post

Бизнис идеите се само почеток

Имам видено повеќе потенцијални претприемачи со брилијантни идеи за започнување на бизнис, но ништо повеќе освен таа брилијантност.

Имам видено повеќе претприемачи со брилијантна идеја за започнување на бизнис, но кога ќе го започнат „зафркнуваат“ се, па дури и нивниот личен живот.

Имам видео повеќе претприемачи кои имат идеи веројатно на секои неколку секунди во нивниот живот, но исто така ништо повеќе одколку идеи.

Дали ти си тип на претприемач со многу идеи, но без имплементација на истите?

Бизнис идеите се вреден капитал за секој претприемач и секој потенцијален претприемач. Тие идеи содржат потенцијална енергија која мора да биде конвертирана во кинетичка енергија (работа, извршување, правење на нешто…).

Што можешда направиш со твоите идеи:

  • Да започнеш бизнис или
  • Да ги имплементираш во твојот тековен бизнис заради подобрување на бизнисот.

Но, неможеш да ги продаваш бизнис идеите. Тие не се вредни без твојот бизнис успех. Тие не ти носат пари. Тие само имаат потенцијал да ти донесат пари, но во иднина доколку се имплементираат онака како што треба.

Твоите бизнис идеи не се твојот највреден бизнис имот. Тие само имаат потенцијал да ти помогнат за да ја зголемиш вредноста на твојот бизнис имот само доколку ги имплементираш во пракса.

Од друга страна, премногу идеи може да бидат само идеи без интегрирани можности во самите нив. Овој вид на идеи нема бизнис потенцијална енергија во себе. Тие не се вредни за имплементација во моментов, но можеби во некоја блиска или подалечна иднина би станале вредни за имплементација доколку иднината успее да интегрира бизнис можности во самата идеја.

Лицата со идеи се сонувачи. Тие никогаш не излегуваат надвор од нивните соништа. Успешни претприемачи не се само сонувачи, туку и спроведувачи. Тие ги имплементираат бизнис идеите со интегрирани можности во себе за да започнат или да го растат постоечкиот бизнис.

Затоа, запри со сонување и започни со имплементирање и спроведување. Бидни спроведувач, бидни претприемач.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. darko says:

    imam 5000e momentalno nemam nikakva ideja ama voopsto za da na bilo kakov nacin trgnam od nula nebitno na bilo koe nivo samo me interesira dali postoi nekoja kniga,strana ili nesto bilo sto kade bi mozel za pocetok da dobijam nekoja prifatliva ideja za parite koi gi imam za da mozam podocna da razmislam dali moze ili nemoze da uspee..pozdrav

    • Здраво Дарко. Таквиот приод не е нешто што би ти го дал како совет. Не е доволна само идејата, треба и знаење, вештини, желба… Најдобро е да тргнеш од себеси, направи анализа, па тргни од твоите и проблемите на твоите најблиски, па полека анализирај, вклучувај и други луѓе неповрзани со тебе но поврзани преку проблемот кој сакаш да го решаваш.

      Идејата не е готов производ, туку резултат на креативноста на претприемачот (барем големите, успешните идеи).

      Затоа не се мачи во проучување на идеи на други луѓе.

Speak Your Mind

*