post

Економска состојба во одредени земји и региони

Оружје Меѓународниот бизнис се разликува поради тоа што земјите се разликуваат. Тешко е да се направи обид да се анализира состојбата во поголем број на држави или региони, па поради тоа, ќе се обидеме да ја анализираме економската состојба, на највлијателните економски региони и држави, според наше мислење.

По распадот на биполарниот свет, САД станаа доминантен субјект во меѓународните односи.

САД е држава со најголем извоз и увоз во светот, потоа следат ЕУ и Јапонија. Па наспроти пропагирањето на развојот на глобалното стопанство, во стварноста функционираат три стопански блока или таканаречена економска тријада. Развојот на САД се должи на квалитетниот менаџмент, развојот на Германија се должи на квалитетната технологија, додека развојот на Јапонија се должи на развојот на вкупната култура на општеството.

Благодарејќи на првата светска војна, од должник САД се претвори во најголем светски кредитор. Втората светска војна уште повеќе ја забрза индустријализацијата на САД, што доведе до уште поголем стопански развој. Стопанството беше главно наменето за производство на воена опрема, за задоволување на своите потреби, како и за задоволување на потребите на сојузниците: Англија, Франција, СССР.

По војната следуваше спроведување на Маршаловиот план за обнова на Европа, кој послужи и за преструктуирање на воената во мирновременска индустрија, но истовремено и Европа во тој период стана голем пазар за Американска стока. Тоа придонесе, во САД да дојде до развој на силна индустриска гранка, а тоа е производство на оружје и воена опрема.

Тргувањето со оружје и предизвикувањето на воени судири, се исто голем фактор за развој на САД, бидејќи при воени услови нивните производи сé уште повеќе барани и ретко се поставуваат услови при купувањето, бидејќи во случај на криза по секоја цена се настојува да се дојде до определениот производ (оружје, храна), со кои обилува САД. Военоиндустрискиот сектор креира побарувања и во други сектори. Влијанијата на военоиндустрискиот комплекс на ставовите на САД се огромни, бидејќи се во игра огромни парични средства. За военоиндустрискиот комплекс многу е битно кој ќе биде претседател на САД, бидејќи тој има моќ на одлучување по прашање на купување на воена опрема, како и за отпочнување на воените судири кои се од есенцијално значење за тој индустриски сектор.

Најголемите вложувања во истражувањето и развојот на новите технологии се во военоиндустрискиот комплекс, а голем број од откриените решенија се користат и за мирновременски стопански потреби. Голем број на компании, со дел од капацитетите работат за воени потреби, а со друг дел работат и за цивилни потреби. Периодот на студена војна одговараше за уште поголем развој на воената индустрија на САД, за пласирање на свои производи, како одговор на опасноста која се закануваше од СССР.

Со завршувањето на студената војна интересот за вооружување се намали, па со програмата на НАТО, Партнерство за мир и со примањето на нови членки, се настојува да се отвори нов пазар за оружје. Индустрискиот индекс Dow Jones, кој ја одсликува состојбата во Американското стопанство, анализирајќи ги 30-те најголеми Американски компании, 1999 год. забележа раст од 11000%, па за десетина години САД остварија три пати поголем развој, отколку за своите 200 години постоење. Во тој период годишниот раст на Dow Jones бил око 1000%, а за првпат да се постигне тој процент, требаше да поминат околу 100 години.

Факторите кои придонесуваат за стопанскиот растеж во САД се:

  1. Технолошки фактори.
  2. Факторите на глобализацијата.
  3. Политичките фактори.

Технологијата и знаењето е моментно најзначаен фактор за развој на секое стопанство. САД се најголема технолошка сила на светот. Политичкото доминирање на САД се остварува и преку форсирање на политички кандидати низ целиот свет, кои се лојални на целите и интересите на Америка и на транснационалните компании. САД со најголемите трговски партнери најчесто развива сојузнички однос. Се смета дека приливот на средствата од глобализацијата ќе биде уште еден замаец за развој на Американското стопанство. Пазарот на САД е огромен, па доколку компаните кои се надвор од САД имаат претензии да станат светски играчи, тие мора да имаат свои филијали во САД.

САД често користи економски санкции против определени држави и до сега под удар на санкции се нашле 42% од светската популација.

ЕУ е голем економски чинител во светот, заедничките политики меѓу државите членки се доста усогласени, но непотполното единство, сеуште пречи да се постигнат подобри резултати. ЕУ се повеќе се спротивставува на интересите на САД и тргува со земји од Јужна Америка и Карибите, на што САД гледаат како на наплив во нејзината интересна зона. Канада која е сојузник на САД, покажува и Европски претензии, поради големиот број на емигранти од Европа, особено од Франција. Различните јазици и култури ја ограничуваат ефикасноста во работењето на ЕУ.

Економската моќ на Германија, како главен двигател на Европската економија, се базира на индустриската моќ, каде што големо внимание се обрнува кон производството. Германските компании се помали во однос на Јапонските и компаниите кои се во САД. Германските производи се познати и признати во целиот свет, а околу 50 % производи кои се произведуваат во Германија и Јапонија се извезуваат.

Одличниот образовен систем во Јапонија е еден од клучните фактори за успех на Јапонската економија. Јапонија во периодот од 1965-1985 год. го зголеми индустриското производство 2 пати, а едвај ја зголеми потрошувачката на суровини и енергии. Со години во Јапонија се забележуваат трендови на патриотско купување, што овозможува остарување на високи суфицити во трговијата. Многу е тешко една земја да развива одредена индустриска гранка, а за тоа да нема сопствени суровински ресурси. Тоа во светски рамки го прави Јапонија, која иако е сиромашна со ресурси, успева да развие силна индустрија.

За остварување на тој потфат, потребно е да се ангажира целата нација и секој сектор од работењето. Не е доволно доколку се обезбедат евтини суровина, а транспортот остане скап. Но доколку и тоа се среди, а производот биде лош или е применета несоодветна технологија или слабо обучени и мотивирани работници или доколку биде слаб маркетингот, производот ќе остане непродаден. Значи потребно е да функционираат голем број на сегменти во едно општество, за да може се да се реализира стопанскиот развој.

Руските потенцијали се состојат во изобилство на енергенси, како и поседување на висок воен асортиман, како и развиени вселенски програми. Но, и новоиндустријализираните земји како: Јужна Кореја, Бразил, Мексико, Тајван, значително ја зголемија конкурнцијата на меѓународните пазари, земајќи дел од профитот на развиените индустриски земји.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*