post

12 ГРЕШКИ КОИ ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ НАЈЧЕСТО ГИ ПРАВАТ ПРИ ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС

Грешките се дел од нашиот секојдневен живот. Некои грешки нема да не чинат нишMistakeто, но некои од нив можат да бидат скапи и катастрофални. Затоа мора да се избегнат грешките што можат да донесат катастрофа во нашиот бизнис или живот. Но, исто така, некои грешки може да бидат добри затоа што можеме да научиме нешто ново од истите.
Сепак, грешките се нешто што не е извршено правилно или онака како што треба или нешто што го правиме во погрешна насока.
Периодот на започнување на бизнис претставува еден од најчувствителните периоди за бизнисот и за животот на еден претприемач. Започнувањето на бизнисот е проследено со:

  • Недостатокот на финансии
  • Недостаток на потрошувачи
  • Недостаток на време за да го развиваат бизнисот.

Поради тоа многу е важно во овој суштински период за бизнисот да не се прават некои „глупави“ грешки што можат да го уништат бизнисот уште во раните фази. Најчестите грешки кои претприемачите може да ги направат во период на започнување на бизнис и кои понекогаш можат да бидат катастрофални за успехот на бизнисот се:

  1. Бизнис идејата не решава никаков проблем на пазарот. Секој бизнис продава нешто. Оној што плаќа за тоа нешто плаќа затоа што очекува дека ќе му биде решен проблемот. Доколку бизнисот не решава нечиј проблем тогаш тоа и не е бизнис.
  2. Започнуваат бизнис без истражување на пазарот. Секој почеток треба да има претходница од истражување на пазарот. Без соодветно истражување на пазарот нема да се знае кои производи и услуги да се понудат и за кои производи и услуги потрошувачите се спремни да одвојат пари.
  3. Сакаат да започнат и започнуваат бизнис, за кој не поседуваат вештини.
  4. Бизнисот кој го започнуват не им е забавен. Често пати се водат од заработката пред се. Иако, треба она што ќе го работат да им биде забавно и да го сакаат.
  5. Немаат доволно пари за започнување на бизнис, а сепак започнуваат. Поради слабата проценка на потребни инвестиции влегуваат во бизнис за кој немат финансиски капацитет.
  6. Немаат трпеливост. Секој бизнис бара трпеливост. Не постојат лесни пари. Можеби за да се почувствуват првите поволности ќе поминат две до три години.
  7. Не вработуваат за да го развиваат сопствениот бизнис. Не гледаат во вработување на луѓе како процес на развој и раст на сопствениот бизнис туку како трошок. Иако тој трошок може скапо да ги чини подоцна.
  8. Мислат дека се можат да направат сами. Една од најголемите грешки. Што од недоверба во други луѓе, што од страв за ширење на бизнисот.
  9. Не го планираат започнувањето на бизнисот.
  10. Потрошувачите не им се едиствената движечка сила.
  11. Немат знаење од менаџментот. Кога тогаш бизнисот ќе бара менаџирање. Некои побргу, некои подоцна. Без доволно знаење од менаџментот постои опасност од губење на потенцијалот на бизнисот кој бргу се развива.
  12. Не користат ментори. Ова се грешки од типот што не прифаќат добронамерни бесплатни совети, а во исто време не бараат професионална помош од консултанти.
post

ПРОНАОЃАЊЕ И ИНСТАЛИРАЊЕ НА ДОДАТОЦИ – ВИДЕО 5

Стигнавме до петото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Во четвртото видео ја ажуриравме содржината на нашиот нов веб сајт.
  • На ред е во петото видео да видиме каде да најдеме и како да инсталираме додатоци кои ќе ја подобрат функционалноста на нашата веб страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Пребарајте го Google за додатоци или одете нна официјалната страна на WP за додатоци
  2. Симнете го додатокот кој сакате да го инсталирате
  3. Отпакувајте го
  4. Поставете го на веб сервер во делот wp_content/plugins
  5. Одете во администраторкиот дел на Вашиот блог, потоа кликнете на Plugins и пронајдете го на листата додатокот кој штотуку го поставивте на веб серверот.
  6. Активирајте го додатокот со кликнување на Activate. И тоа е се!
  7. Барајте други додатоци и играјте се со истите за да видите каква функционалност му додава на Вашиот веб сајт.
  8. Чекајте го следното видео.
post

ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖУВА ПОГОЛЕМА УСПЕШНОСТ НА ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ СО БЛОГ

Го пишувам овој напис пред да тргнам на одмор и најверојатно кога ќе биде објавен ќе бидам на некоја плажа. Оваа автоматизација ми ја обезбедува WordPress платформата за блогирање.
Kако едно надополнување на претходниот напис за 10 блог теми за промоција на Вашиот бизнис сакам да споделам резултати од едно истражување кое го спроведе HubSpot.
Истражувањето е спроведено на 1531 бизниси (воглавно мали и средни бизниси) и од кои 795 имаат блог додека 736 немаат и не трошат време за блогирање туку имаа статична веб страна.
Како откритие од истражувањето се наведува дека:

The data was crystal clear: Companies that blog have far better marketing results. Specifically, the average company that blogs has:

Значи бизнисите кои користат блог како едно од маркетинг средства наместо статична веб страна за презентација и промоција на бизнисот имаат 55% повеќе посетители, 97% повеќе влезни линкови (други веб страни имаат линк кон нив) и 434% повеќе индексирани страни на Google (Google Index е мерка на Google за важноста на една веб страна врз основа на која се базира нивното пребарување). Резултатите за бизнис блогови се навистина импресивни.
Пред едно месец дена на една компанија во Македонија им препорачав да користат блог доколку сакаат да остварат поголеми успеси. Оваа препорака ја дадов по анализа на нивната веб страна која е статична и која слабо котира во однос на пребарување. Тие ми одговорија дека секој странец кој ќе го посети нивнисајт прават зделка за извоз. Но малку се оние кои ги посетуваат. А, секако би сакале да ги посетат многу повеќе и ќе имаат многу повеќе договори за работа.

post

АЖУРИРАЊЕ НА СОДРЖИНА НА ВАШИОТ ВЕБ САЈТ – ВИДЕО 4

Стигнавме до четвртото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Сега во четвртото видео ќе ја ажурираме содржината на нашиот нов веб сајт.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Поврзете се во администраторскиот дел на Вашиот веб сајт
  2. Одете на Posts
  3. Кликнете на Add Post за нов напис
  4. Играјте се со можностите на Word Press
  5. Чекајте го следното видео
post

4 ВИДА НА ЛУЃЕ СОГЛАСНО БОГАТ И СИРОМАШЕН ТАТКО – ROBERT KIYOSAKI

Robert Kiyosaki е познат по неговиот серијал од книги за приказна за богат и сиромашен татко. Тоа се приказни за двајца татковци кои имаат сосема различни вредности и различни совети за своите деца. Овие книги се продадени во милионски примероци низ светот. Јас имав прилика да прочитам неколку од нив.

Последната книга која сеуште не е објавена има сосема уникатен начин на издавање. Таа во завршна фаза Robert Kiyosaki ја постави на веб страната на интернет да може да се симне од повеќе луѓе бесплатно и да дадат свои предлози и искуства кои би влегле во конечното издание.

Ова е видео кое го добив по препорака преку Twitter и сакам да го поделам со сите посетители на претприемач. Јас се најдов во него и го повлеков првиот чекор во трансформација на вредностите од сиромашен татко кон вредностите на богатиот татко.

Неколку работи би ги потенцирал:

  • Има 4 типа на луѓе:
    • Вработени – работници, шефови, началници, директори.
    • Самовработени – сопственици на мал бизнис кои самите работат се и сешто.
    • Бизнисмени – сопственици на поголеми бизниси за кои работат други вработени.
    • Инвеститори – Луѓе кои инвестираат.

Советите на сиромашниот татко се:

Учи, работи напорно за некоја владина институција, за некоја друга фирма, напредувај низ хиерархијата и ќе бидеш успешен.

Советите на богатиот татко се:

Немој да работиш напорно, нека работат твоите вработени за тебе. Зошто да работиш и да се убиваш од работа кога тоа не е твое и можат да те отпуштат било кога сакаат без разлика дали си вреден или не.

Како е кај нас?

