post

Бизнис План Структура

Planning session На претприемач пред повеќе од една година објавив серијал за елементи на бизнис планот и како да се подготви секој елемент. Збирниот преглед и линкови до сите поднаслови на бизнис плaнот го објавив во Бизнис План – Сублимирање. Во моментов започнав подготовка за реобјавување на тие написи со дополнувања од искуството во изминатата година како мое лично така и на одредени клиенти. Ова е поради фактот што бизнис планирање е динамична материја и постојано подлежи на промени.

Додека веќе си го ставив ова како еден вид на задача во мојот календар на активности налетав на добар напис со една структура на елементи на бизнис планот од страна на Д-р Jeff Cornwall на неговата веб страна The Entrepreneurial Mind.

Тука само би ги набројал елементите а за повеќе детали можете да прочитате од оригиналниот напис:

  • Мисија (25 збора)
  • Бизнис концепт (максимум 1 страна)
  • Докажување на вредноста (максимално 2 страни)
  • Целен пазар (максимално 1 страна)
  • Комуникациски и дистрибуциски канали (максимално 1 страна)
  • Односи со потрошувачи (максимално половина страна)
  • Потребни ресурси (максимално 1 страна)
  • Клучни активности (максимално 1 страна)
  • Клучни стејкхолдери (максимално 1 страна)
  • Проекција на приходи (максимално 1 страна)
  • Структура на трошоци (максимално 1 страна)
  • Рентабилност (една реченица максимално).

Всушност ова се елементите на бизнис планот кои треба да се подготват пред да се започне со официјално документирање на истиот, односно со негово пишување. Вака гледајќи ја структурата има опфатено се што е потребно за да еден претприемач испланира како неговиот нов бизнис ќе функционира. Инаку концептот е повеќе за нови бизниси, односно бизниси кои започнуваат од 0.

Инаку јас сеуште останувам на мојот став дека бизнис планот треба да биде едноставен како би можел да се имплементира и мери се она што е имплементирано што го образложив повеќе во Бизнис План – Опасности во Стилот Планирај го Твојот Бизнис План.

Во секој случај наскоро ќе започнам со објавување на новите елементи во структурата на бизнис планот.

photo credit: WorldIslandInfo.com

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*