post

БИЗНИС МОДЕЛ – НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ

Во овој напис сакам да прикажам еден практичен начин на развој на бизнис модел и да го споделам своето лично искуство со Вас. Читателите на претприемач ќе имаат можност да читаат за целиот процес на развој на еден нов бизнис. Овој бизнис модел ми се вртеше во глава со месеци, вршев анализи и истражувања и на крај го ставив на хартија па изработив график со помош на мојот компјутерски софтвер за аналитика и графичка презентација. Но да тргнеме од почеток.

Секој бизнис има свој сопствен модел. Бизнис модел претставува начин на изведување на бизнис активности. На пример за малопродажба, бизнис модел може да биде набавка, изложување, маркетинг, продажба и повторно истото. Но, помеѓу овие процеси во моделот може да има повеќе различни подпроцеси. И токму во тоа е разликата помеѓу различните бизнисите. И токму во тие подпроцеси еден бизнис може да биде успешен, а друг ист таков неуспешен.

Секој бизнис модел како основа ја има бизнис идејата. Во однос на бизнис идејата во главата се појавуваат различни начини на изведување на таа бизнис идеја, се вртат комбинации, пермутации, варијации и што ти уште не. Во овој момент од ден во ден во главата првобитната идеја е се поизменета и позименета. Но, постои и замка. Ова може да трае до бесконечност и бизнисот да остане во фазата на предстартап. Секој претприемач во овој момент изгледа вака:

PretpriemacBiznisModelStart

Многу прашалници. Многу непознати. Многу идеи. Сето ова треба мозокот на претприемачот да го совлада. Опасноста лежи во тоа да постојано се размислува и на крајот ништо да не се превземе. Овие претприемачи, или потенцијални претприемачи или вечити потенцијални претприемачи остануваат во оваа фаза од животниот циклус на бизнисот.

Решение за избегнување на оваа опасност е скицирање. Ова значи да се земе пенкало и лист хартија и да се скицира бизнис моделот за бизнис идејата која ја има потенцијалниот претприемач. Скицата не мора да биде уметничко дело. Скицата може да биде обична шкработина која само Вие ќе ја разбирате. Скицата ќе биде добра се додека Вие ја разбирате. Кога шкработината веќе не е разбирлива и за Вас тогаш веќе скицата не е добра и повторно се запливува во опасноста.

На втората слика е прикажана една таква скица на вистинит бизнис модел што ми се вртеше низ мозокот во последните неколку месеци. Еве ги шкработините од еден таков бизнис модел:

26042009368

Ова е навистина неразбирливо за секој кога ќе го погледне. Но, и не мора да биде разбирливо, бидејќи во оваа фаза оваа скица не е бизнис план. Не мора никој да го чита. Оваа скица е битна само за претприемачот и никој друг. Но, запомнете се додека не е неразбирлива за самиот претприемач. Ова скицирање може да трае се додека потенцијалниот претприемач не бидне задоволен и подготвен за наредната фаза. Но, доколку сакате да не постанете вечити скицирачи на бизнис модел подобро е да зададете рок на скицирање во вид на еден месец, недела или ден.

Но, која е наредната фаза по скицата? Наредната фаза е исто така скица, но сепак поразбирлива и изработена компјутерски со различни бои кои би значеле нешто.

По скицата изработена со рака преминав на изработка на компјутерски график кој е прикажан на сликата подолу.

BusinessModel

Ова веќе значи нешто. Има различни бои, стрелки, ознаки се она што има некакво значење. Веќе оваа скица може да биде разбирлива за секого.

Погледнете како од рачна скица се доби професионален бизнис модел кој за претприемачот има соодветно значење. Можете да забележите и дека помеѓу рачната и комјутерската скица нема многу сличности иако се е опфатено од рачната скица во компјутерската (само можеби некои ситни детали се додадени во компјутерската). Ова е поради фактот што кога ја спремав компјутерската поминав низ целиот бизнис модел повторно, ги увидов некои од слабостите при што ги отстранив од скицата. И така се доби чиста и разбирлива скица на еден бизнис модел.

Со неколку погледнувања на овој бизнис модел можам да забележам неколку слабости кои бргу можам да ги отстранам. Можам да забележам што треба да се додаде за да го подобрам моделот. Секогаш кога ќе го ревидирате додавајте верзија при снимање за да знаете кој е последниот. На пример V01, V01.1, V01.2, V02…

Кога ќе ја имате последната верзија веќе ќе можете да ги извлечете чекорите за отпочнување на Вашиот бизнис, како и за водење. На пример, во еден од овие елементи во моделот имам предстартап, стартап и после стартап елементи. Можам во вид на чекинг листа да наведам што треба да преземам и во кој период за исполнување на активности.

Ова е многу значајна фаза од животен циклус на секој бизнис. Тука се поставуваат темелите на еден нов бизнис. Од овие темели во голем дел ќе зависи и иднината на бизнисот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Втората работа која ќе овозможи да не бидете воркохолик е дизајнирање на Вашиот бизнис. Но, при дизајнот потребно е да се вклучи претходниот елемент, односно она што сакате Вашиот бизнис да го прави за Вас. Дизајнирајте го бизнисот едноставно како средство за исполнување на Вашите лични животни цели. Само на ваков начин ќе дизајнирате успешен бизнис, односно бизнис кој ќе Ве исполнува навистина и ќе ви донесе финансиска слобода која не се постигнува на поинаков начин. За моделирање и дизајнирање на бизнисот можете да прочитате во Бизнис модел – нешто што ќе ви помогне. […]

  2. […] снабдувачи преку вашиот бизнис со вашите купувачи. Бизнис модел е… најважното нешто за еден […]

Speak Your Mind

*