post

Бизнис идеja и нулта хипотеза

Бизнис идеите се нешто што мора да биде тестирано пред да станат бизнис можности, и пред да бидат трансформирани во вистински бизнис.

За тебе, бизнис идејата е нешто во што лично ти веруваш ќе функционира како профитабилен бизнис. Кога ќе ги вклучите и потребите на потрошувачите во идејата таа ќе стане бизнис можност, спремна за претстоечки стартап.

На пример, имате бизнис идеја која може да биде претставена како изјава која статистичарите ја нарекуваат хипотеза. Хипотеза наједноставно кажано претставува идеја која може да биде тестирана.

Доколку сакаме да го користиме статистичкиот јазик во овој процес, ќе можеме да кажеме дека изјавата дека бизнис идејата ќе успее претставува нулта хипотеза, и сега сакаме да ја тестираме со друга хипотеза која е спротивна н нултата хипотеза. Спротивната хипотеза на нултата хипотеза ќе биде изјавата дека бизнис идејата нема да успее.

Важно е да размислиме за сите можности во процесот на иницијалниот развој или тестирање на бизнис идејата. И една од тие потенцијални можности е дека бизнис идејата нема да успее.

Погледнете во сликата подолу како еден пример на овој процес.

Бизнис идеја - Нулта хипотеза

Бизнис идеја - Нулта хипотеза

Што значи ова?

  • Ја имате вашата бизнис идеја со нулта хипотеза која ќе успее на пазарот како бизнис.
  • Алтернативната хипотеза е дека бизнис идејата нема да успее на пазарот како посебен бизнис.
  • Постојат повеќе рзлични причини за оваа алтернативна хипотеза. Вашата работа е да ги пронајдете сите можни причини кои може да доведат до неуспех на вашата бизнис идеја.
  • Секоја причина која води кон неуспех може да биде избегната доколку вие како претприемач подготвите конкретни акциони чекори за надминување на тие препреки.

Ова е процесот кој мора да се примени пред да го започнете бизнисот, доколку сте претприемач кој е во фаза на започнување на бизнис, или пак доколку започнувате со имплементација на нови бизнис идеи во вашиот тековен бизнис. Секогаш користи алтернативна хипотеза, нешто спротивно доколку сакаш да го тестираш идниот успех.

Последно, не е и најмалку важно е дека секогаш мораш да ги гледаш работите како што навистина се.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] претприемач пред неколку денови објавив пост за бизнис идеја и нулта хипотеза во кој имавте можност да видите еден mindmap за тоа како […]

Speak Your Mind

*