post

Добар продавач ≠ Добар претприемач

Добар продавач и добар претприемач

Добар продавач и добар претприемач

Да се биде добар продавач особено во денешни услови претставува навистина успешност за секој кој се занимава во таа професија. Но, честопати се поставува едно прашање:

Дали добар продавач по автоматизам значи дека е и добар претприемач?

Многу луѓе на некој начин веќе се испробале како продавачи? Голем број од нив кои се покажале како добри и останале да ја работат таа професија. Но, одреден дел од нив маѓепсани од сопствениот успех одлучуваат да започнат сопствен бизнис и да запливаат во водите на претприемништвото. Некои успеваат во таа нивна нова професија. Но, некои не испеваат.

Што претставува добар продавач?

Да се биде добар значи да се биде добар во работа со луѓе, во презентација на производи и/или услуги, во соодветна проценка на потенцијалните купувачи, во преговарање и договарање…

Во Карактеристики на (Не)Продавачи опфативме некои елементи за тоа што претставува добар, а што лош продавач. Добар продавач е оној кој знае да продава, да создава приход за бизнисот, а со тоа и профит.

Добар продавач треба да има знаење и да го користи тоа знаење како постојан реквизит во текот на продажбата. Знаењето треба да се базира на повеќе дисциплини, а не само на една. Не е доволно само добро да се познава производот и/или услугата кои се нудат за продажба.

Во многу случаи, ако не и во сите купувачот е поумен од продавачот, особено поради фактот што денепниве услови на живеење на еден просечен купувач им овозможува достапност на широк спектар на информации од различни производи и/или услуги за кои тој има потреба.

Добар продавач, ги разбира вистинските потреби на потрошувачите и согласно истите ја прилагодува сопствената понуда како би излегол во пресрет на тие потреби.

Подобар продавач е оној кој на определен временски период има повеќе продажби во однос на друг продавач на иста позиција во ист временски период.

Ако сте добар продавач, Вие имате потенцијал да станете претприемач и тоа со солиден износ на бизнис потенцијална енергија.

Но, секогаш постои едно но…

Што претставува добар претприемач?

Оваа година спроведовме едно истражување во кое ги анализиравме карактеристиките на еден успешен претприемач при што како основни ги идентификувавме следниве:

  1. Спремност да превземе акција,
  2. Знаење,
  3. Креативност,
  4. Вештини,
  5. Интелигенција,
  6. Истрајност,
  7. Упорност,
  8. Тимска работа,
  9. Вкалкулирано ризикување,
  10. Самодоверба,
  11. Искуство,
  12. Талент
  13. Чесност,
  14. Врски и
  15. Среќа.

Во тој пост за карактеристики за успешен претприемач на крајот даваме профил на еден претприемач-супермен:

Спремен да превземе акција која ја надградува со знаење и креативноста при што ги комбинира вештините и интелигенцијата, а е истраен и упорен, има способност да работи во тимови, превзема ризик, но не луд ризик и има самодоверба и искуство, а притоа е чесен, понекогаш има среќа и има некои врски кои можат да го подбутнат во работата.

Зошто добар продавач не значи и добар претприемач?

Од сето ова може да се забележи разликата помеѓу добар продавач и добар претприемач. Иако има преклопувања сепак претприемништвото бара повеќе. Тука доаѓа и знаење од финансиско работење, знаење од маркетингот, знаење од менаџирање, знаење од  тимска работа, ризикување…

Многу е поедноставно кога работиш за друг. Друг мисли за набавки, за инженеринг, производство, монтажа, маркетинг, финансии, одржување… Како продавач твоето е само да продаваш.

Затоа пред да донесеш одлука за влегување во сопствен бизнис, размисли за потребните вештини како претприемач. Дали ги имаш? Како да ги обезбедиш? Бидејќи по донесената одлука враќање назад нема или пак е многу потешко.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*