Премногу нереални цели е полошо од немање на цели воопшто

претприемач

Понекогаш навистина претеруваме. Дали, поради недоволно самопознавање или пак поради нешто друго сепак знаеме да претераме. Знаеме да си поставиме цели кои не се реални, кои се премногу на број и кои никако не можеме да ги реализираме. Во една таква состојба едноставно може да се случи да почнеме премногу работи, а ниедна од нив да не биде завршена до крај. Премногу нереални цели е полошо отколку да немаме воопшто цели. « Продолжи »

Релевантен бизнис план, наместо перфектен бизнис план

Бизнис план

Еден бизнис план сеуште од страна на постоечките бизниси претставува основна алатка за управување на секојдневните активности на компанијата и врската помеѓу сегашната состојба и визијата на претприемачот. Но, успехот не е едноставен како што изгледа. Зошто? Едноставно затоа што еден бизнис план се изработува да биде перфектен, шгто пак од друга страна го одолговлекува времето на имплементацијата на истиот. Перфекционизмот и « Продолжи »

Претворете ги целите во акции

Безхартиено работење

Секоја акција има одредена последица, но и акцијата е преземена заради нешто и претставува последица на нешто. Тоа нешто се исполнување на зацртаните цели. Вообичаено поставуваме цел дека сакаме да постигнеме нешто. За да постигнеме нешто треба да преземеме нешто во вид на акција. Како целите да ги трансферирате во акции кои по имплементација ќе доведат до остварување на целите? « Продолжи »

Бизнис план: 30 прашања на кои треба да даде одговор

Бизнис план

Потребен ни е кога започнуваме бизнис. Потребен ни е кога бараме инвеститори за нашиот бизнис. Потребен ни е кога имплементираме промени. Потребен ни е во секојдневното функционирање на бизнисот. Тоа е документот наречен како бизнис план, но документ кој претставува резултат на процес на планирање. Документ кој никогаш не е конечен и документ кој постојано ќе се вртка на вашата маса. Тоа е документ кој постојано ќе го « Продолжи »

Дали знаете каде сте сега?

претприемач

Сакаме да размислуваме за иднината и да заборавиме на минатото. Сепак, живееме во сегашноста, а денешницата е многу влијателна во создавањето на нашата иднина. Размислете за прашањето во насловот на овој пост? Дали навистина знаете каде сте сега? Не знам каде сум во овој момент во времето, но знам, каде сакам да бидам. Можно ли е тоа? Како можeмe да отидeмe некаде, ако не знаeмe каде сме сега и што ќе треба да направиме со цел да стигнеме « Продолжи »

Прилагодување на бизнис моделот

Системи

Бизнисите се раѓаат од идеја на еден претприемач. Но, бизнисите не успеваат заради таа идеја, туку успеваат заради начинот на кој тој претприемач ја имплементира таа идеја и ја прилагодува и развива за да стане се поблиска до пазарот, поточно до купувачот кој ќе треба да плати за резултатот од таа идеја - производ/услуга. Во изминатите 5-10 години, науката започна се подлабоко да влегува во претприемништвото. Од обични приказни за успех « Продолжи »

Комплетен бизнис план

Бизнис план

Плановите како што ни кажува и самото име се подготвуваат за да го испланираме процесот, односно чекорите кои ќе ги преземеме во иднина. Кога станува збор за бизнис план, зборуваме за чекори кои еден бизнис треба да ги преземе во иднината. Плановите по природа изгледаат статични, но сепак претставуваат динамички документи. Претприемачите вообичаено имаат бизнис план во кој наведуваат што сакаат да постигнат, што и како ќе « Продолжи »

Дали постојат случајности во бизнисот?

Конфликт

Секој бизнис, а особено малите бизниси функционираат во еден крајно неизвесен свет. Неизвесноста е постојана сенка на сите претприемачи. Но, и неизвесноста не е случајна. Таа се појавува и постои заради одредени причини. На пример, стартап бизнисите функционираат во најголема неизвесност бидејќи сеуште не се пронајдени вистинските елементи на бизнис моделот. Не се знаат конкретните купувачи, не се знае вредноста која ја нуди « Продолжи »

Како да ја предвидите иднината?

Системи

Се попопуларно работно место може да се забележи и во малите и во големите бизниси. Во големите станува хит позиција, додека малите ја комбинираат со тековната работна сила. Оваа позиција се нарекува бизнис аналитичар. Задачата на еден бизнис аналитичар е да ја предвиди иднината. Во почетните фази, се додека бизнисот не се стабилизира, во најголем број на случаи оваа позиција е длабоко вкоренета во претприемачот. Но, задачата за « Продолжи »

Употребни вредности на еден бизнис план

Бизнис план

Зошто ни треба бизнис план? Досега повеќепати пишував за тоа кога треба, кога не ни треба бизнис план. Во секој случај, нема потреба во услови кога зборуваме за старт-ап бизниси. Бизнис планот е еден од традиционалните средства за водење на бизнис, но особено заради фактот што така сме научени. Знаеме за формализација, правила, услови, формули... Но, тоа во многу случаи е неприменливо кога бизнисот функционира во крајно неизвесна « Продолжи »