audio

Епизода #13: Преживување на преоптеретување со информации

Оваа е тринаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода. Целта на претприемачки пат е да ви помогне во расветлување на тој ваш пат полн со неизвесности.

Претприемачки пат

Информациите пристигнуваат од секаде околу нас, не можеме да избегаме од нив. Тоа е факт. Но, можеме да бидеме посистематични во менаџирање на истите и користење заради реализација на бизнис цели. Сепак информациите постојат заради некоја цел и вие како претприемач морате да ги искористите во преземање на одредени акции. Темата од оваа епизода на “претприемачки пат” се однесува на тоа како да го преживеете преоптеретувањето со информации и при тоа да ги трансформирате во резултати за вашиот бизнис.

Оваа е тринаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Кликни за слушање

Борбата со преоптеретување со информации започнува од вас самите. Вие како претприемач сте најодговорни за се во вашиот бизнис, па и за оваа прашање. Едно правило кое е добро да го знаете е тоа да не им го правите на другите онаа што не сакате да ви го прават на вас. Значи пред да испратите email со информација на некој од вашите вработени запрашајте се дали му е потребна таа информација. Тој и онака е доволно пренатрупан со информации секојдневно.

Во секој случај, стратегиите кои се презентирани во оваа епоизода се фокусираат на определување на важноста на информациите, филтрирање на истите и процесирање.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема влијание, односно стекнување и користење на влијание за вашиот бизнис, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*