post

РИЗИК И ПРЕТПРИЕМАЧОТ

Некои сметаат дека една од карактеристиките на претприемачот е преземање на ризик. И навистина, претприемачот уште со започнување на бизнис презема некој вид на ризик. Тој вложува заштедени пари (накаков вид на сигурност) во нешто што не се знае дали ќе се врати. Но, други пак сметаат дека претприемачот презема пресметан ризик. И тоа е точно, успешните претприемачи започнуваат со бизнис планот во кој ги предвидуваат ризиците и не пукаат на слепо. Но, ризикот како некој концепт во претприемништвото и менаџментот е составен дел и не може да кажеме дека за нешто не постои ризик. Како што за промените велиме дека се постојани, така и ризикот ќе биде постојан секогаш во животниот циклус на еден бизнис.

Кои се значајните елементи за претприемачот во поглед на ризикот? Ризикот во претприемнштвото мора да се разгледува како следниве процеси:

  • Откривање на ризикот.
  • Проценка на ризиците.
  • Превземање на акции за ублажување или елиминирање на тие ризици.

Зошто ова? Првин мора да се откријат елементите кои претставуваат ризик, а кои не претставуваат ризик. На ваков начин претприемачот ќе знае што е ризично, а што не. Секој од тие ризични елементи мора да се анализира и да се процени влијанието врз претприемачот и врз бизнисот во целина. Оние елементи кои што имаат најголемо влијание и кои се најризчни ќе бараат посебно внимание од срана на претприемчот, па затоа мора да се дефинираат идните акции што треба да се превземат за да се ублажи или елиминира ризикот.

Ризикот е насекаде околу претприемачот. Секоја акција претставува ризик (успех или неуспех). Но разликата помеѓу успешните и неуспешните претприемачи е токму во менаџирање на ризикот.

Ризикот може да се разгледува како:

  • Конкуренција
  • Пазар
  • Снабдувач
  • Влада
  • Законодавство
  • Производот кој го продаваме
post

ПРИМЕРИ НА СИМУЛАЦИЈА

Како да користите симулација? Зошто да користите симулација? Во еден од претходните блогови (СИМУЛАЦИЈА КАКО БИЗНИС АЛАТКА) веќе пишувавме за тоа што претставува симулација и што ни е потребно за да изведеме симулација (најважно е дека како мали бизниси не мораме да вложуваме милиони во пари за да направиме симулација на нешто). Накратко би го навеле следново:

  • Симулација ни е потребна за разрешување на бизнис дилеми и врз основа на симулацијата да го зголемиме нашето знаење како претприемачи за да донесеме квалитетни одлуки за дилемите кои ги симулиравме.
  • Со симулација избираме еден модел и ги менуваме неговите карактеристики за да видиме како ќе се однесува истиот со различните карактеристики.

Како примери на симулација кои досега ги прикажавме можете да ги искористите следниве:

Како некои други примери кои сеуште ги немаме наведено, а каде можете да ја користите симулацијата се:

  • Симулација на одредени елементи при изработка на бизнис планот. На пример, предвидувања на продажбата, графикон на рентабилноста, учество на пазарот …
  • Симулација на влијание на маркетингот на генерирање на потенцијални потрошувачи за да изберете вистинска форма на маркетинг.
  • Симулација на одредени процеси кои ги конвертираат потенцијалните потрошувачи во вистински потрошувачи за да ги изберете најефикасните и најефективните процеси.
  • Симулација на просечна продажба во денари по купвач за да го видите влијанието при зголемување или намалување на просечната продажба.
  • Симулација на просечна трансакција по купувач за да видите кои процеси ќе го зголемат бројот на трансакциите

За крај на се можете да направте симулација за да бидете поподготвени во процесот на одлучување. Важна е Вашата креативност и Вашите потреби.

post

СИМУЛАЦИЈА КАКО БИЗНИС АЛАТКА

Што претставува симулација? Симулација претставува имитација на реален свет како што е работи, процеси, состојби… Целта на симулацијата е да ни ги покаже карактеристиките на однесување на системот кој се симулира. Веќе прикажавме симулации за разрешување на бизнис дилеми во однос на намалување на цените и маркетинг буџет. Значи ние користевме компјутер (поточно MS Excel) за да симулираме два различни система во однос на две или повеќе бизнис одлуки како за намалување на цени така и за маркетинг буџетот.

