post

Дали вие сте иновативен претприемач

Како еден претприемач, вие исто така сте и иноватор, иновативен претприемач. Зошто? Едноставно затоа што вие мора да иновирате доколку сакате да успеете.

иновaтивен претприемач

Вие ги решавате проблемите на подобар или поиновативен начин за вашите купувачи. Вие креирате компанија која значи нешто за вас, вашите вработени и вашите купувачи и тоа од ништо.

Кои се иновативни лица, иновативни претприемачи? Мислам дека во секој индивидуалец постои доволно креативност, соништа и желби кои ќе го водат да бидне иновативен претприемач.

Можеби во развојната фаза на нашите животи имаме премногу препреки за да ја одржиме нашата креативност на највисоко можно ниво, или пак да ги спроведеме нашите соништа во вистинскиот живот, или пак да работиме на нашите желби, но знам дека можеме многу повеќе, или пак многу подобро околу оваа само ако сакаме да направиме нешто. Во секој од нас е скриена уникатна и специфична на свој начин креативност, скриени соништа и скриени желби кои може да бидат остварени само доколку започнеме да ги изведуваме работите кои треба да ги изведуваме.

Доколку успеете да ја поттикнете вашата креативност, вашите соништа и желби да ги ставите на вашата „да направам” листа и започнете да правите нешто во однос на нив сигурно дека ќе станете иновативен претприемач.

Па, што навистина значи да се биде иновативен претприемач?

Да видиме што можеме да кажеме за тоа кои се личностите кои може да бидат иновативни претприемачи:

  1. Иновативен претприемач е креативна личност која ја испорачува својата креативност до големите маси.
  2. Иновативен претприемач е сонувач.
  3. Иновативен претприемач е лице кое ги трансформира своите соништа во реални работи.
  4. Еден иновативен претприемач е лице кое јасно може да погледне во иднината.
  5. Еден иновативен претприемач е лице кое креира нешто од ништо.
  6. Иновативен претприемач е лице кое го гради сопствениот бизнис на проблеми од вистинскиот живот.
  7. Иновативен претприемач е лице кое ги слуша неговите потенцијални купувачи.
  8. Иновативен претприемач е лице кое ги подобрува работите кои во моментов се достапни за широките маси.
  9. Иновативен претприемач е лице кое открива сосема нови работи околу него.
  10. Еден иновативен претприемач е лице кое креира иновативни производи и услуги.
  11. Еден иновативен претприемач кое не стравува да преземе ризик.
  12. Иновативен претприемач е лице кое различно размислува од останатите.
  13. Еден иновативен претприемач е лице кои иновира процеси во неговиот бизнис.
  14. Еден иновативен претприемач е лице кое не може лесно да биде разберен од останати луѓе се додека е во фазата на иновација.
  15. Иновативен претприемач е лице кое сака да го промени светот.
  16. Иновативен претприемач е лице кое точно знае што сака да постигне.
  17. Еден иновативен претприемач е лице кое не стравува да ги преземе следните акции иако е свесен за неизвесноста и можните неуспеси.
  18. Еден иновативен претприемач не е лице кое ја базира неговата работа само на хартија, бидејќи тој хартијата ја трансформира во реалноста.
  19. Иновативен претприемач е лице кое не сака status quo околу него.
  20. Иновативен претприемач е лице кое не само што иновира, туку и гради системи за поддршка на иновација во неговата компанија.

Оваа е само дел од вистинското значење на иновативен претприемач. Секако, постојат уште многу други работи кои може да се напишат тука, но сметам дека овие се најважни и доволни за да се види вистинската слика за претприемачи кои се иноватори.

Прашање: Сметате ли дека нешто друго може да биде додадено во листата? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*