post

Ден 3: Подобрување на заедницата – 77 подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Се наоѓаме во третиот ден во нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис за 77 дена. Претходен ден беше за подобрување на процесот на комуникација на идеите како резултат на креативност процес во твојот бизнис.

Со претходните два дена, веќе си го подобрил процесот на креативноста кој обезбедува што е можно повеќе квалитетни идеи за твојот бизнис. Исто така, работеше и на подобрување на процесот на комуникација на секоја идеја во внатрешноста и надворешноста на твојот бизнис, кој носи потенцијал за подобрување на идејата.

Но, светот со кој ја комуницираш твојата идеја е заедницата околу твојотот бизнис. Ако заедницата е поголема и со подобар квалитет, тоа ќе додаде поголема бизнис потенцијална енергија во секоја идеја.

Целта на овој ден во овој предизвик е да се работи на подобрување на заедница со која ќе се комуницираат идеите од твојот бизнис.

Ако сакаш да бидеш сигурен дека резултатите од идеи ќе бидат прифатени и посакувани од пошироката заедница треба да ги комуницираш идеите со:

  • Вистинската заедница,
  • Доволно голема заедница и
  • Доволно квалитетна заедница.

Овој процес е како садење на семето на иднината на твојот бизнис. Ако успееш да изградиш вистински, квалитетна и доволно голема заедница околу твоите идеи, ќе имаш многу поголем потенцијал да успееш со тие идеи. Ќе имаш идни поддржувачи. Ќе имаш повеќе идни купувачи.

Но, што е она што треба да се подобри?

Прво, ти треба вистинската заедница околу твоите идеи.

Што значи ова?

Значи дека членовите на заедницата ќе треба да се лица кои имаат потреба од нешто што ти и твојот бизнис го правите. Тие мора да имаат проблеми кои твојот бизнис ги решава или може да ги реши во иднина. Ако разговараш со погрешна заедница, не можеш да очекуваш да ги добиеш вистинските повратни информации за твоите идеи.

Постави си ги овие прашања за да ја најдеш твојата вистинска заедницата за твоите идеи:

  • Дали членовите на заедницата се лица кои имаат потреба од моите производи и услуги?
  • Ако не се, каде е направена грешка или која е заедницата на која и требаат од моите производи и услуги?
  • Кои се најголемите проблеми и фрустрации на таа заедница?
  • Дали мојата идеја е нешто што може да ги реши нивните проблеми и фрустрации?
  • Како можам да ја дефинирам најдобрата заедница за мене со која можам да ги комуницирам моите идеи со нив?

Следна важна работа е големината на заедницата.

Ако заедницата е поголема, тогаш ќе имаш поголем фидбек за твоите идеи. Повеќе повратни информации значи и повеќе идеи за подобрување на основната идеја која ја комуницираш со заедницата. Повеќе подобрувања за основната идеја значи дека во иднина бизнисот ќе биде поблиску до вистинските потреби на потрошувачите.

Постави си ги овие прашања и одговори на истите ако сакаш да најдеш идеи за подобрување или зголемување на твојата заедница:

  • Колкава е големината на мојата заедница?
  • Каде се потенцијалните лица кои можат да бидат дел од мојата заедница?
  • Што треба да направам за да се зголеми мојата заедница?
  • Како можам да ја зголеми мојата заедница со вистински лица?

Третата работа што може да се подобри кога станува збор за твојата заедница е квалитетот на самата заедница.

Ти не сакаш заедница која нема да ти даде повратни информации за твоите идеи. Не сакаш некреативна заедницата . Сакаш заедница каде што ќе има двеострана и повеќестрана комуникација. Сакаш заедница која ќе ги споделува своите први впечатоци за тебе и за твојот бизнис.

Користи ги оваие прашања како идеи за подобрување на квалитетот на твојата заедница:

  • Колку лица во мојата заедница се активни и да придонесуваат за основните идеи?
  • Како можам да ги охрабрам активностите во мојата заедница?
  • Каде можам да најдам вистински придонесувачи во мојата заедница?
  • Што треба да направам за да ги привлечам вистинските лица во мојата заедница?

Како што можеш да видиш овие прашања ќе те доведат до различни можни активности кои можеш да ги направиш за подобрување на твојата заедница. Направи листа и почни со подобрувања. Тие ќе ја зголемат твојата бизнис потенцијална енергија.

Ќе продолжиме утре со четвртиот ден, каде што ќе работиме на приоритизација на твоите идеи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*