post

Ден 4: Приоритизација – 77 подобрувања за 77 дена

Бизнис идеи Се наоѓаме во четвртиот ден од предизвикот за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходен ден се однесуваше на подобрување на твојата заедница со која треба да ги комуницираш твоите нови идеи како резултат на процесот на креативноста во твојот бизнис.

Дали си се нашол себеси да работиш на некои идеи, за кои по извесен временски период откриваш дека не се толку важни како што си мислел кога си започнал? Имплементацијата не ги даде очекуваните резултати. Го инвестираш твоето време и пари во нешто што не е толку важно за твојот бизнис, но исто така и за твоите потрошувачи.

Ако сакаш постојано да се подобрува твојот бизнис, треба да имаш систем со кој лесно ќе можеш да го приоритизираш она што треба како прво да го направиш. Сигурно не сакаш некои многу важни идеи кои можат да донесат драматични подобрувања во твојот бизнис да бидат одложени. Не сакаш да работиш на нешто што нема да ја зголеми вредноста во очите на твоите потрошувачи.

Вистинското прашање што треба да се одговори денес е како може да се одлучи која идеја е навистина најважна во одреден временски период за да се спроведе?

Постојат премногу начини кои можеш да ги користиш за рангирање и вистинска приоритизација на твоите идеи. Тука сакам да прикажам еден можен систем кој можеш да го користиш за подобрување на твојот бизнис преку приоритизација на твоите идеи кои се резултат на креативност процес во твојот бизнис. Овој систем се базира на прашања на кои треба да дадеш одговор и кои ќе ти покажат што е поважно и има најголем приоритет за имплементација.

  • Кои се твоите главни бизнис цели?
  • Кои се твоите главни лични цели?
  • Колку ресурси се потребни за определена идеја? Треба да се проценат потребните ресурси за секоја идеја. Тие ресурси може да бидат човечките ресурси, време, пари, физичка енергија…
  • Каков ќе биде придонесот на секоја идеја во постигнување на твоите бизнис и лични цели?
  • Дали имате доволно ресурси за спроведување на секоја идеја? Не можеш да се спроведеш нешто ако немаш доволно ресурси. Веројатно, подобро е да се одложат таквите идеи.
  • Каков ќе биде повратокот на инвестициите од секоја идеја?
  • Колку време ќе биде потребно за да стигне до враќање на инвестициите?
  • Дали е и колку секоја идеја е одржлива?
  • Кои ќе бидат севкупните подобрувања во твојот бизнис од спроведувањето на секоја идеја?
  • Кои се видовите на проблеми кои ги решава определената идеја за твоите купувачи?
  • Колку се чести тие проблеми? Се случува ли многу често или во ретки прилики?
  • Колку им е потребно решението твоите купувачи за тие проблем?
  • Од гледна точка на потрошувачите што е она што тие мислат дека е најважно за нив?

Секој одговор на прашања мора да биде пренесен во нумеричка оценка за рангирање што ќе биде доволено за да се најде приоритетот на повеќето идеи кои ќе треба да се спроведат во прв план.

Ќе продолжиме утре со петтиот ден, каде што ќе работиме на твојот план за имплементација на идеи затоа што веќе имаш приоритет на секоја идеја што доаѓа до тебе како еден претприемач.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*