post

Бизнис блог – ден 6: Одлука за домен и хостинг

Сервер Хостинг Продолжуваме со шестиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Петиот ден од предизвикот се однесуваше на клучни зборови кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој шести ден.

Ден 6: Одлука за домен име и хостинг

Сега веќе е време да донесеш конкретни одлуки во однос на домен името и хостингот, односно како ќе обезбедиш веб простор за твојот бизнис блог. Домен името всушност претставува веб адреса на твојот бизнис блог и може да има критична улога во градењето на брендот на твојот бизнис.

Доколку веќе имате веб сајт прашањето за хостинг не ви е потребно. Домен името може да биде како фолдер на основниот домен или пак како поддомен на основниот домен.  Можете да одлучите, доменот да биде врз база на некој клучен збор што го имате бреинстормирано предходниот ден и во тој случај преминете на анализа преку Google Keyword Tool. Обидете се и со додавање на географска локација доколку сте локален бизнис. На пример, клучен збор и Охрид, доколку вашиот бизнис е лоциран и о перира само во Охрид. Врз база на резултатите, оние најголеми пребарувања проверете дали постои таков домен во регистарот.

Да одиме практично со некои чекори што ќе треба да ги превземеш токму овој ден:

  • Одлучете дали ќе одите со блог на веќе постоечкиот домен на вашиот веб сајт или пак ќе одите со еден вид на дескриптивен домен кој ќе содржи некој клучен збор.
  • Доколку одлучи да одиш со дескриптивен домен започни со анализа на клучните зборови од претходниот ден и разгледај ги најбараните зборови преку Google Keyword Tool.
  • Разгледајте ја опцијата за вклучување на локација доколку твојот бизнис е локациски базиран бизнис.
  • Проверете во регистарот на домените дали е слободен или зафатен оној за кој сте се одлучиле.
  • Разгледај ги хостинг компаниите кои нудат такви услуги. Скоро сите имаат веб сајт на кој можете да ги видите основните карактеристики и цена. Особено внимание обрни на препораките, односно дали ги имаат и кои компании ги користат нивните услуги.
  • Барај на форуми или блогови доколку има некаде да најдеш нешто за репутацијата на хостинг провајдерот, сепак компанијата која ќе биде задолжена за овие услуги е многу важна за обезбедување на брзина и стабилност. Важно пршање е и дали имаат сервисен центар на кој во секое време ќе можеш да се обратиш доколку постои некој проблем. Повеќе за ова можеш да прочиташ на хостинг и видови на хостинг услуги.
  • Кога веќе имате донесено одлука регистрирајте го домен името и обезбедете веб простор каде ќебиде сместен вашиот бизнис блог.

Следува: Бизнис блог – ден 7: Анализа на клучни зборови

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*