Науката постојано користи симулација за одредување на некои карактеристики на системот кој се симулира. Првите тестирања за некој нов индустриски дизајн на производот се вршат со симулација.

Но што е потребно да имаме за вистинска симулација? Обично кога кажеме симулација веднаш не асоцира на големи компјутерски системи и софтвери кои се потребни за изведување на симулацијата. Но за целите на бизнисот не ни се потребни специјализирани софтвери за изведување на симулација, доволно е да имаме MS Excel кој ќе го користиме за поедноставвање на процесот.

За симулацијата потребно ни е да имаме:

  • Компјутер
  • MS Excel
  • Да ги знаеме врските на елементите во системот кој ќе го анализираме.
  • Да ги знаеме односите меѓу елементите во системот кој го анализираме.

Последните две потреби се најважни за добра симулација. Со познавањето на врските и односите меѓу елементите ќе можеме да ја поставиме симулацијата за да видиме во какви услови како ќе се однесува системот, па со тоа да ја избереме најдобрата или најповолната алтернатива или стратегија како резултат на симулацијата.

post

КОНКУРЕНЦИЈА – ЗЛО ИЛИ МОЖНОСТ

За конкуренцијата посојат различни мислења. За некои бизниси таа може да биде зло, а за некои можност што му дава конкурентска предност на бизнисот. Но, едно е јасно, конкренцијата не му дозволува на претприемачот да заспие, го одржува буден, а тоа го носи равојот на бизнисот. Така бизнисот не е досаден и не се губи желбата за работа и успех.

Да земеме еден пример. Вие сте претприемач кој немате конкуренти. Вие сметате дека сте го оствариле врвот во вашата индустрија. Но, дали е тоа така. Каков е тоа врв доколку не се споредите со некој. Така да само ќе бидете во заблуда дека сте го оствариле врвот. Во пазарна економија, пазарот е отворен за влез на нови бизниси. Првиот што ќе влезе на Вашиот пазар, доколку добро ги увидел Вашите слабости ќе Ве уништи. Така да од фиктивен врв спаѓате на реално дно. Но, доколку додека се наоѓате на фиктивниот врв размислувате за можните конкуренти секој вез ќе го дочекате спремно. Така да од фиктивен врв ќе отидете на реален врв.

Да земеме друг пример. Вие сте претприемач кој имате многу конкуренти. Некои се подобри од Вас, а некои послаби. Се наоѓате на средината на скалата на успешност. Вашата цел е да сигнете на врвот и постојано ќе ги проучувате слабостите на конкурентите што се пред Вас и на оние што се зад Вас. Со тоа постојано ќе се подобрувате и ќе ја зголемувате предноста кон оние што се зад Вас, а ќе ја намавате предноста на оние што се пред Вас. За одреден временски период, доколку Вашите чекори во подобрување се вистински ќе стигнете на реалниот врв. 

За да отидете на реален врв стратешкото планирање е тоа кое ќе ви помогне. Со сратешко планирање вие ги проучувате Вашите конкуренти, и во нивните слабоси ги гледате Ваште можности. Така, сконцентрирајте се во откривање на слабостите на Вашите конкуренти и претворете ги во Ваши можности. А, од друга страна сите ваши слабости елимнирајте ги. Toa е SWOT анализа која ќе ви даде конкурентска предност и конкуренцијата ќе ја гледате како можност.

