post

Бизнис Проблеми – 3 Аспекти при решавање

Решавање на проблеми во бизнисот претставува секојдневна активност на еден претприемач. Проблемите се присутни постојано и слободно може да се каже дека нема бизнис кој нема проблеми. Но, пристапот на решавање на проблеми е нешто сосема друго и можеби нешто што највеќе ме загрижува кога станува збор за малите бизниси.

Решавање на бизнис проблеми

Зошто ова загриженост?

Првин, ниеден бизнис проблем колку и да изгледа едноставен сепак не е. Тоа значи дека проблемите се комплексни и дека треба да се разгледува нивното решавање од повеќе аспекти.

На пример, да земеме неколку бизнис проблеми:

  • Намалување на продажба.
  • Квар на системот за наплата.
  • Ненавременост во извршување на обврски.

Кога ги гледаме овие проблеми слободно можеме да кажеме дека тоа се бизнис проблеми кои може да бидат секојдневни во еден просечен бизнис. Може и да изгледаат едноставни, но сепак ќе се сложите дека наједноставен е квар на системот за наплата бидејќи едноставно техничко лице ќе го реши.

Но, дали сме го решиле проблемот доколку техничкото лице само го поправи системот за наплата? Моето мислење е не, проблемот не е решен бидејќи може повторно да се појави. Со едно вакво решение ние едноставно сме го замаскирале вистинскиот проблем – причината за појава на кварот со системот за наплата.

Ненавременото извршување на работни обврски од страна на вработените можеби изгледа едноставно, бидејќи можеме да го казниме вработениот. Но, проблемот не е само во вработениот, проблемот може да биде во:

  • Системот за селекција на вработени
  • Систем на менаџмент
  • Систем на обука.

Забележувате дека во бизнис светот не постои едноставен проблем, бидејќи на виделина изгледуваат само шминки на вистинските проблеми кои длабоко се задскриени во корените на Вашиот бизнис дизајн или целокупниот систем на бизнисот.

Откако образложив преку примери што претставуваат бизнис проблеми, загриженоста во однос на ова прашање ми се појавува заради тоа што секогаш се стремиме проблемите да ги гледаме со технички очи, или едноставно како техничко лице, што значи дека едноставно на еден таков начин сме слепи за вистинскиот длабински корен на проблемот. Затоа како можно решение е проблемот да се разгледува од страна на три аспекти.

3 Аспекти на бизнис проблеми

Од досегашното во овој напис, можеби веќе ги примевте трите најважни аспекти за приод кон решавање на еден бизнис проблем, а тоа се:

  • Технички
  • Човечки и
  • Концепциски.

Овие аспекти се слични како и трите вида на менаџерски вештини.

Технички аспект на бизнис проблеми

Техничкиот аспект на приод кон решавање на бизнис проблемот претставува површинско, односно моментно отстранување на постоење на тој проблем. Како што погоре напишав тоа отстранување на моменталниот квар.

Овој аспект е во ред, но решавањето на проблемот не смее да застане тука, туку мора да се продолжи со следниот аспект на разгледување на бизнис проблемот.

Човечки аспект на бизнис проблеми

Бизнисот претставува комплексен динамички систем кој е составен од биолошки и технички системи. Не можеме да разгледуваме бизнис проблем без притоа да се разгледа проблемот преку еден човечки аспект. Дали изворот на проблемот е човечки фактор? Доколку е како може да се реши?

Концепциски аспект на бизнис проблеми

Овој аспект заедно со човечкиот претставува основа за добро решение на проблемот, решение кое нема да доведе до повторно појавување на истиот. Концепцискиот аспект ја гледа целината, односно како проблемот влијае на бизнисот како еден систем.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] функција пред неколку години, налетав на еден проблем. Проблемот беше што не можев да следам што се треба јас […]

Speak Your Mind

*