post

Бизнис План – SWOT Анализа

Ќе продолжиме со следниот елемент, односно наслов на бизнис план – SWOT анализа. Досега ја завршивме насловната страна, и го поставивме скелетот на бизнис планот преку краткото резиме и содржина. Потоа, напишавме нешто за нашата компанија, ги дефиниравме производите и услугите како како за поблиска така и за подалечна иднина и направивме анализа на пазарот и индустријата. Сега е време во овој дел од процесот на планирање да ги видиме нашите реални позиции.

Бизнос план - SWOT анализа

Бизнис план - SWOT анализа

Во претходната верзија на овој туторијал овој наслов за SWOT анализа беше како последен додека во оваа верзија одлучив да го сместам веднаш по завршување на анализа на пазарот и индустријата. Зошто? Првин, SWOT анализата претставува анализа на бизнисот од внатрешен и надворешен аспект. Отсекогаш сметам дека внатрешен аспект е многу поедноставен додека вистински проблеми со оваа алатка доаѓаат при анализа на надворешниот аспект. Па затоа додека сеуште ни е свежа анализата на пазарот и индустријата која на некој начин ги анализира сите надворешни чинители на една бизнис околина, подобро е веднаш да се премине со SWOT анализата.

Треба да напоменам дека ни оваа анализа не мора да биде конечна туку едноставно може да се ажурира и по завршување на останатите наслови. Ова е процес на планирање, а не пишување на план. Така да се додека сме во работна верзија, ние планираме.

Општо за SWOT анализа

SWOT анализа е елемент кој треба да воведе реалност во вашиот бизнис план. Зошто реалност? Она што досега го анализиравте и планиравте преку SWOT анализа треба да видите колку сте реални, односно кои се вашите јаки и слаби страни, како и тоа кои се вашите можности и закани. Кратенката SWOT претставува акроним добиен од првите букви на зборовите.

  • Strengths – силини, јачини, предности…
  • Weaknesses – слабости, недостатоци, мани…
  • Opportunities – шанси, можности, прилики…
  • Threats – закани, опасности…

Повеќе детали за основите на SWOT анализа можете да прочитате во Основи на SWOT анализа.

Чекори за спроведување

Овој наслов на бизнис планот не опфаќа голем процентуален дел од планот како документ, на пример доволна е една страна за се да се претстави. Но, посложен и повеќе време ќе одземе процесот на спроведување на анализата. Како најдобар начин за спроведување на оваа анализа е да се поставуваат прашања и да се одговараат истите. Како еден пример на поставен прашања за спроведување на SWOT анализа за бизнисите во Македонија можете да ги прочитате во Прашалник за SWOT анализа.

Како најдобро решение сеуште сметам дека ќе биде спроведување на SWOT анализа преку 4 чекори:

  1. Скенирање на надворешна и внатрешна бизнис околина.
  2. Анализа на внатрешната и надворешната околина.
  3. Конструирање на SWOT матрица.
  4. Дефинирање на стратегии.

SWOT анализа - 4 чекори

SWOT анализа - 4 чекори

Прашањата за внатрешните и надворешните елементи за бизнисот би требало да ги опфатат сите значајни работи кои имаат или пак ќе имаат влијание врз бизнис перформансите. Како основни прашања на кои ќе треба да дадете одговор и добар водич во овој процес ќе ви послужи написот за SWOT анализа во 4 чекори.

За секој одговор поставете си го прашањето ЗОШТО. Зошто нешто е јака, а зошто слаба страна? Зошто нешто е можност, а зошто закана?

Вклучување на анализата во бизнис планот

Она што анализирате, преку одговор на прашања и дефинирање на слаби и јаки страни, како и можности и закани не треба се да го сместите на некој начин во бизнис планот. Доволно е бизнис планот да биде содржан со два поднаслови од овој наслов:

  • SWOT матрица
  • Стратегии кои произлегуваат од SWOT анализа

SWOT матрица

Поставете ги сите елементи во SWOT матрица како што е прикажано на сликата подолу согласно тоа дали тој елемент претставува јака или слаба страна или пак можност или закана.

SWOT матрица

SWOT матрица

Стратегии

Откако ќе ја имате SWOT матрицата потребно е да изберете соодветни стратегии согласно дијаграм на текот за SWOT анализа. Од SWOT матрицата можете да извлечете 4 стратегии:

  • S-O стратегии (Силини-Можности стратегии). Овие стратегии треба да ги искористат можностите кои се вклопуваат во силните страни на бизнисот.
  • W-O стратегии (Слабости-Можности стратегии). Овие стратегии треба да овозможат да се надминат слабостите на бизнисот додека се искористуваат можностите.
  • S-T стратегии (Силини-Закани стратегии). Овие стратегии треба да овозможат искористување на слните страни, додека се елиминираат или намалуваат заканите од околината.
  • W-T стратегии (Слабости-Закани стратегии). Овие стратегии треба да овозможат елиминирање на слабостите и оневозможување на надворешните закани да ги допрат токму тие слабости на бизнисот.

Наведете ги овие стратегии описно. Можете да ги сместите и во една табела при што за секоја стратегија во посебна колона наведете ги тактикте, а за секоја тактика наведете ги активностите кои ќе треба да ги превземете. Понатаму ќе стане збор и за други стратегии во бизнис планот како продажна и маркетинг стратегија. Стратегиите кои ќе се дефинираат тука ќе претставуваат темел за развој на бизнисот во иднина.

SWOT стратегии

Стратегии од SWOT анализа

Во секој случај овој наслов е многу важен елемент од целиот процес на планирање. Доколку уште сега го спроведете искрено и реално, ги дефинирате стратегиите секако подоцна ги спроведете тие стратегии можете да очекувате да имате недостижна конкурентска предност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] анализа на пазарот и индустријата, спроведовме SWOT анализа и секако направивме онлајн стратегија за […]

Speak Your Mind

*