post

Дијаграм на тек за SWOT анализа

SWOT анализата е алатка за планирање и особено за стратешко планирање. Се користи за оценување на силините (Strenghts) и слабостите (Weaknesses) како внатрешни елементи на бизнисот и можностите (Opportunities) и заканите (Threats) како надворешни елементи на бизнисот. SWOT анализата има широк спектар на полезности од користење, особено информациите кои се добиваат после една таква анализа. Но често пати SWOT анализата започнува и завршува со матрицата SWOT.

SWOT Матрица претставува квадрант во кој во секое поле се наведени елементите на SWOT – силни и слаби страни како и можности и закани. На ваков начин, целосните придобивки од оваа анлиза се испуштаат. На сликате е претставен целокупниот дијаграм на текот на SWOT анализата кој започнува со скенирање на внатрешната и надворешната околина на бизнисот.

SWOT дијаграм на тек

SWOT дијаграм на тек

SWOT анализата започнува со евалуација на тековната состојба во поглед на внатрешноста на бизнисот и надворешноста на бизнисот. Оваа евалуација на тековна состојба ќе доведе до идентификација на внатрешни и надворешни фактори кои влијаат на бизнисот. Внатрешните фактори можат да бидат силни страни, но можат да бидат и слабости за бизнисот, додека надворешните фактори може да бидат можности или пак закани за бизнисот. Во овој дел е потребно да се идентификуваат сите фактори и да се подредат по значајноста за бизнисот за кој се изведува анализата.

Откако се идентификувани клучните надворешни и внатрешни фактори може да се премине на определување на тоа кои од внатрешните фактори претставуваат силна страна, а кои слаба страна. Додека за надворешните фактори определуваме како можности или закани. Дури сега може да се изведе SWOT матрицата. SWOT матрицата претставува одлична графичка претстава на тоа што е добро, а што не чини во бизнисот како и она што не очекува како можност или закана.

Но што понатаму? Дали оваа е доволно за завршување на анализата? Секоја анализа мора да даде идни насоки за постапување. Ако запреме тука не можеме да кажеме дека сме направиле успешна анализа. Затоа за секоја комбинација од квадрантите од матрицата се определуваат стратегии. Од SWOT матрицата можеме да извлечеме 4 стратегии:

  • S-O стратегии (Силини-Можности стратегии). Овие стратегии треба да ги искористат можностите кои се вклопуваат во силните страни на бизнисот.
  • W-O стратегии (Слабости-Можности стратегии). Овие стратегии треба да овозможат да се надминат слабостите на бизнисот додека се сикористуваат можностите.
  • S-T стратегии (Силини-Закани стратегии). Овие стратегии треба да овозможат искористување на слните страни, додека се елиминираат или намалуваат заканите од околината.
  • W-T стратегии (Слабости-Закани стратегии). Овие стратегии треба да овозможат елиминирање на слабостите и оневозможување на надворешните закани да ги допрат токму тие слабости на бизнисот.

Ваква една анализа со резултат од подготвени стратегии за справување со тековната состојба и подготовка за иднината и која ги опфаќа и внатрешните и надворешните фактори претставува добар одбранбен механизам за секој бизнис.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*