post

Бизнис план за еден ден преку прашања

Бизнис план

Бизнис план

Бизнис план е потребен кога бизнисот веќе ќе започне да функционира, кога се поминува она страотна стартап фаза, но без грешка.

Во овој наслов би сакал да презентирам еден едноставен процес на подготовка на еден едноставен план за развој на твојот бизнис. Процесот е преку одговор на специфични прашања кои ќе те поттикнат да размислиш, најдеш одговори и составиш план со конкретни чекори за твојот бизнис во наредниот период.

Напомена: овој вид на бизнис план се однесува на мали бизниси кои само што ја поминуваат стартап фазата, односно хипотезите се тестирани и докажани и бизнисот започнува да заработува пари.

Ти како претприемач

Ти си претприемач, од тебе се започнува или започнало. Затоа и мора да започнеш од тебе.

Интересно е што многу проблеми во еден бизнис се јавуваат токму во таа спрега, претприемач, бизнис и купувачи. Претприемачот има свои цели, бизнисот има свои цели, но и купувачите имаат свои цели.

Сите тие цели мора да се усогласат за да системот-спрегата функционира како едно. Затоа мора да започнеш од тебе, твоите цели и твојата визија.

  1. Како еден претприемач како се гледаш во следните една, две или три години?
  2. Што сакаш да постигнеш на личен план во тој период?
  3. Можеш ли да го постигнеш тоа што сакаш да го постигнеш?
  4. Што твојот бизнис треба да постигне за да можеш да ги постигнеш личните цели?

Бизнис визија

Кога веќе знаеш што сакаш и како да го постигнеш тоа што го сакаш време е да ја скицираш визијата за бизнисот за во иднина, односно периодот за кој ќе се однесува тој бизнис план.

  1. Што сакаш твојата компанија да биде во иднината?
  2. Зошто сакаш да биде тоа што сакаш да биде во иднина?
  3. Како бизнис визијата може да допринесе за визијата за тебе како еден претприемач?
  4. Како бизнис визијата може да допринесе за купувачите?

Бизнис цели

За да една визија стане реалност мора да исполнат одредени цели. Кои се тие цели?

  1. Како ќе ја реализираш визијата?
  2. Која е целта на постоење на твојот бизнис, односно мисијата на бизнисот?
  3. Која е вредноста која што ќе им ја ветуваш на купувачите во идниот период?

Маркетинг

За еден бизнис да ги исполни целите поставени пред него ќе мора да има купувачи, и да ја зголемува базата со купувачи. Затоа и потребата од маркетинг стратегија.

  1. Кои ќе бидат идеалните купувачи за твојот бизнис?
  2. Каде се тие?
  3. Што сакаат?
  4. Како функционираат?
  5. Како ќе го раснеш бизнисот?
  6. Како ќе стигнеш до тие купувачи?
  7. Какви можности постојат на пазарот?

Финансии

И се би било ОК, доколку не постојат трошоци. Но, тие се неминовна реалност на еден бизнис и мора да се обезбеди нивно покривање, инаку нема бизнис.

  1. Што треба да постигнеш на финансиски пла по една година од имплементацијата на планот?
  2. Какви приходи очекуваш?
  3. Каква профитабилност очекуваш?
  4. Како ќе го мериш успехот?
  5. Како ќе се движи готовинскиот тек?
  6. Треба ли да интервенираш со дополнителни финансии заради целосна имплементација на планот?

Акција

Досега беше се лесно и едноставно, си седиме во канцеларија и пишуваме на лист хартија, користиме дигитрон или компјутер. Но, она што се планира, мора да се имплементира. А, ќе се имплементира само доколку твојот план има прецизно и јасно дефинирани чекори кои треба да се преземат заради реализација на планот и остварување на зацртаните цели.

  1. Какви конкретни чекори ќе преземеш заради остварување на визијата?
  2. Кога клучните проекти ќе бидат комплетирани?
  3. Кој ќе биде одговорен за имплементација на конкретните следни чекори?
  4. Што претставува успешна акција?
Ова е план кој може да биде и на една страничка, добро, можеби двострано. Но, овој план ќе биде јасен патоказ за периодот кој следува. Доколку сакаш подетален план со опфаќање на сите елементи може да ги погледнеш специфичните поглавја на еден бизнис план во постот насловен како процес на бизнис планирање каде се дадени 15 елементи кои еден бизнис план треба да ги опфати преку еден процес на планирање.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*