post

Бизнис План – Маркетинг Стратегија и Имплементација

Ќе продолжам со туторијалот за изработка на бизнис план, односно за бизнис планирање. Досега ја направивме насловната страна, кажавме и за резимето и содржината, дадовме опис на нашата компанија, ги дефиниравме производите и услугите кои ќе ги нудиме, спроведовме анализа на пазарот и индустријата, спроведовме SWOT анализа и секако направивме онлајн стратегија за бизнисот.

Бизнис план - Маркетинг стратегија и имплементација

Бизнис план - Маркетинг стратегија и имплементација

Сега е потребно нашето внимание да го насочиме на маркетинг стратегија како една од најважна стратегија заедно со продажната стратегија (што ќе биде следниот наслов) за исполнување на бизнис цели. Без разлика дали се работи за производствен бизнис, или пак за малопродажба, или пак за големопродажба, или пак за услужен бизнис или пак за интернет бизнис овие две стратегии мора да бидат опфатени во квалитетен бизнис план.

За она што претставува стратегија повеќе ќе можете да прочитате во Стратегија за бизнис трансформација.

Како и во секој наслов од бизнис планот пред да започнете и тука дајте кратко резиме за она што ќе биде содржано во поднасловите како и за сето она што е најважно, односно што треба да биде потенцирано од овој наслов.

Што треба да содржи маркетинг стратегијата

Нашата цел е преку поставените бизнис цели во насловот Резиме и содржина на бизнис планот да ги преточиме во маркетинг стратегија која ќе треба да помогне во остварување на тие цели. Ако целите ни се зголемување на продажба од 10% во однос на минатата година, маркетинг стратегијата треба да не доведе до маркетинг активности кои ќе овозможат зголемување на продажба од 10%.

На крај од овој наслов треба да произлезе план на активности за остварување на целите на бизнисот. Еве како би изгледала една маркетинг стратегија со своите поднаслови:

1. Цели на маркетингот

Едноставно тука ќе треба да одговорите за тоа зошто ви е потребен маркетингот во вашиот бизнис, односно што ќе треба да постигнете со маркетингот. Ваша задача е да ги преточите тие бизнис цели во маркетинг цели. На пример, доколку една бизнис цел ви е зголемување на профитот за 25%, маркетинг целите ќе бидат:

  • Зголемување на влезот во продажната инка,
  • Одржување на продажната инка секогаш да биде полна,
  • Зголемување на стапката на конверзија на потенцијални потрошувачи во купувачи,
  • Зајакнување на брендот

2. Целен пазар

Дајте краток опис на целниот пазар на Вашиот бизнис бидејќи во голем дел севкупната маркетинг стратегијата ќе се базира на овој целен пазар. Во анализата н пазарот и индустријата Вие веќе ги имате определено сегментите на пазарот во бројки. Тука едноставно опишете кој сегмент ќе биде дел од Вашиот целен пазар и доколку има потреба доспецифицирајте го тој сегмент. На пример, нашиот бизнис ќе се насочи кон пазарот на женската популација која изнесува 30.000 потенцијални корисници на нашите производи со примања над 30.000 денари месечно (дополнително допрецизирање на сегментот жени), а кои со нашите производи ќе ги решат тие и тие проблеми.

3. Конкурентска предност

Многу е тешко да се најде бизнис кој е сам на пазарот и кој нема конкуренти. Една од целите на Вашата маркетинг стратегија е со нејзина имплементација потенцијалните потрошувачи да направат разлика помеѓу Вашиот бизнис и конкурентите. Дајте одговор на следниве прашања:

  1. Зошто некој би го избрал Вашиот наместо конкурентите?
  2. Кои се најголемите разлики помеѓу Вас и конкурентите во термин на корисности за потрошувачите?
  3. Кои се разликите во карактеристиките на производите и услугите кои Вие ги нудите со оние на Вашите конкуренти?
  4. Што има Во Вашиот бизнис за Вашите потенцијални потрошувачи, а Вашите конкуренти го немаат?
  5. Што претставувате Вие за Вашата пазарна ниша?

Забележувате дека одговорите на овие прашања треба да се распространат како би им се укажала разликата на потенцијалните потрошувачи. Голем дела од овие одговори ќе бидат опфатени во пораки во промотивните тактики кои подоцна ќе ги дефинираме.

4. Ценовна стратегија

Во овој дел опишете кои ќе бидат Вашите тактики во однос на цените за маркетинг стратегијата. Целниот пазар во голем дел ќе ги дефинира и вашите тактики за цените. Доколку целниот пазар може да си дозволи повисоки цени и вие ќе одите со повисоки цени. Доколку конкуренцијата нуди пониски цени и вие ќе се прилагодите со тие цени. Наведете се што ќе биде поврзано со Вашите цени, како и начинот на кој ќе влијаат тие цени врз привлекување на потрошувачи.

Повеќе детали како и линкови до други написи поврзани со цените можете да прочитате во Цени како маркетинг средство.

5. Промотивни тактики

Во овој дел треба да ги опишете сите промотивни материјали или маркетиншки средства кои ќе ги користите во Вашата маркетинг стратегија. Овие материјали треба да бидат на нивото на Вашиот целен пазар. Прилагодете ги со целниот пазар. На пример, како промотивни тактики ќе користиме:

  • Бизнис картички
  • Брошури
  • Реклама на радио
  • Попустни картички за постојани потрошувачи

6. План на активности

Сето она што во претходните поднаслови го испланиравте и изанализиравте сега едноставно сместете ги во една форма како следнава:

  • Тактики
    • Активности
      • Буџет

Ова има за цел да кога ќе завршиме со формалниот бизнис план овозможиме лесно креирање на план со активности,одговорности и рокови на спроведување на истите како би се овозможило соодветно обврзување за исполнување на планот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Pretpriemac Novo: Бизнис План – Маркетинг Стратегија и Имплементација -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Бизнис План – Маркетинг Стратегија и Имплементација http://ow.ly/17j9rM […]

  2. […] онлајн стратегија за бизнисот и насловот за маркетинг стратегија и имплементација. Сега ќе продолжам со третата Важна стратегија која […]

  3. […] анализа, изработивме онлајн стратегија за бизнисот, маркетинг стратегија и продажна стратегија. Ја дефинирвме нашата […]

  4. […] Бизнис План – Маркетинг Стратегија и Имплементација […]

  5. […] во бизнис цели претставува дел од маркетинг стратегија која веќе „мора“ да биде содржана во секој маркетинг […]

Speak Your Mind

*