post

Дел 3: Методи и техники за Lean Startup

Започнување со раст Ова е третиот пост од Lean Startup и вовед во она што претставува. Претходно имавте можност да ги прочитате следниве наслови:

Веќе можеби забележувате дека Lean Startup не е методологија за која постојат чекори за примена на истата. Различни бизниси ќе бараат различен пристап. Различни индустрии ќе бараат различен пристап. Различни претприемачи ќе бараат различен пристап.

Пред да продолжам со презентирање на некои методи и техники сакам да напоменам дека и тука ќе користам аналогија од Lean Manufacturing. Уште нешто, различни бизниси ќе имаат и различни потреби за различни алатки кои ќе се применуваат.

  1. Методи и техники кои овозможуваат концентрација на вистинските карактеристики на производот или услугата при развојот.
  2. Методи и техники за елиминирање на расфрлањата кои се појавуваат во изведување на процесите. Се она што не допринесува во зголемување на употребната вредност се смета како расфрлање.
  3. Методи и техники кои овозможуваат брзи реакции на променетите барања на купувачите.
  4. Методи за намалување на времето на промена на стратегија или бизнис моделот.
  5. Методи за брзо откривање на проблемите во бизнисот кој се развива.
  6. Методи и техники за стандардизирање на операциите.
  7. Методи и техники за континуирано подобрување од мали групи и системи за предлози.
  8. Методи и техники за подобрување на квалитетот.

Значи ова се основите за она што е потребно. Но, ајде да презентираме и некои конкретни методи и техники базирани на Lean Manufacturing а кои може да се искористат и во Lean Startup:

  1. 5S.Ова е алатка која се однесува на организирање и одржување на работното место. Името на алатката е составено од 5 јапоснки збора кои започнуваат на S:
    • Seiri што значи одвојување и отфрлање на се што е непотребно на работното место (во случај на стартапи од производот или услугата кои се развиваат)
    • Seiton што значи да се среди и означи се она што ќе остане на работното место после Seiri (во наш случај што ќе остане да се дизајнира во производот)
    • Seiso што значи да се врши дневно чистење и прегледување на работното место (дневно следење на потребите за карактеристики на производот/услугата)
    • Seiketsu што значи да се направи дневно чистење и прегледување на работното место да стане рутинска пракса (рутинизација на процесот на подобрување на производот/услугата)
    • Shitsuke што значи да се мотивираат луѓето за да го одржуваат средено работното место, односно да се стандардизираат претходните 4 чекори со што ќе се добие процес кој никогаш не завршува (стандардизација).
  2. Poka Yoke. Poka Yoke претставува јапонски збор за избегнување на грешките во работењето, односно работење без грешки. Оваа техника е насочена кон целосно елиминирање на грешките кои може да се појават во самиот процес.
  3. Балансирање на работата. Оваа техника има за цел да доведе до балансирање на работата на целата организација и особено развојот на бизнисот согласно барањата од пазарот.
  4. Kanban. Оваа техника претставува одреден систем за дополнување, односно дополнување на потребните карактеристики во вистински потребната количина и во вистинско време. Аналогијата може да се користи во повеќе процеси при дизајнирање на еден нов бизнис.
  5. Статистички методи и техники како за анализа на купувачи, така и за анализа на самиот процес заради подобрување на квалитетот и секако работа без грешки.

Ова се само дел од сето она што може да се користи. Секако, некои од овие, а можеби и некои кои воопшто не ги споменав тука ќе бидат разработени во теорија на бизнис идеи.

Што е она што сакам да го покажам преку овие три поста во серијал?

  • Lean Startup не е техника или метода или алатка, туку филозофија на започнување на бизниси.
  • Lean Startup користи методи, техники и алатки за имплементација, но тие сеуште не се прецизно дефинирани и не може да се земе темплејт за секој бизнис.
  • Lean Startup се базира на учење од купувачот исто како и производниот систем на Toyota, и за таа цел користи разни методи и техники не базирани на интуиција, туку на научно докажани математичко-статистички модели.
  • Како што забележувате, доколку сте ја прочитале книгата Lean Startup во овој серијал презентирав сосема поинаков пристап, но суштински воопшто не се разликува од она што е презентирано од страна на Eric Ries во книгата.  Затоа што ја користев аналогијата на Lean Manufacturing, Lean Management, Lean Thinking… А, на нив се базира и Lean Startup.
  • Lean Startup допрва треба да се проучува и докажува на научна основа. За ова се доказ и повеќето магистерски и докторски дисертации на универзитетите во развиени земји. Главниот проблем на кој се однесуваат овие научни истражувања се на откривање на кога, што и како врз основа на практицирање на оваа филозофија во пракса. Се бараат врски и корелации помеѓу успешни и неуспешни бизниси врз основа на она што користеле во развој на нивниот бизнис. (Добро подрачје во кое треба да се насочат и нашите универзитети).
  • Секако, за крај ова не е комплетно. Ова се само основи. Ќе зборуваме повторно, тука на претприемач.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*