post

Влез во Нова Индустрија на Бизнисите

Претприемачите се луѓе кои секогаш имаат одреден предизвик, а тој предизвик е најчесто нешто ново. Дури и самото започнување на бизнисито е нешто ново за секој претприемач. Влезот во една сосема нова индустрија на бизнисите е целосно вообичаена практика. И стартап бизнисите и веќе постоечки бизниси имаат потреба од влез во нова индустрија. Без разлика дали влегуваат како сосема нов бизнис или пак како веќе постоечки бизнис влезот е идентичен. За подобро снаоѓање потребно е подобро познавање на самата индустрија и пазарот на кој функционира.

Во еден од претходните написи на претприемач пишувавме за Анализа на индустријата преку одговор на 40 прашања. Овој напис Ви ја претставува самата анализа со давање на одговор на 40 прашања. Забележувајќи ги одговорите Вие несвесно ќе имате еден документ кој се нарекува Анализа на индустријата. Но, во написот не е прикажана постапката како да се дојде до одговори на тие прашања.

Доколку очекувате дека ќе налетате на листа на одговорени прашања, грешите. Никој не може да ви даде место акде што сите одговори ќе бидат дадени одеднаш. Оваа е особено кај нас каде сеуште информациите се длабоко затворени за широката јавност што од институциите, што од индивидуалците кои не сакаат другите да имаат знаење за да можат едноставно да го продаваат. Но, оваа веб страна е сосема поинаква и уште од самиот старт си постави сопствен и уникатен Elevator Pitch – Извор на знаење за малите бизниси.

Но, да тргнеме со една листа на активности која можете да ја следите при анализа и запознавање со индустријата во која сакате да влезете со нов производ или услуга или пак со сосема нов бизнис.

1. Започнете со контактирање на Вашата мрежа од пријатели

Оваа е првото нешто што го препорачувам секому. Иако знам дека кај нас луѓето се повеќе затворени отколку отворени, но сепак тоа се Ваши пријатели на ваков или онаков начин. Затоа првин направете листа кого ќе контактирате од личниот адресар. Потоа, поставете прашања на социјалната мрежа која најчесто ја користите (сигорно сте на Facebook). Целта е да соберете информации за тоа кои луѓе или пак бизнис асоцијации имаат увид во индустријата во која сакате да влезете и кои би ги споделиле информациите со Вас.

2. Извршете истражување на интернетот

Интернетот е непресушен извор на информации кои секојдневно се зголемува. И овој напис денеска го збогатува интернетот со уште еден извор на информации за претприемачи. Користете го и потрошете одредено време. Google е првото нешто што би требале да го направите бидејќи ќе ве доведе до навистина непресушен извор на информации. Преку Google ќе ги видите сите главни играчи во индустријата, можете да најдете одредени статистики за истата, ќе ги видите производите и услугите кои се нудат. Второто пребарување е Wikipedia која навистина ќе ви даде информации за историја на секоја индустрија. Прибирајте ги информациите и одговарајте на прашањата.

3. Посетувајте ги саемите

Започнете со посетување на саеми од подрачјето на индустријата в која сакате да влезете. Тие се место каде ќе видите кој што нуди и кои се играчите во индустријата. Поголема концентрација на луѓе од една индустрија ретшко дека ќе можете да најдете на едно место како што се на саемите. Прашувајте ги изложувачите за прашањата кои ве интересираат и бележете ги во тефтерот.

Пред некое време започна да функционира и електронски саем во Македонија за кој веќе пишував на еСаем за Бизниси – MakExpo . Таму ќе ги најдете ситекомпании подредени по индустрија и ќе можете да извлечете информации за самата компанија како и производите и услугите што ги нудат во индустријата.

4. Читајте

Постојано барајте и читајте различни списанија и публикации кои обработуваат тематика од индустријата во која сакате да влезете. Тие даваат навистина добри информации за одредени движења и главните играчи во индустријата. Обидете се да ги научите сите аспекти на таа индустрија за да бидете подготвени на состаноците да го користите истиот жаргон кој е прифатлив на постоечките членови.

Секоја информација може да биде пресудна во идниот успех на Вашиот бизнис во индустријата во која сакате да навлезете.

Сликата од country_boy_shane
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*