post

Ден 7: Лидерство – 77 Подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Ќе продолжиме со седмиот ден од нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходниот ден се однесуваше за процесот на имплементација и подобрување на истиот.

До денес, ти веќе работеше на подобрување на твојата креативност која ќе ти даде подобри идеи за твојот бизнис. Си започнал со комуникацијата на идеите со твојата заедница. Си работел на подобрување твојата заедница за подобри повратни информации кои ќе ти овозможат да ги подобриш твоите основни идеи. Имаш приоритет на твоите идеи и направен план за имплементација. Си започнал со процесот на имплементација и постојано подобрување низ тој процес.

Сега, ако сакаш да имаш подобар процес на имплементација, ќе ти треба подобро лидерство.

Кој е лидер?

Кој е лицето кое ќе го води целиот процес се до конечниот успех?

Ти како еден претприемач мора да бидеш најголемиот лидер во твојот бизнис, ако сакаш да успееш со секој проект како резултат на идеи од креативниот процес во твојот бизнис. Меѓутоа, ако твојот бизнис има структура и различни менаџерски нивоа, освен тебе, ќе има потреба од лидерство и на менаџерско ниво во твојата компанија.

Лидери се лица кои водат нешто во твојот бизнис. Тие се одговорни да делегираат задачи потребни за остварување на процесот на имплементација. Тие се одговорни да користитат ефикасна комуникација помеѓу вработените и потрошувачите и потенцијалните потрошувачи. Тие се одговорни да ги мотивираат своите тимови. Тие се одговорни за успешно завршување на проектите.

Твојата цел е целиот процес на имплементација да биде успешен. Поради тоа твојата цел и на твоите менаџерски лидери е да се направи успешна имплементација на проектот.

Треба да сфатиш дека имаш многу важна улога во процесот на имплементација на твоите идеи како претприемач. Многу често она што го правиш ќе им биде императив на сите вработени. Ти си огледало во кое сите бизнис членови се огледуваат и се обидуваат да се најдат.

Да ги погледнеме прашања кои ќе треба да ги одговориш за подобрување на твоите и на твојот менаџерски тим лидерски способности:

  • Дали твојот комуникациски процесот е нешто што може да се подобри?
  • Можеш ли да комуницираш со сите вработени без никакви проблеми?
  • Како твоите  вработени те перцепираат? Можеш ли да подобриш нешто во врска со тоа?
  • Дали твоите упатства, стратегии и методи се јасни за твоите вработени?
  • Можеш ли да подобриш нешто во твоите инструкции, стратегии и методи за да бидат поразбирливи за твоите вработени?
  • Дали твоите вработени ги исполнуваат роковите за поставите задачи? Ако не, зошто не? Може да ли се подобри нешто што ќе ги направи постигнување во рокови?
  • Како се мотивира твојот тим? Може ла да се подобри нешто?
  • Како твоите нови идеи ги гледаат твоите вработени? Дали тие гледаат на нив како нешто што е дел од нив? Дали тие гледаат на нив како нешто што ќе им го подобри сопствениот живот? Што е потребно да направиш околу тоа?
  • Дали твоите вработени работат во тимови? Дали тие придонесуваат за целиот успех на твојот тим? Дали знаат што точно е нивната функција, што се твоите очекувања од нив и како тие придонесуваат за успехот на твојот бизнис?
  • Дали твоите вработени се горди, бидејќи работат за твојот бизнис? Може ли да се подобри нешто во врска со тоа?

Овие прашања се најважните делови од твоите лидерски способности. Тие ќе те водат низ можни подобрувања тебе и твојот менаџерски тим за лидерство.

Ќе продолжиме со осмиот ден каде што ќе разговараме за капацитет за имплементација на твојот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*