post

Е-КУРС– ОБУКА КОЈА НАВИСТИНА ВРЕДИ

Сакам да споделам едно лично искуство со читателите на претприемач за еден начин на обука кој го практикувам во последните 6 месеци. Но, првин би тргнал со една историја. Во животот посетував неколку курсеви во вид на англиски, германски, компјутери, спортски курсеви итн. Но, ниеден не завршив до крај. Некои од причините се следниве:

  • морам да бидам тој и тој ден од толку до толку часот.
  • морам да завршам домашно за тој и тој ден во толку и толку часот
  • морам да сум под притисок за да мислам дека треба да одам таму.

Она што ми беше потребно е слобода. Слобода во тоа кога сакам да бидам на курс. Во класичните курсеви мора да се прилагоди цела група, а не само Вие. Слобода во тоа кога да ги изведам активностите од „наученото“ на курсот. Слобода во тоа да не сум под притисок.

Пред половина година регистрирајќи се на различните веб страници добив е-mail за 6 месечна обука за е-претприемништво. Го прочитав извештајот и ми се допаднаа темите во истиот. Компанијата која ја обезбедува обуката е од Австралија. Но, она што најмногу ми се допадна е што можам курсот да го посетувам од дома, преку интернет, што можам да читам и гледам видео материјал од некоја лекција кога сакам освен оние понапредните бидејќи материјалите се добиваат секвенцијално по e-mail. И што можам да ги изведувам активностите по завршена лекција кога сакам. Значи, никој не ме притиска за домашно во одреден временски период.

Бидејќи сето тоа ми се допадна требаше да го пробијам ледот за плаќање. Плаќањето е преку интернет. Претходно сум плаќал преку интернет само преку амазон за купување на 50-тина книги од областа на претприемништвото, менаџментот и организациски промени. Но, некако собрав храброст и ја внесов картичката и добив пристап до материјалот. Плаќањето ми е месечно по 50$ во наредните 6 месеци (секој месец по 50$ излегува 300$ цела обука).

И навистина не погрешив. Секоја недела добивам по еден e-mail со пристап до видео материјалите како дел од обука, со пристап до телеконференциска врска каде разменуваме мислења со предавачите и сите учесници во обуката и пристап до форумот за учениците каде се разменуваат мислења како и прашања и одговори. Сметам дека не погрешив оради следново:

  • со кредитната картичка е се во ред (плаќањето се изврши преку ClickBank)
  • ја имам посакуваната слобода
  • материјалот кој го добивам е навистина вреден
  • курсот е интерактивен
  • по секоја недела моето знаење е се поголемо и поголемо.

Оваа е иднината на обуки која сегашнава технологија ни ја овозможува.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*