Учи за да се вработиш во некоја државна институција. Ако може Царинска управа или пак Управа за јавни приходи би било одлично. Ќе напредуваш како напредуваат политичките партии. Ќе бидеш успешен низ хиарархијата со париска книшка. А на крајот сепак ќе бидеш отпуштен зошто ќе се смени политичката гарнитура на власт.

Дали Robert Kiyosaki кажува нешто неточно во видеото погледајте сами. Видеото е само 10 минути но вредноста на информациите во него е непроценлива. Но, навистина треба да ги смениме вредностите во општеството. Затоа другите земји се поуспешни од нас.

Благодарам Robert за прекрасниот материјал.

post

ИЗБОР И ИНСТАЛАЦИЈА НА WORDPRESS ТЕМА – ВИДЕО 3

Стигнавме до третото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна и
  • Сега е на ред да избереме и инсталираме тема на WordPress која ќе го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги преземете:

  1. Да пронајдете тема на WordPress и да ја симнете
  2. Да го отпакувате фајлот
  3. Да го ставите фајлот на веб серверот преку FTP клиент софтвер
  4. Да ја активирате темата
  5. Чекајте го следното видео
post

ГРАФИКОН НА РЕНТАБИЛНОСТ – ВИДЕО

Конечно и видеото кое го ветив нешто поодамна а се однесува на графиконот на рентабилноста. Пред одреден период како гостински напис од страна на Предраг Стојковски директор на компанијата INTRO GROUP на претприемач објавивме напис за графикон на рентабилноста. Во овој напис беше даден основен концепт на анализа на графиконот на рентабилноста и еден темплејт за графикон на рентабилност изработен во MS Excel. Со оваа видео сакаме да дадеме еден вовед како можете да го користите темплејтот.

Сакам да го искористам овој напис и за уште едно ветување. Денеска имав неколку состаноци со луѓе од оваа индустрија од два различни центри за развој на нови бизниси. Имав некои понуди кои ги размислувам и ќе продолжам да ги размислувам. Но тоа во овој момент не е важно. Со овие реченици сакам да покажам како може да се добие една идеја за развој на нешто.

Во текот на разговорите и предлозите не добив идеја но додека возев сам (едно од покреативните места) добив десетина нови идеи за претприемач кои веднаш си ги внесов во книга со бизнис идеи и ќе започнам со нивна реализација по одреден период.  Значи средби, разговори со различни луѓе и размена на некои искуства што подоцна резултираше во едно креативно место на кое добив десетина идеи кои немаат врска со денешните разговори.  Така да по 15-тина дена ќе има уште изненадувања на претприемач кои секако во развој на претприемништвото и помош на малите бизниси.

Но, сега видеото:

post

ИНСТАЛАЦИЈА НА WORD PRESS ПЛАТФОРМАТА – ВИДЕО 2

Ова е второто видео од ветените 10 за бесплатна изработка на веб страна заради презентација на Вашиот бизнис или било која друга потреба.

Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг. Сега е на ред да инсталираме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото.

Чекори кои ќе треба да ги превземете:

  • Да симнете FTP Client софтвер
  • Да ја симнете WP платформата
  • Да го измените wp_config.php фајлот
  • Уплоадирате фајловите од WP платформата
  • Чекајте го следното видео
post

РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕИН И ХОСТИНГ – ВИДЕО 1

Ова е првото видео од ветените 10 за бесплатна изработка на веб страна заради презентација на Вашиот бизнис или било која друга потреба. Во оваа прво видео опфатени се регистрација на домеин име и регистрација на бесплатен хостинг.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото.

Чекори кои треба да ги преземете:

  • Регистрирајте домеин име како што е прикажано во видеото;
  • Регистрирајте хостинг;
  • Внесете ги податоците за хостинг на страната за подесување на домеин името;
  • Чекајте го следното видео наредната недела.
post

СЕРИЈАЛ ОД ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Како што ветив во претходниот напис за изработка на веб презентација веќе 3 видео серии се изработени едното ќе биде достапно уште оваа недела за регистрираните за неделни билтени. Останатите 2 се во фаза на едитирање и ќе бидат готови наредната недела. Еве како ќе изгледаат насловите на видео материјалите:

