post

Дали постојат случајности во бизнисот?

Секој бизнис, а особено малите бизниси функционираат во еден крајно неизвесен свет. Неизвесноста е постојана сенка на сите претприемачи.

Но, и неизвесноста не е случајна. Таа се појавува и постои заради одредени причини. На пример, стартап бизнисите функционираат во најголема неизвесност бидејќи сеуште не се пронајдени вистинските елементи на бизнис моделот. Не се знаат конкретните купувачи, не се знае вредноста која ја нуди бизнисот за секој од купувачите, не се знаат каналите на дистрибуција, не се знаат различните односи со купувачи… Сеуште не постојат некои приходи кои ќе ја покажат вистинската насока во која бизнисот треба да се движи. Стартапи ги тестираат хипотезите за сите елементи од бизнис моделот.

Веќе постоечки бизнис исто така оперира во неизвесност, но сепак таа неизвесност е помала и попредвидлива во однос на стартапи. Оваа е поради фактот што овие бизниси веќе имаат купувачи, веќе се присутни на пазарот и веќе имаат конкретни информации врз основа на кои можат да ги проверуваат хипотезите и да се подготвуваат за неизвесната иднина.

Но, што е со случајности?

Доклку постои неизвесност, нормално е да постојат и случајности кои всушност претставуваат случајни настани кои онака едноставно се појавуваат. На пример, случајни несреќи, случајни препреки, случајни грешки…

Иако постојат слулајности сепак не значи дека претприемачите треба да ги користат како оправдување за неуспесите, за грешките кои доведуваат до неуспесите и за предвидување и подготовка за тие случајности.

Како да бидете поподготвени за таквите случајности кои може да имаат негативни последици за бизнисот?

1. Подготовка на вашиот бизнис за она што следува

Мора да се подготвите за иднината. Подготовка за начи предвидување на иднината и подготовка на вашиот бизнис за онаа што следува, за оние случајности кои може да ве изненадат.

Би било многу лесно доколку сме добри во предвидување. Сепак тоа не е случај во бизнисите. Предвидување значи дефинирање на претпоставки за иднината и нивно тестирање и прилагодување се додека не се случи таа иднина.

На таков начин ќе бидете подготвени за идните случајности со кои ќе се соочи вашиот бизнис.

2. Ги знаете ли можните настани кои може да имаат високо влијание врз бизнисот

Водење и менаџирање на бизнис претставува секвенца на настани кои се случуваат врз основа на ваше влијание или едноставно кои се случуваат и без вас или вашиот бизнис во нивно креирање.

Особено внимавајте на настани кои изгледаат слабо веројатни за појавување, а може да имаат големо влијание на вашиот бизнис.

3. Менаџирање на ризикот

Со неизвесноста и случајностите оди и ризикот. Вашата задача како претприемач е да ги дефинирате сите ризични индикатори, да го процените ризикот врз основа на сите нив и да се подготвите за подобро реагирање кога ќе се појават. Ризикот мора да се менаџира.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*