post

Епизода #04: Големи податоци и малите бизниси [Подкаст]

Оваа е четврта епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Во оваа епизода зборувам за ”Големи податоци и малите бизниси”, тема која претставува една од најпопуларните теми во деловниот свет во последните години. Но, и тема која одсекогаш била интересна за бизнисите од сите големини, индустрии или пазари. Големите податоци се насекаде околу нас, и особено со развој на интернетот и социјалните мрежи скоро и да нема податоци за секој жител од нашава планета некаде запишан, со некакво значење за некого и со специфично користење од некого.

Кликни за слушање

Можностите се навистина големи и ги имам видено резултатите од многу мои тестирања и работа со разни компании во анализа на такви податоци. Но, целта на оваа епизода е да се обидеме да навлеземе во основите на користење на големите податоци особено кога станува збор за малите бизнис.

Затоа во епизодава давам одговор на неколку прашања:

  1. Каде се наоѓаме денес во поглед на големите податоци?
  2. Кој е најголемиот проблем за малите бизниси?
  3. Кои се изворите на големи податоци кои малиот бизнис може да ги користи?
  4. Што е со несреденоста на големите податоци?
  5. Кога веќе знаеме каде се податоците, што со нив?
  6. Што е со визуелизацијата и аналитичноста?
  7. Како за крај уште еден доказ за целосна промена на основните теории на кои се базира економијата и вреднувањето на компаниите.

Прашања од слушатели

  • Муаз преку контакт формата праша, “Кои се најважните податоци кои еден претприемач треба да ги земе во предвид при започнување на мал бизнис?”

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема „Учење за бизнис цели во денешни услови”, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Ресурси од епизодата

Во оваа епизода споменувам неколку ресурси меѓу кои и:

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Сите епизоди на подкастот “претприемачки пат” можете да ги следите и преку iTunes.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*