  1. Видео 1: Регистрирање на бесплатно домеин име и бесплатен веб хостинг со 1500 мегабајти веб простор и 100 гигабајти месечен сообраќај. Повеќе за хостинг и она што треба да се спореди при избор можете да прочитате во насловот: Што треба да споредите при изборот на хостинг пакет.
  2. Видео 2: Инсталација на WordPress платформата. Во оваа видео ќе можете да видите неколку работи. Прво, каде да ја најдете и симнете WordPress, потоа каде да најдете, да го симнете и како да го подесите софтвер за File Transfer Protocol (FTP) кој служи за поставување на фајловите на веб серверот. И како трето ќе имате можност да видите чекор по чекор што треба да направите за да ја инсталирате WordPress платформата.
  3. Видео 3: Избор и инсталација на тема на WordPress. Ова видео ќе ви покаже како да најдете една од илјадниците бесплатни теми за WordPress кои служат за персонализација на изгледот на Вашата веб страна. Во видеото е прикажан процесот чекор по чекор.
  4. Видео 4: Објавување и ажурирање на содржини на Вашата веб страна. Ова видео сеуште не е изработено, но во текот на неделава ќе биде секако. Во видеото ќе ви биде поакажн процесот на објавување на нови содржини во вид на написи и веб страни, како и манипулирање со слики во написите.
  5. Видео 5: Додатоци – како да најдете и да ги инсталирате? Оваа видео ќе се однесува на додатоци кои што ја зголемуваат функционалноста на Вашата нова веб страна при што ќе бидат опфатени некои основни кои мора да ги инсталирате и да ги имате ставено во функција.
  6. Видео 6: Како да извршите персонализација на темата која што сте ја избрале? Оваа видео ќе ви покаже како можете да ја смените основната тема како менување на бои или пак превод од англиски на македонски.
  7. Видео 7: Како да изработите статична веб страна. Статична веб страна има неколку страни и не се ажурира често содржината. Се користи за едноставна презентација на Вашиот бизнис. Вообичаено има страна за контакт, производи и услуги и почетна страна. Во оваа видео ќе ви биде покажано чекор по чекор каде да најдете бесплатни темплејти и да ги искористите како Ваша веб страна.
  8. Видео 8: Персонализација на темплејтите. Во оваа видео ќе биде опфатено симнување на бесплатна алатка за едитирање на веб страници и чекор по чекор постапка за менување на темплејтот што сте го избрале.
  9. Видео 9: Изработка на видео и поставување на Вашата веб страна. Во оваа видео ќе ви покажеме како да направите видео, да го едитирате и да го поставите на Вашата веб страна на WordPress.
  10. Видео 10: Поставување на видео на статична веб страна. Она што го направивме со WordPress беше едноставно бидејќи се работи директно во WordPress, додека за статична веб страна ќе треба да изведеме уште неколку чекори.

Овие видео материјали не се едноставна презентација на слики туку реален приказ како изработувам една веб страна www.pretpriemac.co.cc која веќе постои при изработка на првите 3 видео серии. Можете да ја погледнете. Оваа веб страна ќе се менува како што ќе ги изработувам видео материјалите. Инаку оваа веб страна е само за презентација и нема да бидат објавувани некои реални содржини на истата.

Доколку сакате оваа листа да се надополни со уште некое видео слободно можете да оставите коментар при што секоја желба ќе се обидеме да ја оствариме. Инаку во моментов ми текна уште едно можно Бонус видео за Joomla. Всушност ќе претставува поглед на артиклите на претприемач во позадина на Joomla за да ги видите можностите и на оваа платформа.

Знам дека можеби ќе погодам некој со овие видео материјали, но не ми е тоа намерата. Едноставно ја следам мисијата на претприемач да биде извор на знаење за малите бизниси. Со развој на малите бизниси ќе се развие и македонската економија на која толку многу и треба развој. Со веб презентација на малите бизниси без да гледат во тоа како огромен трошок ќе се овозможи нивен излез пред светот. А, од друга страна се надевам на поконкурентски односи во однос на веб развојот во Македонија со што ќе се понуди и квалитет и квантитет на ваквите услуги врз основа на сопствен интелект на понудувачот.

Па, се гледаме во среда со првото видео: Регистрација на домеин име и хостинг.