post

Бизнис Идеја преку Одговор на 50 Прашања

Процесот на развивање на бизнис идеја не е едноставен процес. Некои луѓе ја имаат таа способност да дојдат до еден куп на бизнис идеи, но кај некои навистина се јавива таканаречена претприемничка блокада и не можат да дојдат до квалитетна идеја.Во ово процес може да се појават 2 проблеми:

  • Првиот проблем е генерирање на премногу идеи и опасност од останување во фазата на сонување засекогаш.
  • Вториот проблем е кога немаме идеи а сакаме да станеме претприемачи.

Најоптималниот начин е да се обезбеди еден систематски приод во генерирање и избор на бизнис идеја која ќе биде трансферирана во реален бизнис. Затоа тука на претприемач развив една група на основни прашања која ќе не води низ процесот на генерирање на бизнис идеи:

Поставување на рамка

Оваа е првиот чекор во процесот на генерирање на идеи и има за цел да воспостави рамка за следните чекори. Се што ќе биде надвор од оваа рамка нема да биде вклучено во наредните чекори на процесот. Овие чекори се повеќе за нас како идни претприемачи. Прашањата кои мораме да ги одговориме се:

  1. Дали претприемничкиот живот е нешто што сакам да го живеам?
  2. Дали сум психолошки подготвен за започнување на бизнис?
  3. Кои се моите цели за иднината?
  4. Колку сакам да заработувам по неколку години?
  5. Како ќе го започнам мојот бизнис, соло и во тим со други луѓе?
  6. Колку пари имам за започнување на бизнис?
  7. Колку пари имаат моите партнери за започнување на бизнисот?
  8. Колку можам да потрошам за започнување на бизнисот?
  9. Колку долго можам да издржам пред бизнисот да започне да генерира пари?

Brainstorming

Brainstorming е процес на генерирање на идеи каде не се гледа на квалитетот на идејата туку само на квантитетот на идеи. Пред да започнете со овој чекор подобро е првин да подготвите книга со бизнис идеи каде ќе можете да ги забележувате сите генерирани идеи. Темплејтот е дел од 10-те темплејти кои ги добиваат сите регистрирани членови за билтени на претприемач. Одговарањето на следниве прашања ќе ни ја даде насоката каде да ја бараме нашата бизнис идеја:

  1. Кое е моето круцијално знаење?
  2. Што можам да работам со моето знаење?
  3. Можам ли да продавам нешто поврзано со моето знаење?
  4. Како моето знаење може да го подобри светот?
  5. Какво е моето претходно искуство?
  6. Што можам да работа согласно моето претходно искуство?
  7. Можам ли да продавам нешто што е поврзано со моето претходно искуство?
  8. Како моето претходно искуство може да го подобри светот?
  9. Кои се моите клучни вештини?
  10. Што можам да работам со моите вештини?
  11. Можам ли да продавам нешто поврзано со моите вештини?
  12. Како моите вештини можат да го подобрат светот?
  13. Какви проблеми постојат на пазарот поврзани со моето знаење?
  14. Какви проблеми постојат на пазарот поврзани со моите вештини?
  15. Какви проблеми постојат на пазарот поврзани со моето искуство?
  16. Кое е моето хоби?
  17. Можам ли да го трансферирам моето хоби во бизнис?
  18. Што можам да подобрам во моето хоби?
  19. Какви се моменталните пазарни практики поврзани со моето знаење и можам ли да ги подобрам?
  20. Какви се моменталните пазарни практики поврзани со моето искуство и можам ли да ги подобрам?
  21. Какви се моменталните пазарни практики поврзани со моите вештини и можам ли да ги подобрам?

Избор на бизнис идеја

Овој чекор е едноставно да се изберат најдобрите бизнис идеи од еден куп на бизнис идеи генерирани од претходниот чекор – brainstorming. Целта на овој чекор е да се најдат една или неколку бизнис идеи кои ќе одат во процесот преку следните чекори.

  1. Можам ли да исфрлам некои идеи генерирани во претходниот чекор?
  2. Има ли идеи кои не се компатибилни со одговорите во првиот чекор – рамката?
  3. Што мора да биде проверено во генерираните идеи?
  4. Кои се мислењата на моите пријатели за останатите генерирани идеи?
  5. Кои се мислењата на моите претходни колеги за останатите генерирани идеи?
  6. Кои се мислењата на експертите на пазарот за останатите генерирани идеи?
  7. Какво е моето лично мислење за останатите генерирани бизнис идеи?
  8. Кои се неколкуте бизнис идеи кои имаат добиено најмногу гласови од претходните прашања во овој чекор?

Истражување

Четвртиот чекор вршење на истражување за избраните бизнис идеи од претходниот чекор. Во овој чекор потребна ни е поширока аудиенција која мора да биде вклучена во нашата анализа. Една алатка која можеме да ја користиме тука се анкетните прашалници.

  1. Дали јас имам способности да ја имплементирам таа бизнис идеја?
  2. Која е очекуваната реакција на пазарот за тие бизнис идеи?
  3. Колкав износ на пари пазарот е подготвен да плати за производи или услуги од тие бизнис идеи?
  4. Дали пазарот има силна желба за нешто како моите бизнис идеи?
  5. Колку ќе ме чини производот или услугата?
  6. Која ќе биде соодветната цена на производот или услугата?
  7. Дали е тоа цената која пазарот е спремен да ја плати?
  8. Можам ли да направам прототип?
  9. Доколку направам прототип какво е мислењето на моите потенцијални купувачи – луѓе кои ги вклучивме во претходниот чекор и тука?
  10. Каков е фидбекот од тестирање на прототипот?
  11. Можам ли да направам прилагодувања согласно фидбекот од претходното прашање?
  12. Можам ли да започнам по прилагодувањата?

Одете прашање по прашање на оваа листа од прашања од првото кон последното и ќе имате бизнис идеја која навистина ќе има голема бизнис потенцијална енергија што е основа за успех на еден претприемач.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. GChaoc Kewl you should come up with that. Excelnelt!

Trackbacks

  1. […] Бизнис Идеја преку Одговор на 50 Прашања – Одговорете 50 прашања за да дојдете до идеја. […]

  2. […] Бизнис идејата е основа врз која се темели секој нов, но и секој постоечки бизнис. Идејата е основниот двигател на една претприемничка економија. Тоа е и разликата што малите бизниси ги прави уникатни, единствени, прилагодливи и секако успешни. […]

  3. […] претприемач поседува добра бизнис идеја и сигурен е дека може да ја реализира тогаш […]

  4. […] социјализиран и да слуша туѓи идеи. Најчесто луѓете со добри бизнис идеи не се и добри реализатори или им недостасува некоја од […]

  5. […] Бизнис Идеја преку Одговор на 50 Прашања. Еден напис во кој се дизајнирани 50 прашања кои ќе ве водат низ процесот на генерирање на бизнис идеи. […]

  6. […] Бизнис идеја преку одговор на 50 прашања. Одговарајќи ги прашањата ќе поминете низ целиот процес на дизајнирање на бизнис идеи. […]

Speak Your Mind

*