post

Бизнис прашања и претприемачот

Прашања и претприемачот

Прашања и претприемачот

Зошто бизнис прашања за еден претприемач? Прашањата се нешто што бараат одговор, а еден претприемач секогаш ќе бара одговори за конкуренцијата, за самиот бизнис, за потрошувачите, за производи и/или услуги, и уште безброј други одговори…

Затоа прашањата се важни за еден претприемач. Можеби едни од најдобрите и најкористените постови на претприемач се дизајнирани во вид на прашања. Погледнете во некои од нив:

Доколку ги разгледавте тие прашања или барем дел од нив сигурно ве поттикнале да размислите малку подлабоко за барање на одговорот.

Погледнете во сликата подолу:

Бизнис прашања и некои последици

Бизнис прашања и некои последици

На сликата се дадени некои од последици на користење на бизнис прашања.

1. Бизнис прашања – последица одговор

Секое прашање има за цел да поттикне одговарање на истото. Прашањето поттикнува акција бидејќи не е само мисла која останува прочитана, запаметена некое време и ставена во делот на заборавот на вашиот мозок.

Доколку секој бизнис проблем се обидете да го претворите во прашања при барање на решение ќе дојдете до голем број на можни решенија за тој проблем.

2. Бизнис прашања – последица размислување

Прашањата имаат моќ да не терат на размислување преку поглед кон проблемите од различни аспекти, стојалишта или експертизи.

На пример, доколку имаме прашање како да го зголемам приходот за 10% ќе почнеме да размислуваме за сите фактори кои влијаат на приходите:

  • Зголемување на продажба
  • Зголемување на цени
  • Намалување на трошоци

3. Бизнис прашања – последица можности

Барајќи одговор на прашања го зголемуваме нашиот потенцијал во откривање на дополнителни можности за нашиот бизнис.

Сигурно ќе дојдеме до нови можности за зголемување на продажбата или зголемување на цените или пак намалување на трошоците од примерот во претходното прашање.

4. Бизнис прашања – последица идеи

Ако успееме да дојдеме до нови можности сугурно ќе дојдете и до нови идеи кои ќе бидат одговорни за обликување на иднината на вашиот бизнис.

Секоја можност дефинирана во зголемување на продажбата ќе биде трансферирана во уште по неколку идеи за остварување на таа цел. На пример,

  • Регрутирање на нови купувачи преку зајакнување на маркетинг и продажни активности на нашиот бизнис.
  • Зголемување на продажба на постоечки купувачи преку соодветна обука на продажниот персонал.

5.  Бизнис прашања – последица подобрување

Разгледувајќи прашања и барајќи одговор на тие прашања ќе дојдете до повеќе идеи за подобрување. Едноставно преку одговарање на прашања вие се прашувате може ли подобро.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*