post

БИЗНИС ПЛАН – СУБЛИМИРАЊЕ

BPl copy Во претходните неколку месеци дел по дел објавувавме упатства за изработка на бизнис планот. Бизнис планот е основата за претворање на Вашата бизнис идеја во реален бизнис. Дали ќе биде успешен или не ќе зависи од активностите што сте си ги поставиле во бизнис планот.

Во неколку блог написи до сега повторувам дека не е важна формата на бизнис планот. Таа може да биде и на една обична салфетка која ја имате при рака додека седите во кафеана каде креативноста Ви е зголемена и за да не заборавите пишувате во вид на точки на активности кои треба да ги изведете во наредниот период.

Вака се одвиваа работите при презентација на упатствата за изработка на бизнис планот:

  1. Започнавме со изработка на насловна страна. Можеби звучи глупаво и неважно, но препорачувам да започнете со изработка на овој елемент поради тоа што:
    • Ова е првата страна што ќе биде видлива за секој бизнис план
    • Ќе ве поттикне да продолжите со понатамошнат изработка бидејќи веќе сте почнале. За секоја работа најтешко е да се почне, но кога ќе се почне се се одвива како подмачкано.
    • Бидејќи изработката е едноставна во текот на изработката ќе ви се зголеми креативноста за изработка на наредните елементи.
  2. Откако завршивме со насловната страна преминавме на изработка на елементите резиме и содржина. Не, само ги поставивме насловите, а на крајот откако ќе завршиме со останатите елементи ќе ги пополниме овие елементи.
  3. Па потоа почнавме да пишуваме нешто општо за нашата нова компанија или бизнис. Тука опфативме за сопственичката структура, правна форма на бизнисот, нешто околу можните трошоци и локацијата.
  4. Откако ги дефиниравме општите работи за бизнисот тргнавме да ги опишуваме нашите производи и/или услуги кои бизнисот ќе ги понуди на пазарот.
  5. Сега веќе кога ги имаме дефинирано производите и/или услугите ќе можеме да спроведеме анализа на пазарот и индустријата. Веќе со овој елемент ќе имаме солидни показатели во каква состојба се наоѓа индустријата и пазарот и какви ќе бидат во иднина. Запомнете дека додека го изведувате овој елемент може да се случи и промена на нешто што досега сте го напишале. Сепак во бизнисот закон е пазарот и индустријата и доколку бара промена на производите и/или услугите слободно променете ги за да бидат во согласност со овој елемент од бизнис планот.
  6. Е сега ги знаеме нашите производи и/или услуги, го познаваме пазарот и индустријата и ќе можеме да ги дефинираме нашите стратегии за понатамошно дејствување. Тука ќе размислуваме и ќе пишуваме за две важни стратегии:
    • Маркетинг стратегија и
    • Продажна стратегија
  7. Откако ги имаме дефинирано стратегиите ќе можеме да размислуваме за имплементацијата. Со овој елемент на бизнис планот ќе добиеме една интересна табела за активностите кои ќе треба да ги спроведуваме во периодот за кој се однесува бизнис планот. Во голем дел успешноста на бизнисот ќе зависи од:
    • Видот на активностите кои сме си ги поставиле и од
    • Навремено комплетирање на овие активности
  8. Сега е пожелно малу да размислиме за нашиот маркетинг план односно планот како да привлечеме колку што може повеќе потенцијални потрошувачи во нашата продажна инка.
  9. И на ред е менаџментот каде ќе ги дефинираме организациската структура, клучните менаџерски луѓе и ќе размислиме малку за можните слабости на менаџерскиот тим.
  10. Откако ги дефиниравме сите претходни елементи можеме да се играме малку со бројки претворени во пари. Ова се финансии еден од најтешките и најболните елементи на бизнис планот.
  11. Иако последна не и неважна SWOT анализа ќе ја изведеме сега и која ќе ни каже кои се нашите јаки и слаби страни, а кои ни се можностите и заканите.

Но, стигнавме до 11, а велам 13 елементи на бизнис планот? О, да резимето и содржината се впишани во едно, па така се 12 елементи. И секако, маркетинг и продажна стратегија како посебни елементи стануваат 13 основни елементи на секој бизнис план. Следете ги упатствата и ќе имате добар бизнис план. Следете ја имлементацијата и корегирајте го од време на време и ќе имате успешен бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] до сите поднаслови на бизнис плaнот го објавив во Бизнис План – Сублимирање. Во моментов започнав подготовка за реобјавување на […]

  2. […] Бизнис план – Сублимирање. Во овој напис едноставно се сублимирани сите наслови од бизнис планот. Тука се и линкови до упатствата за изработка на се кој од насловите на самиот бизнис план. Ова е таканаречениот формален бизнис план, кој мислам дека не претставува едноставен патоказ за Вас и вашиот бизнис туку форма барана од финансиски институции. […]

  3. […] Користете ги овие препораки за грешки при изработка на бизнис план согласно упатствата за бизнис план на претприемач. […]

Напиши одговор на 10 Грешки Кои Еден Претприемач Ги Прави во Бизнис Планот | Претприемач Откажи одговор

*