ПРОЧИТАЈТЕ ЗА:

ОСНОВИ НА SWOT АНАЛИЗА

ПРАШАЛНИК ЗА SWOT АНАЛИЗА

post

ТЕХНОЛОГИЈА – НЕМА ПРИЧИНИ ЗА СТРАВ

Кога го изговараме зборот технологија мислиме не само на технлогијата како тврд елемент (нешто што се опипува) туку и на примена на знаење, методи, техники и средства во остваување на целите. Секој претприемач има поставено цел за сопствениот бизнис. Целта може да биде обезбудување на плати за себе и за вработените, остваување на профит, градење на стаблен бизнис кој ќе носи соодветен приход итн. Значи се она што ќе помогне во остварување на нашите претприемнички цели треба да го искористиме. Технологијата има огромна улога во исполнување на нашите цели. Но, од друга страна постои огромен страв во користење на истата. Стравот доаѓа заради следниве причини:

  • Дали ќе се снајдеме да ја користиме новата технологија која постои.
  • Ќе треба да учиме за да го зголемиме знаењето за новата технологија.
  • Дали ќе се исплати вложениот труд?
  • Нашето досегашно знаење за работата ќе треба да се промени, а со тоа ја губиме моќта што ни е обезбедена од досегашното знаење.
  • Ќе реба да се спроведат промени во работењето на бизнисот.
  • Вработените ќе бидат отпорни кон користење на новата технологија.

Сакаме да докажеме дека овие причини за страв се неосновани:

  • Човекот по природа е снаодлив. Некој омалку, некој повеќе, но сепак секој човек е доволно снаодлив инаку не би опстанал на планетата земја. Така да секој може да се снајде да користи нова технологија, некој со помалку, а некој со повеќе труд.
  • Човекот по природа постојано учи. Некој помалку, некој повеќе, но никој не е „глуп“ да не може да научи нешто. Така знаењето за новата технологија секогаш може да се зголемува.
  • Секој вложен труд некогаш ќе се сиплати. Ако не веднаш по еден месе, два месеци, година.
  • Ќе ја изгубиме моќта со претходното знаење, но ќе добиеме поголема моќ со новото знаење и во комбинација со новата технологија таа моќ ќе бидеуште посилна.
  • Отпорноста кон промени секогаш ќе постои, но и методи и техники за надминување на таа отпорност.

А што ќе добиеме со примена на нова технологија во работењето на бизнисот?

  • Зголемена ефикасност и ефективност како на личен така и на бизнис план.
  • Зголемена конкурентска предност.
  • Повеќе потрошувачи.
  • Подобра контрола на работата.
  • Поголемо задоволство.
  • Поголема моќ как на претприемачот така и на бизнисот

ОТФРЛЕТЕ ГО СТРАВОТ. НЕ ВИ Е ПОРЕБЕН. ПРЕПРИЕМАЧИТЕ, ОНИЕ УСПЕШНИТЕ СЕ ХРАБРИ.

post

МАЛОПРОДАЖБА – ОГРОМНО ЕКОНОМСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ

Малопродажбата претставува еден многу динамичен сектор кој се разликува од сите останати бини сектори. Повеќето од развиените земји малопродажбата ја сметаат како еден од назјачајните економски елементи на земјата. Зошто е тоа така? Малопродажбата:

  • обезбедува огромно вработување а со тоа и посилна економија на државата (во еден просечен град од околу 100.000 жители доколку има 3.000 малопродажни објекти со просек oд 3 вработени тоа се скоро 10 процентно вработување)
  • поттикнува инвестиции (се градат објекти, се инвестира во опрема, се градат пристапни патишта…)
  • носи технолошки напредок (се бараат нови начини на продажба, се бараат нови производи и/или услуги …)
  • претставува директен генератор на приход
  • обезбедува стоки и услуги по соодветна цена на крајните потрошувачи
  • претставува директен контакт со корисникот на производите и/или услугите

Но, од друга страна не е лесно да се работи и опстане во овој сектор бидејќи:

