post

Бизнис План – Онлајн Стратегија

Ќе продолжам со туторијалот за бизнис планирање. Досега ја направивме насловната страна, кажавме и за резимето и содржината, напишавме нешто за компанијата, ги дефиниравме производите и услугите кои ќе ги понудиме на пазарот, направивме анализа на пазарот и индустријата и спроведовме SWOT анализа. Сега е на ред нешто сосема ново, и нешто што во практика ретко или пак воопшто го гледам.

Бизнис план - Онлајн стратегија

Онлајн стратегија како дел од бизнис план

Овој наслов како дел од еден бизнис план е нешто сосема ново, нешто што не беше опфатено со претходната верзија на туторијалот за изработка на бизнис план. Сметам дека е од суштинско значаење за бизнисот ушто во оваа фаза на планирање претприемачот да испланира за онлајн присутноста и онлајн активностите кои ќе ги спроведува во иднина.

Во претходниот пост дадов некои видувања за тоа околу поистоветување на онлајн стратегијата со бизнис стратегијата. Мислам дека за да не се направи грешка со испуштање на онлајн присутноста на еден бизнис мора уште во оваа фаза да се вклучи и онлајн стратегијата во процесот на бизнис планирање.

Овој наслов како дел од еден бизнис план можеби претставува наједноставниот наслов за кој е потребна добра волја на претприемачот и секако разбирање на значењето и потребата на една онлајн стратегија во неговиот бизнис.

Неколку важни одлуки

Пред да започнете со изработка на онлајн стратегија како дел од процес на бизнис планирање би требало да одговорите на следниве прашања:

  1. Што прават потенцијалните конкуренти на оваа поле?
  2. Кои се онлајн активностите на потенцијалните конкуренти?
  3. Каде на интернетот се присутни моите потенцијални клиенти?
  4. Што бараат потенцијалните клиенти на интернетот?
  5. Како мојот бизнис да биде присутен на начин подобар од конкурентите и попрепознатлив за потенцијалните купувачи?
  6. Дали ќе имам само статична веб презентација на производите и/или услугите или динамична и интерактивна со потенцијалните купувачи содржина?
  7. Која ќе биде целта на онлајн присутноста?
  8. Што ќе биде постигнувањето кое може да се каже дека е задоволителна нашата присутност?

Со одговор на овие прашања, но одговор кој ќе биде реален и неутрален веќе ќе можете да ја видите Вашата онлајн стратегија која ќе биде дел од Вашиот бизнис план.

Дизајнирање на онлајн стратегија

Во седмото прашање веќе дадовте одговор за целта на онлајн присутноста на Вашиот бизнис. Па затоа и дизајнот треба да започне со тие цели кои ќе се преточат во стратегија. На пример, имате цел јакнење на Вашиот бренд со онлајн присутност. Стратегиите за исполнување на оваа цел би можеле да бидат: зголемување на посетеност на Вашата веб страна, зголемување на интеракцијата со посетителите, зајакнување на присутноста на социјалните медиуми…

За секоја стратегија треба да произлезат посебни тактики. На пример, за стратегијата зголемување на посетеноста на веб страната некои тактики би биле:

  • Постојано ажурирање на содржина,
  • SEO – Оптимизација за пребарувачи,
  • Користење на PPC кампањи,
  • Промоција преку социјални медиуми,

Ставам три точки за да не бидам сфатен дека ова е единствено, ова е само пример кој може да ви даде еден патоказ како да ја подготвите Вашата онлајн стратегија како дел од бизнис планот. Понатаму за секоја тактика (како што ја дефиниравме стратегијата во Стратегија за бизнис трансформација) ќе треба да ги специфицирате конкретните активности и одговорностите на одделите или пак лицата кои ќе треба да ги спроведат тие активности. На пример, за постојано ажурирање на содржина како активности би можеле да ги дефинирате следниве:

  • Следење на вестите од индустријата,
  • Пишување на информативни содржини,
  • Објавување на сите тие содржини

Онлајн стратегија како дел од бизнис планот

Сега веќе ги имате дефинирано сите овие елементи во вид на:

  • Стратегија
    • Тактики
      • Активности

Сега едноствно ви останува сето тоа да го ставите во една табела и на една страна да биде сместена во бизнис планот. Тоа е доволно за да имате почетна онлајн стратегија за Вашиот бизнис. Вклучете ја како дел од бизнис планот и верувајте ми, дека нема ништо да изгубите, а придобивките доколку ја реализирате се немерливи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. lilanakeska says:

    ova e odlicno.

Trackbacks

  1. Tweets that mention Бизнис План – Онлајн Стратегија — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Бизнис План – Онлајн Стратегија – Ќе продолжам со туторијалот за бизнис планирање. Досег http://ow.ly/17ihzP […]

  2. […] и индустријата, спроведовме SWOT анализа, изработивме онлајн стратегија за бизнисот, маркетинг стратегија и продажна стратегија. Сега ќе […]

  3. […] и индустријата, спроведовме SWOT анализа, изработивме онлајн стратегија за бизнисот, маркетинг стратегија и продажна стратегија. Ја […]

  4. […] последна фаза од овој процес е да се направи соодветен план за тоа како ќе се користат овие зборови. Мора да ги […]

Speak Your Mind

*