post

[Бизнис идеја] Пред било што друго, одговорете на овие прашања

Постојат многу примери на започнати бизнис идеи при што по започнување претприемачот сфаќа дека се безвредни. Едноставно не успеваат.

Тоа е многу болен процес. Замислете да вложите пари (се што имате) и да вложите труд за да по неколку месеци или уште полошо по неколку години откриете дека сето тоа било залудно.

Не само што веќе ќе загубите и пари и време од вашиот драгоцен живот, туку ќе бидете и скршени од болка, психички притегнати во агол во кој не можете никако да се свртите и тешко можете да излезете.

Но, стратешки пристап на започнување и водење на бизнис е нешто сосема друго. Стратешкиот пристап е она за што тука на претприемач постојано пишуваме. Стратешкиот пристап бара да одговорите на некои прашања пред да го преземете одлучувачкиот чекор за започнување на вашиот бизнис.

Кои се тие прашања?

  1. Какви проблеми, потреби ќе обезбедува таа ваша идеја?
  2. Кои ќе бидат купувачите за таа ваша идеја?
  3. Дали некој друг веќе на тие купувачи им нуди такво решение?
  4. Како купувачите го наоѓаат тоа решение кое што постои на пазарот?
  5. Дали тие се задоволни од тоа решение?
  6. Колку се задоволни од постоечкото решение?
  7. Колку плаќаат за постоечките решенија?
  8. Која ќе биде разликата во вредноста од вашата идеја и постоечките решенија?
  9. По што вашето решение ќе биде уникатно?
  10. Дали купувачите се спремни да се префрлат на вашето решение заради таа разлика во вредноста?
  11. Дали купувачите се спремни да го платат она што сакате да го наплатувате?
  12. Што се ќе треба да вложите за да ја реализирате идејата?
  13. Колкав е ризикот за вас и можете ли да го поднесете?
  14. Како конкурентите ќе реагираат на вашето лансирање?
  15. Дали нивната моќ претставува опасност за вас?
  16. Кои стратегии ќе ги примените како одговор на реакцијата на конкурентите?
  17. Каков бизнис модел ќе користите?
  18. Како ќе го тестирате вашиот производ или услуга?
  19. Како ќе учите од тестирањето?
  20. Како ќе го примените наученото од тестирањето?

Овие прашања и можеби уште некои кои ќе треба самите да си ги откриете во процесот е основата за оценување на вашата нова бизнис идеја. Не избегнувајте ги. подобро е денес да и погледнете во очи на вистината, отколку утре да се каете за вашите избрзани постапки.

Доколку ве интересира повеќе за оваа тема, можете да прочитате повеќе наслови за започнување на бизнис, бизнис идеи и купувачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*