post

Една недела со Mailbox

Еве помина една недела како ја тестирам најновата апликација за процесирање на email – Mailbox. Прв впечаток со еден збор – одлично.

Кога ја инсталирав ме ставија на листа на чекање и чекав над 540000 луѓе да добијат пристап пред мене. Чекањето траеше неколку недели и еве веќе една недела можам да го користам и тестирам Mailbox.

Се започна преку следење на еден одличен случај за лин стартап, неговиот брз раст и продажба на Dropbox. Но, самиот производ некако ми се допадна, поточно ми се допаднаа идеите на кои се базира кога станува збор за процесирање на email пораки.

Што претставува Mailbox?

Mailbox наједоноставно кажано претставува апликација за процесирање на email пораки за Gmail и iPhone која има интегрирано елементи на GTD системот за продуктивност и која обезбедува да се постигне нивото на 0 пораки во Inbox.

Едноставноста на дизајнот и интерфејсот, како и логичноста во користење на функциите претставуваат едни од главни предности на алаткава. На пример, со едноставно повлекување лево или десно на дадена порака се изведуваат соодветните функции.

Кои се главните функционалности?

  • Архивирање на пораки. Прочитана и архивирана порака која веќе не се наоѓа во Inbox и за која нема потреба нешто да се презема.
  • Бришење на пораки. Прочитана или непрочитана порака која не е потребно да стои ниту во Inbox ниту да се архивира.
  • Распоредување на преземање на некоја активност. Секоја порака претставува можност за преземање на некоја активност и со помош на оваа функција соодветната email порака може да се распореди за подоцна за денес, за вечерва, за утре, овој викенд, следна недела, за месец и некој ден. Оваа се функционалности од самата апликација, додека може и да се избере прецизен датум за кога ќе биде распоредено преземање на активности. Оваа функционалност е одлична. Забележав дека ми овозможува подобра фокусираност кога станува збор за процесирање на email пораки. На пример, добивам email порака и врз основа на неа треба да направам нешто. На пример, да одговорам или преземам некоја друга активност врз база на неа. Ако не сум во можност да го направам тоа веднаш, едноставно го ставам или за подоцна денес, или за утре или пак некое време за кое мислам дека ќе реба да биде завршено тоа нешто. На ваков начин, овие пораки не стојат во мојот Inbox, тие ќе се појава во Inbox тогаш кога сум ги распоредил за извршување на тие активности.
  • Листи на пораки. Како стандардна функционалност на апликацијата е да користите листа за гледање, за читање и за купување. Оваа значи email пораки кои содржат линкови до книги ќе ги сместам во листата за читање, или пак дневни RSS кои ги добивам на email може слободно да одат во оваа листа. Така едноствано и брзо можам да пристапам до онаа што сакам да правам. Освен овие стандардни, може да креирам и мои сопствени листи. Искрено, оваа опција најмалку ја користев во изминатата недела, сепак е нешто што плнирам да го редизајнирам согласно моите потреби.

Сакам да напоменам дека сеуште ја држам во тест фаза апликацијата. Сеуште не сум ја ставил во Dock како дифолт на мојот iPhone.

Единствено што не ми се допаѓа е што немам пристап до сите email пораки во архивата како на брз начин би можел да ги очистам сите оние emial пораки кои со години стоеле во мојот Inbox без да определувам посебна задача за тоа и да потрошам часови во имплементација. Тоа се пораки кои сметам дека веќе нема да ми бидат потребни. Велат дека набргу ќе ја подобрат и таа функционалност.

Освен од функционален аспект, како една негативност е што во моментов апликацијата е само за iPhone и Gmail. За среќа бидејќи повеќето мои email акаунти се преку Google Apps и Gmail за што веќе пишував во насловот “Како да подесите Google Mail во вашиот мал бизнис” (напомена: веќе нема бесплатна верзија). За проширување на други мобилни телефони и други платформи веќе е најавено. Сепак, како што напоменав на почетокот на овој пост станува збор за лин стартап.

Се на се, задоволен сум од првата недела на користење на алаткава. Сеуште се обидувам да интегрирам процес помеѓу Mailbox и Postbox кој го користам како десктоп алтернатива, но до нешто сум блиску, апликацијата ќе влезе во најкористени алатки во мојот арсенал.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*