  • Постои голема конкуренција (најлесно е да се започне со малопродажба, се бира локација, се набавуваат производите и се отпочнува со малопродажба)
  • Малопродажбата секогаш е прва на удар на инспекциските органи за ситни работи (Ова е поради фактот бидејќи само тоа знаат да го работат. Но, размслуваме зошто е тоа така? Во еден поранешен систем во кој беше и нашата земја, големите претпријатија беа во сопственост на државата и по налог на некои т.н ценрални комитети нормално не сепроверуваа. А, од друга страна малопродажбата беше еден од ретките можности за приватен сектор и претприемничко работење, па секако преставуваа „најголема опасност“ за државата. Со тоа инспекциските органи стекнаа едно огромно искуство во малопродажбата. Е, токму тоа искуство стекнато од еден поранешен период не може да се избрише. Иако штетата за државата на некои други места е многу поголема.)
  • Мора да ги следи роковите, цените, пазарот… Доколку не се следат овие елементи набавените производи можат да остнат на грбот на малопродавачот и наместо профит следува загуба.

Дистрибуцијата на потрошувачките производи започнува со производителот, преку еден или повеќе дистрибутери, преку малопродавачот до крајниот потрошувач. Значи, од малопродажбата во голем дел зависи и успехот на одредени производи и/или услуги.

post

ИЗРАБОТКА НА ГРАФИК ЗА ABC АНАЛИЗА СО ПОМОШ НА MS EXCEL

Ова видео претставува продолжение на претходното за користење на MS Excel во изработка на ABC анализа. Графичката претстава е поедноставна за разбирање од табеларната и со само еден поглед може да се забележат кои производи спаѓаат во категорија А, кои во B, a кои во C.

 

post

PRETPRIEMAC.COM ПО 2 МЕСЕЦИ

Што се направивме за два месеци? Еве накратко што се можете да најдете на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com:

  • До 20.02.2009 објавивме 45 артикли на pretpriemac.com. Секој артикал е околу 3 страни, при што добивате електронска книга за претприемништво од 135 страни. Ова е само во моментов секоја недела страните се зголемуваат за 4 артикли (12 страни). Ова се материјали за општо за претприемништво и бизнисот, започнување на бизнис, финансии, маркетинг, бизнис план, анализи итн. Тие се во вид на упатства, анализи, истражувања. Сите имаат одредена вредност која може да биде упоребна за Вашиот бизнис. Сите тие овозможуваат учење, а учењето ќе ве зајакне со знаење, а знаењето ќе ви даде моќ.
  • До 20.02.2009 објавивме 24 блог постови на блогот на pretpriemac.com. Секој од овие блог постови е околу 1 страна и тоа се 24 страни материјал. Ова е необавезен материјал како мислења, ставови, препораки и слободни состави кои едноставно можат да ви дадат идеа за некои правци за Вашиот бизнис. Тие се дизајнирани да можете да давате и Ваши коментари со цел да се подобрува целокупната содржина на pretpriemac.com.
  • Во тек е едно исражување кое ќе трае 3 месеци. Оваа е општа нализа на пазарот во Република Македонија која откако анкетниот прашалник ќе се затвори ќе се изанализираат податоците и ќе бидат објавени на pretpriemac.com за да можете да ги користите во Вашите бизнис планови.
  • Имаме изработено 2 видео материјали кои се од 3-7 минути едно. Едното е објавено, а второто следува. Целта ни е 3-4 видео материјали месечно да објавуваме на pretpriemac.com. Доколку една слика менува 1000 зборови, колку зборови менува едно видео? Овие видео материјали се и ќе биднат со практични содржини како да направите нешто, како да користите некој софтвер и се тоа во полза на Вашиот бизнис. Искористете ги тие се БЕСПЛАТНИ.
  • Започнавме со Форум на www.forum.pretpriemac.com но можеби прерано. Но тој е отворен за секој да може да твара теми и поставува прашања преку истиот.

