post

Бизнис идеја ≠ Бизнис можност

Бизнис можности VS Бизнис идеи

Бизнис можности VS Бизнис идеи

Како една од причините за пропаѓање на бизниси често пати ја гледам конфузноста на претприемачот во однос на два термини многу важни за започнување на бизнис: бизнис идеја и бизнис можност.

И двата термина се користат во процесот на започнување на бизнис од страна на претприемачот. Но, она што е забележително е дека често пати бизнисот се започнува само со бизнис идеа, која не е претворена или трансформирана во вистинска бизнис можност. И токму заради тоа бизнисот веднаш по стартап фазата започнува да страда преку недостаток на купувачи, а поради тоа и недостаток на финансиски средства за финансирање на функционирањето на бизнисот.

Претприемач е човек кој онаму каде што сите (пазарот) гледаат проблем тој гледа бизнис можност. Токму тоа е и најголемата предност на еден претприемач.

Како функционира во пракса?

Многу бизниси (успешни бизниси) се резултат на некој проблем на пазарот кој е откриен од страна на претприемачот. Но, од друга страна многу бизниси се резултат и на индивидуален проблем кој претприемачот го има откриено за себе и во една таква фрустрирачка состојба доаѓа до бизнис идеја. Но, сепак таа фрустрирачка состојба е лична на претприемачот.

Дали освен претприемачот и некој друг се наоѓа во таква фрустрирачка состојба?

Доколку одговорот е не, иако бизнис идејата е добра таа сепак не претставува бизнис можност.

Доколку одговорот е да, потребно е да се провери бизнис идејата дали претставува бизнис можност.

Која е разлика помеѓу бизнис идеја и бизнис можност?

Како што можевте да забележите од претходниот поднаслов една бизнис идеја е:

  • позната лично на претприемачот,
  • базирана на сопствена фрустрација на претприемачот,
  • иновација од страна на претприемачот.

Но, дали бизнис идејата се однесува само за еден човек – претприемач.

Во бизнисот постои еден едноставен принцип кој вели:

Доколку еден претприемач лично познава минимум 10 лица (физички или правни) кои би го купиле неговиот производ и/или услуга од соодветната бизнис идеја по соодветната цена и други услови, веројатно постојат и се наоѓаат таму некаде на пазарот уште стотици, илјадници или пак милиони потенцијални купувачи, само потребно е да дознаат за тие производи и/или услуги.

Значи, за една бизнис идеја да се трансформира во бизнис можност потребно е да се внесе уште едно лице во процесот, а тоа е потрошувачот.

Бизнис можност = бизнис идеја + потрошувач

Карактеристики на бизнис идеја

За да една бизнис идеја биде истовремено и бизнис можност ќе треба да исполни одредени карактеристики:

  • да биде атрактивна за потрошувачот,
  • потрошувачот да може да си ја дозволи и
  • претприемачт да може да ја оствари.

Бизнис идеја која не е атрактивна за потенцијалниот купувач не е добра бизнис идеја, затоа мора да има потреба на пазарот од производи и/или услуги кои се производ на таа бизнис идеа. Од друга страна бизнис идеја која креира скап производ и/или услуга при што потенцијалните купувачи нема да можат да си го дозволат исто така претставува лоша бизнис идеја. И секако таа бизнис идеја мора да биде остварлива од страна на претприемачот, односно претприемачот да има знаење и можности да ја реализира истата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Митко Мариновски says

    Да тоа е баш така.

Trackbacks

  1. […] Бизнис идеја ≠ Бизнис можност. И двата термина се користат во процесот на започнување на бизнис од страна на претприемачот. Но, она што е забележително е дека често пати бизнисот се започнува само со бизнис идеа, која не е претворена или трансформирана во вистинска бизнис можност. Преку овој пост ќе ја увидите разликата на овие два термини. […]

  2. […] е откако ќе дојде до бизнис идеја, ја трансформира во бизнис можност откако ќе утврди некаков проблем, промена или потреба […]

Speak Your Mind

*