post

Ден 2: Комуникација на идеите – 77 подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Се наоѓаме во вториот ден во нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходен ден се однесуваше на подобрување на креативноста во твојот бизнис, кој ќе обезбеди колку што е можно повеќе квалитетни идеи.

Ако успееш во зголемувањето на креативноста во твојот бизнис, ќе имаш многу идеи кои ќе можеш да ги спроведеш при што ќе ја зголемиш твојата бизнис потенцијална енергија.

Ти не си сам, и идејата нема да биде само за тебе, доколку ја реализираш истата. Мора да започнеш да ја комуницираш идејата за да дојдеш до можни подобрувањата како резултат на таа комуникација.

Сепак, немa секоја идеја да вреди веднаш да се имплементира. Од друга страна, не можеш ни да спроведеш се и сешто одеднаш. На еден таков начин, ти и твојот бизнис ќе го изгубите фокусот и веројатно квалитетот на спроведувањето ќе биде на многу ниско ниво.

Поради тоа, како прв чекор, или првото нешто што како претприемач можеш да го подобриш по подобрување на креативноста е да се подобри процесот на комуникацијата на идеите кои се резултат на креативниот процес.

Тоа можат да бидат идеи за развој на нови производи или услуги. Тоа можат да бидат идеи за подобрување на технолошкиот процес. Тоа може да се нови идеи за маркетингот. Тоа може да биде нови продажни процеси. Тоа може да биде сè ново што до денес во твојот бизнис го немало.

Комуницирањето на идеите за подобрување значи тие да се покажат и да дискутира за нив како внатре во твојот бизнис така и надвор од исиот.  Ти треба процес за комуницирање на идеите кои произлегуваат од креативниот процес во твојот бизнис.

Внатрешна комуникација

Твоите идеи треба да бидат комуницирани внатре во твојот бизнис, бидејќи тие се само идеи. Секоја идеја може да се подобри ако се гледа од различни гледни точки во твојата компанија.

Надворешна комуникација

Надворешна комуникација е потребна за да ги провериш идеите преку надворешниот свет, односно твојата најблиска бизнис заедница.

Некои идеи не може да се комуницираат со надворешниот свет, бидејќи се строга тајност. Но сепак, можните резултати од самите идеи секогаш можат и треба да бидат комуницирани со надворешниот свет. На пример, не можеш отворено да зборуваш за идеи за технолошки подобрувања, но ќе можеш да зборуваш за резултатите од тоа подобрување како на пример квалитет на производите, пократки циклуси на истражување и развој, пократко време за производство, пониски трошоци на производство…

Процесот на комуникација на твоите идеи има за цел да го провери она што надворешниот свет го мисли за нив, а доколку светот ги сака дали има нешто што може да се подобри во согласност со нивните потреби. Важен дел од овој процес е да се провери дали идеите ги задоволиле потрошувачките очекувања, потреби и желби.

Пред да почнеш со комуникацијата ќе треба да создадеш процес. Еве неколку прашања кои треба да ги одговориш:

  • Која е твојата цел за комуницирање на идеите? Запомни дека различни идеи ќе имаат различни цели.
  • Зошто би требало другата страна да се грижи за тие идеи?
  • Што би сакал другата страна да направи?
  • Која е заедницата со која би сакал да ги комуницираш твоите идеи?
  • Кои се корисностите кои се добиваат со идеите?
  • Кои се можните подобрувања за идејата од самиот процес на комуникација?

Сега да разгледаме некои совети кои может да ти помогнат во подобрувањето на процесот на комуникација на идеите.

  • Користи визуелни ефекти кога ќе ги комуницираш идеите.
  • Најдобрата комуникација е кога постојат две страни во процесот, но со двонасочна комуникација.
  • Користи повеќе од еден начин за комуникација на твоите идеи.
  • Најди лица внатре и надвор од твојот бизнис, који ќе слушаат и ќе ти дадат соодветен feedback.
  • Поставуваj прашања. Поставувај многу прашања.
  • Комуницираj ги резултатите во вид на можните корисности, а не само идејата, или пак најзините карактеристики.

Утре ќе продолжиме со третиот ден, каде што ќе се работи на подобрувањето на заедницата со која ќе ги комуницираш твоите идеи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*