post

Екосистем за иновација – 2 вида на членови

За успешна иновација која претставува корисен производ или услуга во рацете на крајниот купувач со кој се решава негов проблем или се задоволува негова потреба потребен е екосистем за иновација.

Екосистем за иновација

Многу пати досега пишивав за екосистеми во поглед на иновацијата, сепак повторно сакам да напоменам дека успешна иновација не зависи само од еден ентитет на пазарот (една компанија или еден индивидуалец) бидејќи креирање на вредноста која всушност е резултат на самата иновација претставува процес кој поминува низ повеќе ентитети, односно чинители на екосистемот како што се снабдувачи директни и индиректни, научни работници, неколку нивоа на посредници, промотори, дистрибутери, големопродажба, малопродажба итн.

Слабиот дизајн на екосистем, и особено слабата врска помеѓу сите чинители на тој екосистем често пати предизвикува и неуспех на самата иновација. На пример, недоволна развиеност во однос на специфично техничко-технолошко прашања од страна на науката ќе придонесе до неможноста на еден од чинителите да додаде посакувана вредност на текот на вредноста во екосистемот, со што автоматски се намалува и можноста да се испорача онаа што се иновира онака како што е замислено.

Оваа тема е навистина доста интересна за разгледување, но тука би дакал да нагласам за 2 вида на членови кои постојат во еден екосистем.

1. Лидери

Секој екосистем за иновација мора да има лидер, доколку сакаме иновацијата успешно да се реализира и на крајот да стигне во рацете на крајните корисници. Без еден јасен лидер, состојбата станува хаотична бидејќи едноставно сите ќе сакаат да играат улога на лидер.

Но, проблемот е тоа што лидер не се станува со тоа што некој сака да биде лидер, туку лидер се станува само доколку сите останати чинители на екосистемот кажат „да, тој е лидер и ние ќе го следиме”. Во спротивна ситуација ќе имаме повеќе лидери без следбеници што всушност и не значи дека имаме лидери.

Улогата на лидерот е да го преземе ризикот да ја истурка работата до крај, но и да успее да ја наметне сопствената визија кај останатите чинители кои целосно ќе се посветат на следењето на чекорите на лидерот.

2. Следбеници

Како што веќе кажав претходно, не може сите да бидат лидери, лидерот е еден, а останатите се следбеници во екосистемот за иновација. Мора да биде јасно, но и улогата на лидерот во однос на оваа прашање е многу значајна, а тоа е да се убедат сите следбеници дека доколку си следбеник не значи дека си губитник. Често пати гледам дека улогите се делат на победник и губитник иако намерата воопшто не е некој да се презентира на таков начин.

Улогата на следбениците е да го следат лидерот во екосистемот и да го подготват патот кој иновативниот производ ќе треба да го помине за да пристигне до крајните купувачи. Колку иновацијата е поразорна, толку поголеми промени и прилагодувања ќе се бараат од страна на следбениците во екосистемот. Но, доколку целиот екосистем успее, сите ќе го делат бенефитот од сопствената улога во тој екосистем.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*