post

Добар бизнис план – 10 Елементи

Предвидување на продажба

 

Планирање

Бизнис планот или процес на бизнис планирање е тема која е позастапена на претприемач. Ова е поради фактот што бизнис планот е еден од елементите кои содржат бизнис потенцијална енергија, но и еден од елементите кои таа бизнис потенцијална енергија ја трансформираат во кинетичка енергија, односно во профитаблен и успешен бизнис.

Колку бизнис планот е подобар толку и ќе има поголема потенцијална енергија во него. Но, едно од почестите прашања кои се поставуваат е што значи добар бизнис план?

Наједноставен одговор би бил оној бизнис план кој ќе се оствари и кој по остварување ќе доведе до зголемување на профитабилноста и успешноста на бизнисот. Но, поширок одговор би бил:

  • Оној бизнис план кој е реализиран во целост. Добар е оној бизнис план од кој се што е планирано е реализирано. Доколку нешто не е реализирано значи дека сме планирале нешто што не е реално.
  • Оној бизнис план кој ќе овозможи реализација на финансиските предвидувања. Добар е оној бизнис план кој доведува до успешна реализација на нашите финансиски предвидувања како што се приходи од продажба, маржа, профит, трошоци, готовински тек…

Значи успешната реализација на бизнис планот е мерка за тоа дали тој бизнис план е добар или не.

Елементи кои бизнис планот го прават да биде „добар“ бизнис план:

  1. Да се свати значењето на бизнис планот. Првиот фактор за добар бизнис план е да се сфати значењето на истиот. Доколку не се свати значењето на бизнис планот од страна на претприемачите ќе нема ни бизнис план и наредните фактори не се важни.
  2. Да се започне со планирање. Без да се започне со планирањето ќе немаме бизнис план па така нема да можеме да го делиме на добар или лош бизнис план.
  3. Реални предвидувања за иднината. Многу е лошо кога ќе се потфрлат или пак преценат можностите на бизнисот во предвидувањата. Во вакви ситуации не ви е потребен бизнис планот бидејќи не лежи на реални основи. На пример, можете да наведете предвидувања дека продажбата ќе биде повисока за 100%. Но, оваа навистина е тешко остварливо. Многу пореално би ило 10% или 20% па во некои исклучителни ситуации и до 50% на годишно ниво.
  4. Реална анализа и истражувања. За да бизнис планот биде реалистичен во однос на предвидувањата мора да се базира на вистинска анализа и истражување на пазарот. Една таква анализа ќе ги даде вистинските основи за предвидувања за иднината.
  5. Бизнис планот ги опфаќа бизнис потребите. Прво и основно за да еден бизнис план биде добар е да ги опфаќа бизнис потребите за периодот за кој се однесува. Секој бизнис план треба да тргне од тоа кои се потреби треба да се остварат во периодот за кој се однесува бизнис планот. На пример, зголемување на продажба и приходи, зголемување на профитот, организациски промени, потребни нови маркетинг стратегии …
  6. Одговорности за имплементација. Бизнис планот ги опфаќа сите аспекти и подрачја од работењето на бизнисот. Тој дефинира работни задачи за периодот кој следува. Доколку нема точно дефинирани личности за секој елемент од имплементација на бизнис планот тешко дека тие активности ќе се реализираат. На таков начи Вие како претприемач само ќе ја потрошите Вашата потенцијална бизнис енергија за изработка на бизнис план кој нема да се спроведува. Тогаш и не вие потребен бизнис планот.
  7. Дефинирање на контролна функција за имплементација. Секогаш ќе има еден или повеќе имплементатори и еден контролор. Колку и да звучи лошо оваа но сепак реалноста покажува дека мора да постои. Доколку никој не го контролира имплементирањето и ги споредува резултатите со планираното постои голема веројатност дека нема да се добијат резултати кои што се планирани.
  8. Прецизно дефинирана комуникација помеѓу менаџментот и вработените. Секоја имплементација на нешто што се планира бара и соодветна комуникација. Оваа комуникација може да биде вертикална од горе (менаџментот) надолу и од доле (вработени) нагоре, како и хоризонтална помеѓу вработени од исти нивоа. Ниедна активност од бизнис планот не може да се реализира од еден индивидуалец доколку бизнисот има повеќе вработени. Добро дефинираната комуникација ќе овозможи да не се појават одредени недоразбирања при имплементацијата.
  9. Специфичност и јасност. Доколку бизнис планот не е специфичен и јасен ќе доведе до забуни и проблеми за имплементацијата. Но, што треба да се подразбира под специфичност и јасност. Секоја активност која произлегува од планот треба да биде специфична во поглед на задачи, рокови, датуми, претпоставки, потребни финансии… Се она што има можност да се мери мора да биде наведено во мерлива единица како бројка, датум, денари итн. Едноставно запрашајте се како ќе знаете дека нешто е остварено. Добриот план дава одговор на следниве прашања:ШТОКОЈКОГА и КАКО.
  10. Можност за ревидирање. Нема секогаш планот да се спроведува онака како што е замислено. Заради тоа потребни се постојани ревидирања на истиот. Условите на пазарот можат непредвидливо да се променат. Доколку бизнис планот не се ревидира согласно новонастанатите услови на пазарот нема да може да биде остварлив, а со тоа и дбар. Затоа е подобро да се изврши ревидирање на истиот.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*