post

Бизнис план во услови на крајно променливо опкружување

Како тема за следната епизода која ќе биде објавена во понеделник (27.05.2013) на подкастот насловен како “претприемачки пат” се одлучив да биде бизнис план во услови на крајно променливо опкружување. Оваа тема е навистина интересна, особено за денес но и за утре бидејќи се наоѓаме на една крстосница при што како никогаш досега не се воделе дискусии за потреба или немање на потреба од еден официјален бизнис план.

Од друга страна некако претставува одлично продолжување од првата епизода: процес на следење и мерење на резултати.

Моето мислење, што ми се потврдува и од практиката е дека нема потреба од “традиционален” бизнис план, но потреба од процес на планирање постои и тоа како, нормално доколку се спроведува на вистинскиот начин.

Доколку сакате да бидете дел од оваа епизода, слободно можете да поставите прашање преку гласовна порака која ќе биде вметната во епизодата или пак преку контакт форма кое ќе биде прочитано и одговорено во текот на епизодата. Прашањата можете да ги поставите преку страната за прашања за подкастот.

Инаку во оваа подкаст епизода ќе зборувам за проблемите со кои се соочува процесот на планирање и самиот бизнис план денес, но и ќе образложам 9 препораки кои ќе ви помогнат во имплементација на процес на планирање и подготовка на бизнис план во услови на крајно променливо опкружување. Всушност препораките ќе одговорат на следниве прашања:

  1. Кој треба да го подготви бизнис планот?
  2. Колкава треба да биде големината на бизнис планот
  3. Од каде да започнете при започнување на подготовка на бизнис план?
  4. Што треба да докаже и покаже вашиот бизнис план?
  5. На кои прашања ќе треба да даде одговор вашиот бизнис план?
  6. Каква структура на бизнис план може да се користи?
  7. Како бизнис планот да се справи со неизвесноста во која функционира бизнисот?
  8. Како да се справувате со грешките во бизнис планот кои ќе се откријат по започнување со имплементацијата на самиот план?
  9. Како да се справите со перфекционизмот кога станува збор за подготовка на еден бизнис план.

Доколку сакате нешто друго да биде вклучено во оваа епизода можете да поставите прашање (гласовно или писмено преку контакт форма) на страната за подкаст прашања.

Доколку пак сакате некоја тема да биде вклучена во следните епизоди на подкастот “претприемачки пат” слободно дајте предлог преку коментар на овој пост.

Сите епизоди на подкастот “претприемачки пат” можете да ги следите и преку iTunes.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*