post

Бизнис модел во стартап фаза

Во тек на досегашниот развој на теоријата за бизнис идеи знаеме дека за да се прифати една бизнис идеа за понатамошен зарвој таа мора да се тестира, односно да се проверат основните хипотези во однос на пазарот во однос на постоење на проблем, потребата од решавање на тој проблем и критична маса на самиот пазар кој ќе сака решение за тој проблем. Оваа е претставено на дијаграмот на сликата.

Теорија на бизнис идеи

Во постот насловен како бизнис план во стартап фаза ги презентиравме основите за користење на бизнис планот како средство за проверка на тие хипотези. Но, забележавме и доста недостатоци при користење на едно такво решение првин во однос на тоа дека многу работи предвидени во бизнис планот се непотребни за оваа фаза од развој на нашиот бизнис и секако тоа што развој на бизнис план ќе бара и време кое може да биде од неколку недели најмалку до неколку месеци, а сепак ќе се базира на непотврдени информации за донесување на одлука. Во секој случај во оваа фаза бизнисот се наоѓа во доста чувствителна позиција и не е добро одлуките да ги базираме на непотврдени информации и претпоставки. Тешко е, особено бидејќи се работи за нов бизнис. Кога станува збор за постоечки бизнис и иновации може да биде полесно бидејќи компанијата веќе има развиено и пазар и потрошувачи.

Од друга страна во претходниот пост насловен како што му треба на еден претприемач за успешно започнување на бизнис навлеговме во некои основи кои ни се потребни како што се повеќе бизнис можности, едноставно да развиеме потрошувчи за бизнисот, едноставен план и соодветни алатки и техники за анализа на информации базирани на факти заради донесување на квалитетни одлуки.

Да видиме како можеме да го користиме бизнис моделот.

Што е бизнис модел?

За целите на оваа теорија ќе започнам со користење на бизнис моделот и препораки за негово генерирање и користење дефинирани во книгата Business Model Generation од Alexander Osterwalder и Yves Pigneur. Тоа е едно капитално дело кое користи повеќе теории и практични истражувања за да се добие една алатка за генерирање на бизнис модел наречена како Business Model Canvas. Тие ја даваат следнава:

Бизнис модел опишува како една организација креира, испорачува и стекнува вредност.

Понатаму, нивните истражувања и анализи се насочуваат во градење на 9 блокови од кои е составен еден бизнис модел, а кои ги содржат четирите главни подрачја на бизнисот: купувачи, понуда, инфраструктура и финансиска одржливост.

Се чини дека тоа и нам ни е потребно, па затоа и се одлучив да го земам како основа овој модел, иако во текот на оваа година како што ќе ја развивам теоријата и самиот начин на дизајнирање на моделот ќе биде променет или барем за различни фази ќе користиме различни прикажувања на бизнис моделот со цел да имаме едноставна презентација на бизнис моделот која ќе ни каже многу за бизнисот. Тие 4 главни подрачја ќе не водат низ процесот на тестирање на нашите хипотези. Зошто?

  • Купувачи. Во бизнис моделот се дефинираат купувачите, односно сегментите на купувачите, а тоа значи дека постојат купувачи на пазарот кои имаат проблем каков што ќе го решава бизнисот. Но, сепак и дизајнот на бизнис модел се базира на претпоставки од страна на претприемачот. Затоа со дефинирање на купувачите, не може да заврши и оваа фаза.
  • Понуда. Преку дизајнирање на бизнис моделот ќе ја дефинираме понудата на бизнисот. Што е она што бизнисот ќе го понуди како вредност? Како ќе го понуди тоа нешто? Како ќе го испорача тоа нешто. Ова е веќе квалитетен сегмент на дизајнирање на бизнисот, сепак нам ни треба нешто што малку повеќе ќе навлезе во бизнис дизајнот со цел да можеме да тестираме, анализираме и менуваме, односно прилагодуваме.
  • Инфраструктура. За да се реализира понудата и достави до купувачите бизнисот мора да има сопствена инфраструктура. Тука се ресурсите и клучните активности кои ќе ги спроведува.
  • Финансиска одржливост. Од друга страна, и нас не интересира дали бизнис идејата ќе биде финансиски одржлива. Односно дали ќе обезбеди дизајн на профитабилен бизнис.

Како што напоменавме бизнис моделот предложен од страна на Alexander Osterwalder и Yves Pigneur се базира на Business Model Canvas како алатка за дизајнирање и тестирање на бизнис моделот. На сликата се дадени 9 основни сегменти од кои е составен бизнис моделот.

Бизнис модел

Ова е соновата на која што се гради еден бизнис модел. Понатаму, во текот на оваа година ќе работиме и на повеќе виртуелни примери за користењето, но тука сакам да ја напоменам едноставноста на овој начин на дизајнирање на еден бизнис. Имаме две половини:

  • десна страна е вредноста, испорака на вредноста, односи со купувачи и купувачи, а тоа се всушности и креаторите на приходи.
  • левата страна ја формираат инфраструктурата, преку клучни активности, ресурси и партнери, но и трошоците кои се прават за генерирање и испорака на вредноста.

Зошто бизнис модел наместо бизнис план

Кога станува збор за нашите проверки на хипотези, не можеме да кажеме дека и оваа алатка во целост може да ги задоволи нашите потреби. Но, морам да потенцирам дека сепак е добра основа на која можеме да градиме и тестираме, но и подобра од класичниот бизнис план. Зошто?

  • Првин, да бидеме начисто нам ни треба план дури и во оваа фаза. Но, не ни треба класичен бизнис план. Нам ни треба план кој ќе ни ја даде сликата за бизнисот кој сакаме да го дизајнираме, а бизнис моделот прикажан на овој начин е одлична алатка иако може да претрпи одредени редизајнирања за во оваа фаза..
  • Второ, ваков бизнис модел, односно дизајн ќе биде направен за еден ден, барем првата драфт верзија. Но, тоа и ни треба. Можеби одеднаш, а можеби и во неколку сесии, но сепак за еден ден. Што е многу пократко во однос на бизнис план за кој ќе ни треба од неколку недели до неколку месеци.
  • Трето, се наоѓа на една страна и овозможува лесно разбирање од секого во тимот.
  • Четврто, имаме неограничена визуелизација. Така да можеме да користиме една боја за потврдени хипотези, друга боја за непотврдени. Ова значи лесно снаоѓање на претприемачот и на тимот кој ќе работи на дизајн на бизнисот.
  • Пето, имаме добро претставени хипотези кои ни се потребни за докажување, но и произлегуваат и дополнителни хипотези кои ќе можеме да продолжиме да ги докажуваме и менуваме бизнис моделот во однос на тие информации.

Значи заклучокот е дека не треба да го усложнуваме процесот во оваа фаза, туку за еден ден да дизајнираме бизнис модел за нашата идеја и да работиме на проверка на хипотезите на кои ќе се базира тој бизнис модел. Во секој случај ќе продолжиме со развојот на оваа теорија кога и ќе презентираме повеќе идеи за користење на бизнис моделот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. [...] [Видео] Што е бизнис модел? 13/04/2012 од Драган Шутевски Tweet Здраво! Доколку за првпат сте тука можеби ќе сакате да се регистрирате на RSS feed за ажурирањата на претприемач.Во многу прилики тука на претприемач ја истакнуваме важноста на бизнис модел, особено за стартапи и како дел од теоријата на бизнис идеи. [...]

Speak Your Mind

*