис стратегија
  15. 10 чекори за подобро разбирање на потребите на потрошувачите
  16. SEO Оптимизација за пребарувачи
  17. Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи
  18. Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата?
  19. 10 извори на информации за успешна анализа на пазарот
  20. Промени во маркетингот
  21. Email маркетинг кампања во 8 чекори
  22. Подобрете ја вашата email маркетинг кампања во 2011
  23. 40 маркетинг совети кои мора да ги имплементирате
  24. Бизнис модел и онлајн стратегија
  25. 100 маркетинг активности за малите бизниси
  26. Герила маркетинг концепт со социјални медиуми
  27. 11 чекори за маркетинг со содржина
  28. 26 начини твојата понуда да биде неодолива
  29. Видео: 3 состојки на вирозност
  30. Зголемување на конверзија – интернет маркетинг

И секако околу 100 маркетинг средстваразработени во период од скоро две години.

Бизнис совети 101: Продажба

Бизнис 101: Продажба Без продажба, нема ни прилив на готовина во твојот бизнис. Со мала продажба мал прилив на пари. Без пари или со малку пари не може да се финансира нормалното работење на бизнисот.

  • Добро дизајнирај ја твојата продажна инка. Продажна инка ќе го дефинира процесот на привлекување и трансформација на потенцијален купувач во вистински купувач.
  • Внимавај при избор на твојот продажен тим. Продажбата е уметност, умешност но и наука. Многу работи ќе зависат од твојот продажен тим. Избери ги најдобрите.
  • Мора да ги следиш трендовите околу тебе кога станува збор за продажбата. Продажбата, процесот на продажба и начин на изведување на самата продажба се променливи категории. Следи што се случува, кои се најновите научни достигнувања и особено психолошките фактори кои влијаат на изведување на самата продажба.

Дополнителни ресурси кои можат да ти помогнат во твоите за дизајнирање и подобрување на продажниот процес,  а се дел од овој бизнис совети 101 прирачник се:

  1. Што претставува продажна инка?
  2. Најважни мерки на продажна инка
  3. Како твојата продажна инка да ја одржите секогаш полна?
  4. Подесување на твојата продажна инка
  5. Продажба во 10 чекори
  6. Како до загарантиран успех во продажбата
  7. Како до повторување на продажба?
  8. Што можеме да научиме од Amazon за бизнис но и за продажба
  9. RFM Формула за сегментација на потрошувачи
  10. Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи
  11. Видео за 6 принципи на влијание
  12. Купувачот е поумен од продавачот
  13. 50 препораки за долгорочни односи со потрошувачи
  14. 10 чекори за подобро разбирање на потребите на потрошувачи
  15. Преговарање во бизнисот
  16. 10 Совети за преговарање
  17. Малопродажба: 12 чекори за подобрување на продажба
  18. Чекори за воспоставување на продажни цели за продавачи
  19. Пред да започне продажбата потребни се повеќе работи
  20. Чек листа за конверзија на купувачи
  21. 5 начини да продавате повеќе на постоечки купувачи

Доколку сакаш континуирано да ги добиваш најдобрите и најновите совети за тебе како претприемач кои ќе претставуваат продолжеток на овој прирачник регистрирај се за неделни билтени на претприемач.

Обезбеди бесплатен пристап до премиум претприемач 2.0

Придружи се на повеќе од 1000 сегашни или потенцијални претприемачи кои се подготвуваат да го променат изгледот на светот кој го знаеме денес.