post

Апликација за бизнис идеи – Elevatr

Една од првите препораки на овој сајт кои ги напишав е да имате, одржувате и ажурирате книга со бизнис идеи. Тоа беше пред повеќе од четири години.

Иако, во премиум претприемач имаме подетална форма за водење на книга со бизнис идеи, сепак во оваа видео е презентирана една апликација која е одлична за оваа намена.

Elevatr е апликација која нуди лесно и едноставно бележење на вашите бизнис идеи, но и нешто што ќе ве натера да размислите уште неколку чекори понапред.

Доколку не можете да го видите видеото кликнете тука.

post

6 Прашања за креирање на вашиот модел на приходи

Модел на приходи кој ќе го користите претставува важен дел од вашиот бизнис модел, бидејќи се останато што ќе креирате во вашиот бизнис модел треба да биде евалвирано преку еден ваков модел на приходи.

модел на приходи

Успехот на вашиот бизнис модел и успехот на вашиот бизнис често пати ќе се базира на успехот на моделот на приходи. Доколку моделот на приходи функционира, ќе генерира доволно приход за да се покријат сите трошоци, но и ќе обезбеди доволно профит со кој ќе можете да го финансирате идниот развој на вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Кога хобито станува бизнис

Сите имаме некаков вид на хоби. Децата имаат хоби. Возрасните имаат хоби.

Хоби наједноставно кажано претставува активност која постојано и постојано ја повторуваме, но не затоа што мораме да ја повторуваме, туку затоа што уживаме додека ја изведуваме таа активност. Некој игра шах, некој изработува рачно некои предмети, некој пишува, некој чита…

Но, интересно е што многу често хобито може да прерасне во вистински бизнис. Оној кој изработува ракотворби може да започне да ги продава на роднини и пријатели, тие да ги покажат на нивни други роднини и пријатели па да ја заголемат побарувачката на производот кој произлегува од обично хоби. И така се повеќе и повеќе да се зголемува побарувачката кога едноставно притисокот нема да дозволи веќе уживање. А, за да биде нешто хоби како што кажав погоре треба да претставува уживање за оној кој го има како хоби.

Продолжи…

post

Бизнис план во услови на крајно променливо опкружување

Како тема за следната епизода која ќе биде објавена во понеделник (27.05.2013) на подкастот насловен како “претприемачки пат” се одлучив да биде бизнис план во услови на крајно променливо опкружување. Оваа тема е навистина интересна, особено за денес но и за утре бидејќи се наоѓаме на една крстосница при што како никогаш досега не се воделе дискусии за потреба или немање на потреба од еден официјален бизнис план.

Од друга страна некако претставува одлично продолжување од првата епизода: процес на следење и мерење на резултати.

Моето мислење, што ми се потврдува и од практиката е дека нема потреба од “традиционален” бизнис план, но потреба од процес на планирање постои и тоа како, нормално доколку се спроведува на вистинскиот начин.

Доколку сакате да бидете дел од оваа епизода, слободно можете да поставите прашање преку гласовна порака која ќе биде вметната во епизодата или пак преку контакт форма кое ќе биде прочитано и одговорено во текот на епизодата. Прашањата можете да ги поставите преку страната за прашања за подкастот.

Инаку во оваа подкаст епизода ќе зборувам за проблемите со кои се соочува процесот на планирање и самиот бизнис план денес, но и ќе образложам 9 препораки кои ќе ви помогнат во имплементација на процес на планирање и подготовка на бизнис план во услови на крајно променливо опкружување. Всушност препораките ќе одговорат на следниве прашања:

  1. Кој треба да го подготви бизнис планот?
  2. Колкава треба да биде големината на бизнис планот
  3. Од каде да започнете при започнување на подготовка на бизнис план?
  4. Што треба да докаже и покаже вашиот бизнис план?
  5. На кои прашања ќе треба да даде одговор вашиот бизнис план?
  6. Каква структура на бизнис план може да се користи?
  7. Како бизнис планот да се справи со неизвесноста во која функционира бизнисот?
  8. Како да се справувате со грешките во бизнис планот кои ќе се откријат по започнување со имплементацијата на самиот план?
  9. Како да се справите со перфекционизмот кога станува збор за подготовка на еден бизнис план.

Доколку сакате нешто друго да биде вклучено во оваа епизода можете да поставите прашање (гласовно или писмено преку контакт форма) на страната за подкаст прашања.

