post

БИЗНИС ИДЕЈА – ПРВ ЧЕКОР

Повеќе пати напоменуваме дека зад секој успешен (па и неуспешен) бизнис стои бизнис идеја на претприемачот или пак потенцијалниот претприемач. Едно нешто би сакал да забележам тука, а тоа е дека не треба да мислите дека бизнис идејата е поребна само за нов бизнис. Бизнис идеи се постојана потреба и за постоечки бизниси. Новите бизнис идеи го енергизираат (го полнат со бизнис потенцијална енергија) секој бизнис без разлика дали станува збор за нов (стартап) или пак постоечки бизнис. Но, во овој натпис некако повеќе ќе се насочиме на новите (стартап) бизниси кои се наоѓаат во фаза на сонување од животните циклуси на бизнисите.

Некаде во Јануари 2009 година изработивме Збирка на топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа. Во оваа збирка опфативме 20 бизнис идеи кои од една страна се лесни за започнување, а од друга страна постои отреба за истите или пак во блиска иднина таа потреба ќе се зголемува.

Подоцна пронајдовме една алатка која се нарекува генератор на бизнис идеи. Таа може да се користи како една основа за добивање на различни идеи за бCheckList1изнис. Функционира со комбинација на три зборови. Оваа алатка може да послужи за будење на креативноста за добивање на добра бизнис идеја, но не и како нешто единствено при одлука за започнување на бизнис.

Кога сме кај будење на креативноста опишавме 6 совети за креативност за добра бизнис идеја. Креативноста не е секогаш присутна. Таа мора да се пробуди со ослободување на грчот од нашиот мозок.

Сето ова се некои предуслови за добивање на добра бизнис идеја. Но, она што е како прв чекор, односно од каде треба да се тргне е:

  • Едукацијата – знаење
  • Хоби
  • Пасија

Комбинација на нашето знаење стекнато преку домашна култура, системот на образование со нашите неформални активности како хоби и нашата пасија за нешто може да не доведе до добра бизнис идеја. Пасија претставува силно позитивно чувство кон нешто, вообичаено нешто што силно го посакуваме или не привлекува. Во еден од претходните натписи пишувавме за 5 чекори кон успех и ги наведовме следниве:

  • Бизнис од забава
  • Големи сонови
  • Верба во себе
  • Идентификација на лидери во проблематиката
  • Поставување на обврска

Значи бизнисот мора да ни биде забавен, а ќе биде забавен ако имаме знаење за изведување, претставува како наше хоби и имаме пасија за него. Може да имаме одлична бизнис идеја но:

  • Доколку немаме познавање тој бизнис однапред ќе биде осуден на пропаст.
  • Доколку не ни е забавен брзо ќе го затвориме.
  • Доколку немаме силна пасија или желба за таа работа бргу ќе се откажеме.

Затоа секоја бизнис идеја во самиот старт е потребно да се разгледа од аспект на знаење, хоби и пасија. Ова ќе помогне и при одлучување за избор на најдобра бизнис идеја.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*