Долгорочни односи со потрошувачите едноставно знaчи да се изгради лојалност за Вашиот бизнис. Тоа е најдоброто нешто што може да го постигне некој бизнис на својот пат кон успехот. Долгорочни односи со потрошувачите ја билдаат продажбата, го зголемуваат бројот на потрошувачите и секако ја подобрува севкупната бизнис потенцијална енергија.

Долгорочни односи - Среќни потрошувачи
Многу е полесно и поевтино да се продава на постоечки потрошувачи отколку на нови. Доколку Вашиот бизнис има повеќе потрошувачи, и успеете да ги задржите, тогаш истиот ќе биде се попрофитабилен.
Ова се 50 мои препораки кои ќе ви помогнат да изградите долгорочни односи со Вашите потрошувачи:
- Првин ставете се во нивна позиција.
- Направете долгорочен план и стратегија за градење на лојалност.
- Имплементирајте ги тие планови и стратегии.
- Постојано подобрувај ги тие планови и стратегии.
- Не очекувај продажба од прв пат.
- Понудата нека не ви биде статична, дајте им опција да избираат.
- Бидете трпелив.
- Бидете доверливи со нив.
- Бидете пријател со нив.
- Информирајте ги за најважните работи веднаш.
- Имплементирајте двонасочна комуникација во сите Ваши алатки за комуникација.
- Користете социјални медиуми за да разговарате со потрошувачите.
- Прашајте ги за идеи за можни подобрувања на Вашиот производ или услуга.
- Користете анкети.
- Користете контакт и фидбек форма на Вашата веб страна.
- Користете база на податоци за да следите што Вашите потрошувачи Ви кажуваaт за Вашиот бизнис.
- Кажете им за Вашите подобрувања кои се изведени по нивни препораки.
- Кажете им за се што е подобрено и побарајте фидбек.
- Бидете еден од нив.
- Градете бизнис околу силна доверба.
- Контактирајте ги редовно.
- Користете човечки јазик во тие контакти.
- Бидете човек, а не бизнис барем за момент.
- Бидете самиот Вие.
- Побарајте помош кога имате потреба од помош.
- Бидете фокусирани на најпрофитабилни потрошувачи.
- Користете 80/20 правило за да ги идентификувате најважните потрошувачи.
- Покажете почит кон тие најважни потрошувачи.
- Наградете ги тие најважни потрошувачи.
- Не кажувајте им, туку едуцирајте ги за разликите помеѓу Ваш бизнис и конкуренцијата.
- Слушањето е мајка на градење на долгорочни односи.
- Почитувајте ги.
- Разберете ги.
- Нека Вашиот бизнис биде вистинскиот решавач на проблеми.
- Решавајте вистински проблеми, а не симптоми.
- Едуцирајте ги вработените за различните односи со потрошувачите.
- Инвестирајте само во луѓе кои се најдобри.
- Адекватно екипирајте ги Вашите вработени за да можат да си ја вршат работата.
- Во конверзација со потрошувачите започнувајте со Да, а потоа објаснување. Никогаш не започнувај со НЕ како одговор.
- Користете политика за задоволување на потрошувачи за да дојдете до брзо решавање на нивните проблеми.
- Прашајте ги да партиципираат во развојот на производот или услугата.
- Додајте вредност во сите контакти со нив.
- Редизајнирајте ги сите ваши маркетинг кампањи за да бидат попријателски за потрошувачите.
- Бидете конзистентни во се што Вие или Вашиот бизнис работите.
- Продолжете да учите се за нив.
- Кога ќе ветите нешто испорачајте го ветеното.
- Секогаш заблагодарете им за нивното купување.
- Споделете го Вашето знаење со нив.
- Секогаш размислувајте како да бидете покорисен.
- Секогаш размислувај стратешки за да изградите долгорочни односи со потрошувачите.
[…] квалитетна алатка во процесот на менаџирање на Вашите потрошувачи и секако соодветна алокација на Вашите ресурси кон […]