post

Бизнисот и демографските движења

Демографски движења

Демографски движења

Демографските движења се важни за секаков тип на бизнис. Постојат многу бизниси кои биле успешни, но со текот на времето не ги следеле демографските промени и пропаднале. Постојат многу бизниси кои не успеваат затоа што во маркетинг планот не опфатиле истражување на демографските карактеристики на пазарот, па затоа нивниот производ и/или услуга остварил неуспех на тој целен пазар. Демографските карактеристики на пазарот на кој претприемачот сака да ги продава своите производи и/или услуги се многу значајни за успешноста на бизнисот. Сигурно дека на пазар на кој преовладува население со поголема старост нема да можете да продавате компјутери и софтвери или пак видео игри (иако денес се е можно). Овие производи можете да ги продавате на пазар на кој преовладува помладо население.

Демографски промени

Демографски промени претставуваат лесно видливи надворешни обележја, кои имаат големо влијание на економијата, политиката, културата, односно на сите сегменти на општеството.

Тоа се промени во населението, неговиот обем, старосната структура, составот, вработеноста, образовниот статус, способноста, мобилноста (во однос на движење и патување) и приходи. Демографските трендови ги опишуваат промените на овие елементи во текот на одреден временски период.

Демографските промени се покажале како брзи, сложени, дури брутални (поради нарушената демографска структура на населението се случиле неколку воени судири) и многу влијателни фактори.

Зошто демографските промени се важни?

Непромислено би било да се занемарат демографските промени во дваесет и првиот век. Основна претпоставка и за денешното време е дека населението во светот е нестабилно и подложно на промени. И секогаш ќе биде подложно на тие промени. Промените се постојани и луѓето постојано се менуваат од секунда во секунда.

Еден од поголемите проблеми во светот во овој век ќе биде, од една страна стареењето на населението во развиениот свет, а од друга страна зголемувањето на бројот на населението во неразвиените земји. Статичните популации кои долго време остануваат на едно место, се попрво исклучок отколку правило.

Промена на демографската структура овозможува високопродуктивна иновативна можност. Успешните претприемачи својата идеја ја базирале на предвидување на демографските промени во иднината. Многу големи компании денес се резултат на успешното предвидување на демографските трендови на претприемачот.

Демографските промени имаат големо влијание на тоа што ќе биде купувано во иднина, од кого и во колкави количини.

Тинајџерите купуват поради мода а не поради трајност. Но, нивните средства се ограничени. Истите тие луѓе, десет години подоцна, ќе купуваат прво поради удобност и трајност, а дури потоа поради мода. Луѓето во првите пензиски години го чинат главно пазарот за патување и одмор. Десет години подоцна, тие исти луѓе ќе бидат клиенти на старечки домови и ќе бидат корисници на медицинската нега.

Луѓето кои во помлади години се стекнале со широко образование, по 10-20 години ќе станат кандидати за разни специјализации и стручни усовршувања. Тие луѓе се заинтересирани за вработување како работници со знаење. Дури и без конкуренцијата од земјите со ниски плати и големиот пораст на бројот на млади луѓе, индустриските развиени земји од Запад и Јапонија, би морале да пристапат кон автоматизација на производството, бидејќи имаат високо школуван кадар. Демографските промени покажуваат дека комбинираните ефекти на наглиот пад на наталитетот и експанзија на образованието, создава состојбата во која традиционалното вработување на рачни производни работници во развиените земји, би можело да биде на пониско ниво во однос на претходениот број.

Затоа потребно е во Вашиот маркетинг и бизнис план да ги вклучите анализите за демографските трендови. Направете сегменти на пазарот во однос на староста, наведете ги карактеристиките на сите тие сегменти, пронајдете го сегментот каде можете да бидете најуспешни и нападнете. Тоа ќе ви овозможи сигурен успех.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Демографијата, социјалните науки и маркетингот користат термини како генерација X или Y во сопствените истражувања. На бизнисите големо влијание имаат генерациите кои се потрошувачи на тие бизниси. Различни генерации имаат различни пари за трошење и различно се однеусваат во дадени ситуации. Децата не можете да очекувате дека во секој момент ќе имаат пари со нив за купување на компјутери. Пензионерите гледаат да заштедат за да го проживеат месецот и се добри за бизниси со храна и аптеките. Секоја генерација различно се однесува во поглед на купувањето и донесување на одлука за купување. Тука ќе разгледаме две генерации во поглед на тоа кои се тие генерации (возраста) и некои карактеристики на однесување и спремноста за трошење на нивните пари за некои производи и/или услуги кои токму вие ги користите. […]

Speak Your Mind

*