Доколку пак сакате некоја тема да биде вклучена во следните епизоди на подкастот “претприемачки пат” слободно дајте предлог преку коментар на овој пост.

Сите епизоди на подкастот “претприемачки пат” можете да ги следите и преку iTunes.

post

Како да подготвите бизнис план?

Бизнис план претставува само средство за претворање на вашата визија во конкретен пат за да може да се реализира истата. Тоа значи претворање на сонот преку конкретни бројки и пресметки во конкретни чекори кои ќе треба да ги преземете следните години.

Бизнис план

Сепак, подготовката е едно, а имплементацијата е нешто сосема друго. Бизнис плановите имаат репутација на нешто што никогаш не е точно.

Зошто, никогаш не е точен бизнис планот?

Продолжи…

post

Кога можете да бидете сигурни дека идејата ќе даде резултати?

Кога можете да бидете сигурни дека вашата идеја ќе даде резултати? Навистина интересно и важно прашање за сите претприемачи и потенцијални претприемачи.

Идеја и резултати

Сигурно веќе сте свесни дека бизнис идеја значи решение на проблем. Проблемот може да биде опишан едноставно како проблем, како желба за нешто, или пак потреба од нешто. А, како еден претприемач постојано имате идеи за решавање на проблеми за купувачите, исполнување на нивните желби или пак задоволување на нивните потреби.

Продолжи…

post

3 Темели како основа на одржлив бизнис

Пред неколку денови ги групирав факторите (ги имам над илјада) кои влијаат на градење на одржлив бизнис кои ќе бидат дел од премиум претприемач 2.0 и работев на график кој ќе ги поврзе тие фактори со значењето на одржлив бизнис во мојата канцеларија. Гледајќи го графикот на таблата едноставно ми дојде идеја да направам кратка видео презентација на истиот.

Бидејќи имам купено различна опрема за оваа намена уште пред две години, а сеуште ваков вид на материјали не сум подготвил за претприемач се одлучив да направам тест. Кога го прегледав тест видеото ми беше јасно дека може да се објави бидејќи содржи корисни информации. Па така, беа потребни помалку од 5 минути за снимање и уште 10 минути за едитирање и аплоад на YouTube и сега сме тука каде што сме.

Еве ги трите основни темели за одржлив бизнис.

post

Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?

Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?

Прашањето е навистина сложено! Не затоа што на истото содржи сложен одговор туку затоа што едноставно не сме научени да размислуваме поинаку.

Одговорот би го потенцирал како не согледување на бизнисот како еден поширок и покомплексен концепт од една можност или едно работно место.

Ќе се обидам одговорот да го дадам преку објаснување на овие поими кои се значајни при градење на успешен бизнис.

Продолжи…

post

Вашите идеи од идеја до реализација

Бизнис идеи како идеи на лист хартија не додаваат вредност ниту за вашиот стартап, ниту за вашиот веќе постоечки бизнис. Тие за да додадат вредност за вашиот бизнис мора да се реализираат.

Добри идеи се само оние идеи кои ќе се реализраат, но не и оние кои ќе останат во вашата глава или на лист хартија нереализирани.

Сега, не значи дека секоја бизнис идеја ќе даде добри резултати. Сепак, едно е јасно без нивна имплементација нема да знаете дали е добра или лоша, нема да можете да научите за идните чекори и можни подобрувања доколку не успее и нема да можете со сигурност да ги почувствувате придобивките доколку успее.

Како да ја трансферирате вашата бизнис идеја од вашиот мозок во реализиран проект?

Одговорот на оваа прашање е даден во следниве препораки.

Продолжи…

post

Тестирајте ја вашата бизнис идеја преку следниве 11 прашања

Вам ви требаат бизнис идеи доколку сакате да станете претприемач. Ви ребаат бизнис идеи доколку сакате да останете пред конкуренцијата. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да бидете лидери на пазарот. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да ги задоволите тековните купувачи и да привлечете нови.

Но, кога зборуваме за бизнис идеи и тука постои 80/20 правило кое ни кажува дека 20% од сите ваши бизнис идеи ќе ви донесат 80% успех во вашите намери. Секоја бизнис идеја нема да биде редна за имплементација денес.

Затоа ќе треба да ги тестирате вашите бизнис идеи пред да започнете со процесот на имплементација на истите.

Тука се презентирани 11 прашања кои можете да си ги поставите и да ги најдете одговорите кои ќе ви помогнат во вашите напори за тестирање на вашите бизнис идеи.

Продолжи…