post

20 БИЗНИС ИДЕИ ЗА 2009 И ПО НЕА

На pretpriemac.com објавивме 20 можни бизнис идеи за 2009 година и по неа за кои сметаме дека ќе бидат актуелни за во иднината. Овие бизнис идеи се:

  1. Консултант за кратење на трошоци
  2. Производство и продажба на производи кои овозможуваат штедење на електрична енергија
  3. Пишувач за прес конференции, блогови
  4. Маркетинг консултант
  5. IT консултант
  6. Развој на web апликации
  7. Онлајн бизнис
  8. Онлајн маркетинг консултант
  9. Онлајн рецепти за готвење
  10. Програми за намалување на тежината
  11. Салони за разубавување
  12. Производство на храна
  13. Алтернативни начини за подобрување на здравјето
  14. Еколошка иновација
  15. Давање на часови
  16. Реновирање на станови
  17. Услуги за одржување на хигиена
  18. Одржување на автомобили
  19. Нега на постари луѓе
  20. Моден консултант

Сметаме дека потребата за овие бизниси ќе биде доста голема во текот на 2009 или ќе се зголемува со големо темпо. Можете да оставите коментар за вашето размислување во однос на овие бизниси. Како и коментар за некои други бизнис идеи кои би можеле да влезат во листата. Двајца од вас кои ќе остават најдобар коментар и размислување ќе добијат електронска книга (ЗБИРКА НА ПРЕДЛОЗИ НА 20 БИЗНИС ИДЕИ) со подетална разработка за овие бизниси на 30 страници.

post

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ЦЕЛИ

Само како една претстава со што се занимаваат политичарите во САД во време на рецесија.

Пред некој ден новоизбраниот претседател на САД Барак Обама го предупреди конгресот да дејствува побрзо во однос на мерките за стимулација на економијата како што е кратење на даноците и инфузија на 800 милијарди долари во економијата или да се соочат со последиците дека рецесијата ќе трае навистина долго.

Новоизбраниот претседател најави дека неговата цел е:

  1. За двојно да го зголеми производството на алтернативна енергија во наредните 3 години
  2. Да ги компјутеризира сите медицински записи во државата во наредните 5 години
  3. Да модернизира 75% од федералните згради
  4. Да ја подобри енергетската ефикасност во 2 милиони домови
  5. ИТН…

Што може да се види во неговите цели?

Прво сите се конкретни и користат бројки. Двојно зголемување, сите медицински записи, 75% од федерални згради, 2 милиони домови. Ова се долгорочни цели кои преку подобра енергетска економија, поефикасен здравствен систем, подобро едуцирани деца на долги стази ќе го направат САД поконкурентен.

Но како е кај нас?

Искористеност на алтернативните извори на енергија на ниско ниво. Сеуште енергетскиот капацитет на Македонија зависи од термоелектраните и увозот на електрична енергија. Но, сепак мора да признаеме во последниве неколку години почнавме да размислуваме и за оваа прашање.

Компјутеризација на здравство не е ни започната. Рецепти за лекови сеуште се исти како и пред 20 години, здравствени книшки не се на картичка туку во вид на тетратка. Да одиш на преглед кај специјалист треба упат од матичен, па специјалистот ти пишува кои лекови треба да ги набавиш, потоа одиш кај матичен за рецепти па дури тогаш во аптека да ги набавиш лековите. Кај е тука ефикасноста?


Warning: Parameter 1 to W3_Plugin_TotalCache::ob_callback() expected to be a reference, value given in /misc/25/000/213/213/5/user/web/pretpriemac.com/wp-includes/functions.php on line 3643