Да сублимираме: 160 страни материјал од областа на претприемништво за читање, едно истражување, видео материјали од над 10 минути, форум. Сето ова е достапно на pretpriemac.com за само 2 месеци. А што се ќе има по 2 месеци, сеуште и ние не можеме да замислиме.

post

KAKO СО MS EXCELL ДО ABC АНАЛИЗА

Овој видео материјал е со цел да Ви помогне во изработка на ABC анализа со Microsoft Excel. Некој можеби е понапреден и ќе може да го користи во убрзана верзија, некој може да кликне на пауза. Ова е најпрост облик на ABC анализа. За демонсттрација е користен е MS Excel 2007 додека претходните верзии се поразлични единствено во линијата на алатки. Така само знакот на сума може да биде проблем (но тоа е истиот знак ∑). Полесно се наоѓа во претходните верзии. Она што е важно е дека ќе треба доколку имате софтвер за продажба податоците да ги пренесете во MS Excel, а пак доколку немате електронска евиденција на продажбата рачно од Вашите тетратки внесете ги во табелата. Можеби ќе изгубите еден ден, но верувајте ќе ви даде насоки за иднина кои се повредни од еден ден работа. Погледајте го видеото и ќе видите колку е едноставно да се направи ABC анализа.

Откако ќе завршите со анализава прикажана на видеото Вие ќе ги имате вашите производи (материјали или услуги) поделено во 3 категории. Направете го следново по анализата:

  1. Насочете се на категоријата A (имајте ги на залиха секогаш во доволни количини).
  2. Производите од категорија B држете ги во помала количина од А но пробајте на некој начин да ги префрлите во B со зголемување на продажбата на истите.
  3. Производите од категоријата С или елиминирајте ги или најдете начин дел од истите да ги префрлите во категорија В, па потоа во А.

Така ќе се насочите поефективно и поефикасно кон системот за управување со залихи и ќе ги откриете производите кои не ви носат приход, а со тоа ни профит.

post

СИНЏИР УЧЕЊЕ – ЗНАЕЊЕ – МОЌ

Знаењето претставува една од најголемите потенцијални енергии на секој бизнис. Доколку претприемачот има знаење, тоа е негово. За него не плаќа камата на банки како за финансии кои претставуваат друга потенцијална енергија на бизнисите. Знаењето не може да го изгуби како парите. Тоа останува засекогаш во главата или поточно во мозокот на претприемачот и се користи за постигнување на успеси на бизнисот.

Знаењето е моќ. Моќта различно се деифинира од различна научна дисциплина. Физиката моќта ја дефинира како износ на извршена работа во единица време. Ако знаењето предизвикува моќВие ќе можете да извршите поголема работа во единица време. Точно. Доколку нешто знаете, проблемот побргу ќе го решите. Во однос на социолошкиот аспект, Max Weber ја дефинира моќта како можност која постои во социјални односи и која овозможува некој да ја наметне својата сопствена волја дури и ако постои отпорност кон тоа. Просто кажано, оној кој има моќ ја наметнува својата волја на другиот кој нема моќ да се спротивстави на тоа. Ако знаењето ви дава моќ вие тоа ќе го искористите да наметнете своја волја врз некој друг. Точно. Со знаење наметнувате сопствена волја на вработени, на снабдувачи (одложено плаќање, пониски цени), на купувачи при продажба итн.

Но треба да се опфати уште еден елемент во овој синџир знаење – моќ, а тоа е дека знаењето е последица на учењето. Човекот не се раѓа со знаење. Бебето кога се раѓа нема ништо во мозокот. Во текот на живото се посетуваат различни едукациски училишта (основно, средно, високо…), различни дополнителни курсеви, различно практично искуство кое се претвора во учење а потоа во знаење.

За претприемачите карактерисично е што постојано треба да учат и со тоа да го збогатуваат своето знаење, а со тоа и сопствената моќ. Со моќен претприемач и бизнисот е моќен. Со мала или воопшто без инвестиција можете да станете навистина моќен. Сега е моментот на вистинската одлука за учење и постојано учење. Само мала инвестиција во знаење може да ви донесе огромен упех. Затоа запомнете го синџирот:

УЧЕЊЕ – ЗНАЕЊЕ – МОЌ