post

Бизнис план Mind Map

Бизнис планот претставува претприемачка мапа кон успехот.

Можете да направите еден кога ќе сакате да го проширите вашиот бизнис. Ќе направите и користите бизнис план кога ќе сакате бизнисот да остане на вистинскиот пат. Можете да го направите кога ќе сакате да поминете низ најважните елементи на вашиот бизнис и да се обезбедите дека сè е онака како што треба да биде.

Во последните неколку години, правам неколку промени во процесот на бизнис планирање и бизнис планот како алатка за да се имплементираат и извршуваат задачите како резултат на тој процес. Прво, почнував со шаблони за секојдневно користење, а наскоро по стартување на имплементација, сфатив дека ми треба нешто различно или нешто повеќе, кое што треба да биде вклучено во процесот на планирање. Тоа беше бизнис модел.

Искуството продолжува да ми кажува дека ми требаат повеќе детали, особено во области на ризик и управување со ризикот. Го вклучив и тој дел во процесот на бизнис планирање и бизнис планот нормално.

Но, повторно, ми треба нешто повеќе. Бидејќи не можеме да замислиме денес бизнис без градење на онлајн присуство, повторно направив измени во процесот на бизнис планирање и бизнис планот, вклучувајќи и посебен дел за онлајн стратегија.

Повторно, сфаќам дека недостасува нешто. Бидејќи бизнис планот е алатка која се користи секојдневно за управување со бизнисот, потребни се системи на поддршка за онлајн стратегија, која би била имплементирана како посебен дел со последните измени. Ми треба стратегија за содржина, или нешто што јас го нарекувам идеи за содржина кои ќе бидат содржани во уредувачки календар заедно со одговорностите.

Сега, тој план е многу поинаков од обичниот базиран на темплејти. Тој е многу постабилен, но и многу покорисен на основа на она што сум го користел во минатото.

Затоа се обидов ова да го поставам во едден Mind Map создаден за подготовка на таков план за вашиот бизнис

Кликнете на сликата за целосна верзија, или преземете го тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*