post

Дали структурата е сеуште потребна?

Новите времиња носат нови начини, процеси и системи за спроведување на работата. Развојот на технологијата, како и се поголемата улога на истата во сите аспекти на работењето на бизнисот без разлика од нивната големина или фаза во која се наоѓаат носат нови предизвици за секој претприемач.

Се почесто се поставува прашањето дали на малите бизниси им е потребна организациска структура – оној убав дијаграм со означени позиции кој што е и на кого одговара или кого слуша.

Кога подготвувате бизнис план имате посебен наслов менаџмент во кој е опфатен и дизајн на организациската структура (наречена уште и како органограм). Прашањето е дали е потребно такво нешто?

Доколку земеме еден стартап, таква форма на бизнис план воопшто не е потребна. Но, подоцнежните фази на развој (излегување на од стартап поминување во раст и брз раст на компанијата) ќе бараат и проширување на тимот, средување на хаосот и дизајнирање на сите потребни функции. Тогаш ни е потребен еден таков структуриран бизнис план со прецизно дефинирање на менаџерските и сите останати функции, но и еден дизајн на организациска структура.

Но, што е со клоуд технологијата, можноста за работење од далечина…? Како оваа технологија ќе влијае на самиот организациски дизајн на бизнисот? Дали оваа технологија не ја отфрла потребата (односно зголемување на неможноста од дизајнирање на прецизен органограм) од организациска структура?

Да, таа технологија влијае и ќе продолжи се повеќе да влијае на зголемување на мобилноста, но и на самиот организациски дизајн на бизнисот. Ова значи и потреба од многу поголема флексибилност во организациските системи, особено при организацискиот дизајн на компаниите. Ова значи поплосната организациска структура и зголемен опфат на менаџментот. Но, никако не значи и нема ни да значи отфрлање на структурата.

Структурата е потребна и ќе биде потребна во иднината. Структурата, доколку се дизајнира на вистински начин ќе обезбеди сосема спротивно од мислењето на повеќето луѓе, дека таа доведува до намалување креативноста за цена на зголемување на продуктивноста. Тоа не е точно. Точно е за погрешни пристапи во самиот организациски дизајн. Вистината е дека структурата има потенцијал да ја зголеми креативноста, но и флексибилноста на организациските системи.

Дали го користите потенцијалот на структурата? Дали ја зголемувате и креативноста и флексибилноста но и продуктивноста со вашата организациска структура?

Размислете на овие прашања. Доколку одговорот е не, ќе треба да поработите на вашиот бизнис и организацискиот дизајн на компанијата. Сепак вие сте претприемач, човек кој дизајнира и гради бизниси, а не производи или услуги.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*