Прво условите во кои функционира еден стратап се доста тешки услови особено поради неизвесноста и ограничени ресурси. Не се знае дали трудот ќе се исплати или не затоа што едноставно мора да се вложи и време и пари за да се изгради нешто, а потоа да се мери успешноста на пазарот.

Што мора да правите како стартап претприемач

Не само колкав е пазарот, туку и каков е
Да, големината на пазарот е важен индикатор за секоја компанија без разлика дали станува збор за веќе постоечка или стартап. Од таа големина зависат многу идни акции но и успеси на бизнисот.

Како да се преживее првата година
Не дека тоа значи дека по првата година е постигнат огромен успех и веќе не треба да се работи, но преживување на првата година значи дека е постигнат моментумот за следните големи нешта во однос на вашиот бизнис.

52 алатки/идеи/препораки за да иновирате како стартап

Како да се однесувате кога сте стартап
Во изминатите пет години работев со многу стартапи, идеи, потенцијални претприемачи и потоа некои од нив вистински претприемачи. Советите кои ги давам се многу напредни, едноставно нешто што подготвува не само за денес, не само за утре, туку за следните пет до десет години. Но сепак, секоја нова работа особено со стартапи води до нови сознанија кои воопшто не сум ги ни замислил, ниту сум можел да ги замислам како такви.

Епизода #17: Што мора да направите како еден стартап претприемач
Оваа епизода на претприемачки пат всушност ќе биде надополнување на постот кој го напишав на претприемач насловен како 20 мора за стартап претприемачи. Во тој наслов само ги нафрлав тие 20 „мора” кои се дел од една листа на 100 такви мора. Таа листа како што напишав и на претприемач ја подготвив уште во 2009 година, а сега истата таа листа само што ја проширив со уште 87 нови „мора” кои очекувам по уште едно седнување и преразгледување лесно ќе ја надминат бројката 200.

Градење на свесност кај купувачите за проблем кој вие го решавате
На пример, еден мал бизнис може да иновира производ или услуга со кој се скратува времето на реализирање на нарачки за некоја онлајн продавница, или пак да иновира интелигентни роботи за автоматизација на сите рачни активности во едно складиште. Не дека не постојат овие работи, но да кажеме дека вашето решение обезбедува помалку грешки, пократко време за изведување на операциите и секако најважното е дека има интегрирано самоучење со што колку повеќе време работи роботот во вашето складиште подобро ќе го осознава и поефикасно и поефективно ќе си ги завршува задачите.

10 причини за неуспех на еден стартап
Имам спроведено мои истражувања, имам сопствена база на податоци врз база на искуство во работата со клиенти и имам пристап до стотици истражувања кои бараат одговор на оваа прашање. Но, сепак никогаш не сме на чисто со вистинскиот одговор и сметам дека нема ни да го најдеме.

20 „МОРА” за стартап претприемачи
Разговарајќи со еден клиент на оваа тема уште пред да го започне бизнисот, односно пред да навлезе во навистина неизвесните води на стартап животот, бреинстормирав едно стотина мора елементи за да се обезбеди колку толку поголема веројатност за успех на стартапот. Оваа беше уште во 2009 година.
