post

[Цитат] Доколку ви треба машина, а не ја купите…

Доколку ви треба машина и не ја купите, ќе сфатите дека сте ја платиле, а сепак ја немате.

– Хенри Форд

Вашиот бизнис има потреба од технологија без разлика за каков бизнис станува збор (производствен или услужен). Денес се потребни работници со знаење, а знаењето бара користење на различна технологија.

Можеби ќе ја избегнувате имплементацијата на технологијата, но набргу ќе сфатите дека ве гази времето, дека тоа игнорирање ќе ве чини време и пари, но и времето може да се конвертира во пари.

Се на се, Хенри Форд имал право за технологијата која ви треба а не ја купите. Сепак на крајот ја плаќате.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*