post

Денес е вчерашното утре

Сите ќе се сложиме дека насловот е точен. Да, денес е вчерашното утре. Просто.

Но, дали доволно го разбираме значењето особено кога станува збор за претприемачите и бизнисот?

Денес, вчера, утре… Циклус кој не запира.

Она што го правиме денес ќе ја смени утрешноста и на нашиот живот и на нашиот бизнис. Како ќе ја смени, ќе зависи од она што сме го правеле вчера, што правиме денес…

Една алка од синџирот доколку попушти, функцијата на целиот синџир ќе биде загубена.

Денес планираме што ќе правиме утре. Денес правиме нешто што ќе даде резултати утре. Денес ги уживаме благодетите на она што сме го направиле вчера.

Се она што го правиме оваа година, ќе има влијание на резултатите на нашиот бизнис идната година. Оваа година уживаме во резултатите од активностите минатата година.

Овие прашања може да придонесат во вашето континуирано подобрување како претприемач:

  • Што треба да направам денес за подобро утре?
  • Што направив вчера со што имам подобро денес?
  • Дали треба да го повторам она што го направив вчера со што допринесов за подобро денс?
  • Што направив вчера со што не сум придонел за подобро утре?
  • Што направив вчера со што нема да допринесам за подобра иднина?
  • Дали треба да го правам она што го направив вчера, а со што не допринесов за подобра иднина?
  • Можам ли повеќе?

Добра идеја е водење на личен дневник, кога станува збор за вашите активности во однос на вашиот бизнис, со што лесно ќе можете да ги споредите активностите и резултатите во бизнисот. Дневникот не е само “да направам” листа, затоа што често пати (ако не и во 100% на случаи) вие излегувате од рамката на таа листа и правите нешто што не е планирано за соодветен ден. Ваквиот дневник ќе ги содрќи сите ваши остварувања, односно активности кои лесно ќе се поврзат со вашите чувства, резултати и подобрувања.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*