post

E-mail маркетинг кампања во 8 чекори

E-mail маркетинг станува се покорисно и продуктивно маркетинг средство за бизнисите без разлика на нивната големина. Можете да го користите за поттикнување на комуникација со Вашите купувачи. Можете да го користите за зголемување на продажба. Можете да го користите за зголемување на препознатливоста на Вашиот бренд…

E-mail маркетинг во 8 чекори

E-mail маркетинг во 8 чекори

Чекор 1: Што сакате да постигнете?

Која ќе биде целта на Вашите e-mail маркетинг кампањи? Што сакате да постигнете? Дали е тоа зголемување на продажба, градење на репутација, препознатливост на бренд…

Чекор 2: Изберете соодветен софтвер

Кога веќе знаете што сакате да постигнете со e-mail маркетинг кампањи, веќе ќе имате слика за тоа што секој е-mail треба да содржи. На таков начин ќе можете најдете различни софтвери за соодветната цел што сакате да ја постигнете. Пробајте со Aweber или Getresponse.

Чекор 3: Започни со градење на листа

Доколку веќе имате некоја листа започни да ја користиш додавајќи ја во базата на податоци. На Вашиот веб сајт или блог ставете форма за прибирање на информации за Вашата листа и на таков начин ќе започнете со градење на истата.

Чекор 4: Дизајнирајте го првиот е-mail (Добредојде)

E-mail-от за добредојде е првиот е-mail што ќе го добие секое лице откако ќе стане дел од Вашата листа. Овој е-mail е одлично место каде можете да објасните што може да очекуваат од Вас. Доколку давате некој тип на награди како попустни купони или нешто друго дајте ги преку оваа порака.

Чекор 5: Дизајнирајте ги E-mail-овите за аутореспондерот

Аутореспондер е е-mail кој ќе биде пратен автоматски на претходно определен датум на лицата кои се дел од Вашата листа. Мора да одлучите што ќе биде содржано во таа порака и кога ќе биде испратена определена порака. Обидете се пораките да не бидат премногу „продажни“. Подобро е да едуцирате и градите односи.

Чекор 6: Дизајнирајте други пораки

Започнете со бреинстормирање на идеи за други пораки. Освен аутореспондерите можете да праќате од време на време други пораки. Може да бидат нови промоции, покани за настани, нови производи, прашалници…

Чекор 7: Подесете ги првиот e-mail и аутореспондерите во софтверот

Се што дизајниравте во претходните неколку чекори подесете го во софтверот кој го избравте во чекорот 2.

Чекор 8: Следете ги резултатите

Последен, но најважен чекор е да ги следите постигнувањата од Вашата e-mail маркетинг кампања. Мора да погледате во:

  • Стапка на отварање на e-mail-овите. Колку луѓе од листата го отвораат е-mail-от што го испраќате? Што се случува доколку го промените предметот (Subject) на пораката.
  • Нови регистранти. Што се случува доколку ја смените страната за регистрација.
  • Кликнувања. Што се случува со кликнувањата на различните пораки?
  • Кликнати линкови. Кој тип на линкови носи најмногу кликнувања?
  • Стапка на дерегистрација. Колку луѓе се дерегистрираат? Кога се дерегистрираат?

Овој пост е оригинално напишан за Entrepreneurship in a Box. Тука е само преведен.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] еден од претходните постови пишувавме за 8 чекори при дизајнирање на email маркетинг кампања за вашиот бизнис. Во овој пост би споделил неколку […]

Speak Your Mind

*